Промената на даночната политика на Владата говори дека социјал-демократските мерки никако да „никнат во оваа Влада а дека „коморциите“ малку по малку го наметнуваат своето влијание. Професор Узунов векли дека воведување на рамниот данок е класична десничарска, конзервативна мерка, што не се применува во ниту една развиена, просперитетна и прогресивна држава, туку е мерка која постои во земјите кои се сметаат за даночни раеви
Со години екипата на чело со професорот Узунов ја готвеше економската политика на идната влада, додека Заев беше во опозиција
А во тие рамки фигурираше и инструментот – прогресивниот данок. Тоа како размислување беше впрочем и во рамките на социјал-демократските традиции. Професрот Узунов и неговата екипа говореа за враќање на средната класа и тоа се форсираше како идеја неколку години, додека СДСМ беше во опозиција. Узунов, кога пропадна референдумот за спас на ГТЦ од т.н. антиквизација, кога се мислеше, да се потсетиме, дека објавувањето на „бопмбите“ односно прислу шкуваните разговори на политичката елита на ВМРО ДПМНЕ ќе го сврти јавното мислење. Работата на таа комисија продолжи и од неа се изнедрија двајца министри во новата влада на Заев (јуни 2017 година) – министерот за финансии Драган Тевдиовски и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Набргу во Владата се пенетрираа „коморџиите“ преку заменик министерот за економија Анѓушев и се чини првобитните социјал-демократски идеи започнаа да еродираа, да копнеат како снегот напролет. За ова неодамна говореше и десната рака на Тевдовски – Бранимир Јовановиќ во интервјуто со Васко Ефтов („Во центар“) кој целосно ја потврдува таа сторија за судирот меѓу Комората и социјал-демократските принципи околу данокот . Јовановиќ повтори дека од таа причина и дал отставка од својата позиција, потоа тоа го стгорил и Тевдовски а Царовска, иако дел од екипата со очевидни успеси во секторот кој го водеше беше преместена во МОН! Да се потсетиме, Јовановиќ денес работи во Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
Имаше доста кадровски промени во областа на финансиите а неодамна, како последна одлука на Владата е да се укине прогресивниот данок (кој беше укинат, па одново воведен со промената на кормиклото на Владата) и да се задржи рамното оданочување. Нормално, не изостанаа реакции на овој владин потег, иако во целата ситуација во земјата она што е најважно за една земја кајн нас веднаш беше архивирано на периферијата!
Реакции секако има, ако новинарите ги побараат. Не се слушна дека некаде се водела сериозна дебата околу ова?! Порталот Фактор разговараше со универзитетскиот професор Ванчо Узунов, како и со првиот човек на бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.
На професорот Ванчо Узунов не му се допаѓа овој развој на настаните, а во интервјуто за Фактор изјави дека е неприфатлива и владината аргументација.
„Тоа апсолутно е нелевичарска мерка, напротив, тоа е класична десничарска, конзервативна мерка“, вели професорот Узунов, кој нагласува дека ова не е мерка што се применува во ниту една развиена, просперитетна и прогресивна држава, туку е мерка која постои во земјите кои се сметаат за даночни раеви.
Споеред Узунов, за ова не треба да се смета дека само Владата постапила прагматично, туку и општо граѓаните во земјава не сакале да го прифатат прогресивното оданочување.
„Просто е неверојатно колку овој данок не сакаа да го прифатат граѓаните. Значи, не само бизнисмените, туку у воопшто граѓаните интелектуалци, не го сакаат овој данок. Нашите граѓани, за жал, данокот го сметаат како казна“, објаснува професорот.
Околу владините објаснувања дека прогресивното оданочување би требало да се размислува само ако се имаат предвид вкупните семејни приходи, Узунов вели дека Владата ја има моќта тоа да го спроведе, откако би ги направила потребните анализи.
„Рамен данок е феудален данок, Македонија го имала во турско време“, вели Узунов за Фактор. Нагласува за овој портал дека кога државата би им ги зголемила даноците на луѓето, тогаш тие многу помалку ќе и простуваат за пропустите и ќе бараат многу поголема отчетност за трошењето нна државните пари“, вели Узунов.
Од друга страна, за Факор, Миле Бошков, прв човек на бизнис конфедерацијата на Македонија, вели дека бизнисот апсулутно ја поздравува оваа владина одлука.
„Ние како бизнис одамна укажувавме дека македонската економија и стопанство се’ уште не се подготвени за прогресивно оданочување. Можеби е добро да има поголема праведност во оданочувањето, но треба да се обезбеди поголема ефикасност на даночниот систем и поголема наплата на даноците од сите“, објаснува Бошков. Тој нагласува дека сеуште многу луѓе функционираат во сивата зона, па треба да се запрашаме како држава кој е мотивот на многу луѓе да не ги плаќаат даноците.
„Доколку има поголема транспарентност и отчетност во трошењето на државните пари, луѓето ќе бидат помотивирани да плаќаат даноци. Но, ние сме свесни дека во власта има поединци но и цели институции на кои им требаат сериозни реформи во трошењето на парите“, објаснува Бошков.
Тој вели дека бизнисот апсолутнио ја поздравува вчерашната владина одлука.
„Од бизнис апсект, исто така, многу е битно да се обезбеди предвидливост на бизнис заедниоцата околу плаќањето на аданоците, компаниите да можат навреме да направат план за своите трошоци и издатоци за следниот периопд“, вели Бошков.
Бошков е дециден дека власта мора да ги зајакне контролите и инспекцискиот надзор.
„Сега многу луѓе работат во сивата зона, и затоа треба јасно да се знае дека неплаќањето данок е кривично дело, а да се засилат инспекциите во ловењето на неплаќачите, и санкциите за нив“, потенцира Бошков.
(Љ.К.)