Чудно е како професори од Правниот факултет продолжуваат да ја извртуваат секоја ситуација која не одговара на една политичка групација независно од она што стои во Уставот или што постои како практика 30 години во плуралистичкиот амбиент. Последен таков обид е оној на професорката Силјановска Давкова која усвоените мандати на пратениците ги толкува во стилот „тази верификација не е верификација“, со цел да се прават правни опструкции за изборот на идната Влада
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Непосредно по прекинот на првата седница на новиот состав на Собранието на РСМ, со пратениците избрани на последните парламентарни избори, се јавија толкувања дека извршената верификација на мандатите не е се уште во сила, бидејќи, седницата не го докрајчила својот дневен ред, иако точката со верификација на мандатите е помината. Една од оние кои говореа во прилог на таквото толкување на споменатата седница е професоркатта Гордана Силјановска Давкова, инаку избрана пратеничка од редовите на ВМРО ДПМНЕ и претходно носител на листата на оваа партија во првата изборна единица.
Правниците не се согласуваат дека Собранието е конституирано. Професорката Гордана Сиљановска, која од вчера е и пратеник, вели дека за ова реагирала и по вчерашната седница, прашувајќи зошто се прекинува работата пред третата точка? Добила одговор дека така решиле на координацијата што ја имале претходно координаторите од претходниот состав, затоа што заклучиле дека немаат 61 глас ! Но, и самата координација вели, е спорна, затоа што координатори се избираат откако ќе се изберат пратенички групи.
За Сиљановска, вистинска среќа е што Џафери е и пратеник, инаку нема да можеше да седи во претседавачкото столче, затоа што во деловникот стои дека, тој кој ја свикал седницата, претседава со неа до изборот на претседател и потпретседатели.
(Извор: https://telma.com.mk/2020/08/05/пратениците-седнаа-во-пратеничкит)
Се чини дека во земјава владее кусо помнење за некои блиски настани со вакви ситуации кои беа дури и предраматични.
Овие ставови се целосно спротивни на она што го направи ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2016 година. Тогаш, исто така, не беше избран претседател на Собранието, а сепак тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов му го додели мандатот за составување влада на Никола Груевски. По мачните сцени пред седиштето на ДИК и прегласувањето во Теарце, конститутивната седница на тоа Собрание се одржа на 30 декември 2016 година. Претседател на Собранието не беше избран, ниту беше формирано владино мнозинство. Па, сепак, наспроти она што сега го тврди Каракамишева, претседателот Иванов му го додели мандатот за составување влада на Никола Груевски на 9 јануари 2017 година. Тој во наредните 20 дена не успеа да состави влада, а на крајот на февруари Зоран Заев со 67 потписи отиде кај Иванов да му гарантира дека тој има владино мнозинство. Но конститутивната седница, траеше и наредните месеци сѐ до крвавиот упад на 27 април.
(Извор: https://nezavisen.mk/za-ekspertite-na-vmro-dpmne-rokot-za-formiranje-vlada-ne-e-pochnat/)
Со признавањето на ситуацијата на верификацијата на пратрницата за готова признава и пофесорот од Правниот факуѕлтет Борче Давидковски.
Тој за вели
„…рокот за мандатот истекува на 14 август в петок … нема дилеми дека Собранието е конституирано и со тоа претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го даде мандатот“
(Извор: https://libertas.mk/vo-kabinetot-na-pendarovski-nema-dopis-od-aferi-deka-sobranieto-e-konstituirano/)
Во изјава за Вистиномер судијката Маргарита Николовска Цаца, поранешен член на Судот за човекови права од Стразбур и сегашен член на Уставниот суд на БиХ, исто така повтори дека штом точката на дневниот ред во Собранието за верификација на мандатите е завршена, присутните станале членови на Парламентот и истиот веќе има нов, признаен состав. Во хрониката на собранискиот живот и онака се започнуваат и прекинуваат многу седници, но усвоените заклучоци, закони и други завршени точки се сметаат за готови, не се повторуваат и ако треба се објавуваат во „Службен весник“.
Оттаму изјавите на професорките Силјановска Давкова, но и на Каракамишева, Павлосвска Данева, нецитирани во текстот, кои се во ист контекст, не се вистинити и се дел од обиди за правна опструкција во мигот кога треба да се направи Влада,.