Вклучувајќи го и Антонио Милошоски повторни ли имаме ситуација кога бирачите треба да бираат за пратеници лица на кои им е од животна важност амнестијата?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во дел од јавноста преовладува мислење дека со отстранувањето на двајца долгогодишни пратеници од кандидатските листи – Влатко Ѓорчев и Илија Димовски „најпатриотската партија“ ги тргнала компромитираните ликови од својот групен портрет и дека настапува со млади и свежи личности од својот групен албум. Дали е тоа точно?
Јасно дека не е тоа така –овие двајца се само ставени на стен бај. Првиот можеби што помогна во евакуација на декл од колегите за време на настаните во Парламентот на 27 април 2017 година. Вториот од некои други причини, но поентата на потегот секако не е во тоа. Факт е дека партијата и во она што го нуди за гласачите става кандидати кои не би смееле да бидат таму каде што сње сега.
Јасно, најнапред е тука ветеранот Антонијо Милошоски, чија судбина со приемот на судскиоткурир е навистина како во турска серија. Според медиумите (порталот „Сакам да кажам“, на пример, кој сериозен медиум) истрагата за случајот „Моќник“ обвинителката Фетиме Фетаи ја завршила. Таму е Милошоски осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. Обвинителката Фатиме Фетаи ја завршила истрагата против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на почетокот на февруари годинава (СЈО формално постоеше тогаш а сега Фетаи со предметот влегува во „обичното“ обвинителство)
„Без уредно примена покана, според нашите закони, обвинение против осомничен не може да се покрене“ – пишува порталот СДК. Познато е дека Милошоски, поранешен министер за надворешни работи и улесник во преговори за името, оние тајните каде дилемата била да бидеме или Северна или Горна македонија(!) сега е одново на листата во петтата изборна единица,
Иако поштарот не можел да го најде тој редовно добиваше простор на мејнстирим медиумите со свои снимени пораки против лидерите на СДСМ, и тоа обилчно за наводен криминал (!).
Истрагата во случајот Моќник се води против 13 лица, а сомнението е дека е нанесена штета од околу 50.000 евра. Во случајот, меѓу другите, се осомничени пратеникот МИлошоски, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод.
Второосомничениот, односно таткото на пратеникот, побарал да го купи задружниот дом во с. Ижиште, во општина Македонски Брод, за да отвори сопствен бизнис, по што градоначалникот на Македонски Брод на советот на општината предложил да му се продаде објектот, иако знаел дека всушност се продава зградата во која е сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.
Огласот, како што кажа обвинителката Фатиме Фетаи, не бил објавен во Службен весник, па како понудувач се појавил само таткото на пратеникот, кој го знаел датумот и го купил објектот за 1.795.800 денари, односно само 670 денари повеќе од почетната цена.
Со анекс го купил и земјиштето за 100 денари по квадратен метар, иако таму цената била по 400 денари за квадратен метар.
Пратеникот знаејќи дека градоначалникот на Пласница има близок судија во Кичево, како претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, побарал листрација на судијата. Лустрациска, според СЈО, донела нарачана одлука и го лустрирала, а судијата најпрво бил времено оддалечен од функцијата, а потоа Судскиот совет и трајно му ја одзел функцијата.
Меѓу осомничените во оваа истрага има и членови на Комисијата за лустрација.
Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров, неодамна на граѓанската трибина во општината Аеродром зборуваше и за правдата која коалицијата „Можеме“ ќе ја спроведува во својот мандат, а не онаа на ВМРО-ДПМНЕ:
„Правда не е да ги казниме само едните, како што тоа го прават ДПМНЕ. Правда е како да се однесуваме и кон самите себе.“
Следната битка на чесните против нечесните, која што е почната, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца, независно од каде доаѓаат нечесните – рече Димитров.
Дали може да ја замислите дрскоста да излезете пред народот да се кандидирате за пратеник, а да не може да ве најде дома поштар да ви даде покана за суд? Со кој образ ги изговарате буквите „правда“? – објасни Димитров за хипокризијата на ВМРО-ДПМНЕ и порача:
„15 јули е нашата шанса да ставиме конечна точка на таа лоша оставштина за конечно да завршиме со таа криза на неодговорност што почна 2015, 2016 год.”– Димитров од трибината во Аеродром.
На ова реагираа проопозиционите медиуми – порталот „Нетрпес“ објави текст, на пример, во кој се тврди дека Милошоски наводно уште на почетокот на април го примил известување и дадена е фотографија која не кажува ништо. Најнапред го немаме потписот на примачот, што е клучното во вакви „факсимили“.
И на крајот на јуни мајката на Милошоски, инаку медицинска сестра, објави дека е позитивна на Ковид-19. Потоа излезе дека и синот е суспектен. Не се чувствувал добро но тестот на вирусиот му бил негативен. И покрај тоа Милошоски се јави од Инфективна клиника каде лежел додека и со втор тест не биде потврдено дека не е оболен. Тој се јави со селфи порака од Клиниката, што не е вообичаена постапка дури и за јавни личности (колку е некој јавен ако е во „глувчешка дупка“). Вети дека конечниот суид ќе се знае следниот ден ама поминаа три дена и човекот кој не се чувствуваше добро на „Фејсбук“ објави дека и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати за коронавирусот. „Се надевам дека овие неколку денови ќе следи успешно закрепнување и дека наскоро ќе се видиме во добро здравје и расположение“
Многу дилеми минуваат низ главата. Дали тоа можеби некој се ободува да стане јавен и достапен во мигот кога е практично „суперизолиран“ на Инфективна? Дали си дава причинина да не се појавува во својата изборна единица каде месното население би му поставило секако многу незгодни прашања? Или се ободува да измоли за себе еден вид на сочувство во мигот кога секако не е меѓу омилените кандидати на опозицијата?
Нема да има само тој проблеми. На пример кандидатката за пратеничка Билјана Проеска, кандидат за пратеник од ВМРО – ДПМНЕ од Крушево, се покажам дека е осудена за фалсификат. Општинската организација на СДСМ од Крушево, по посетата на носителот на ВМРО – ДПМНЕ за Изборната единица пет, Игор Дурловски, на која имаше средба и со кандидатот за пратеник од оваа Општина, Билјана Проеска, денес прашуваат, дали Проеска е најдоброто што Мицкоски има да им го понуди на крушевчани.
Проеска е осудена на 3 месеци казна затвор, односно условна казна која нема да се изврши доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Проеска е прогласена за виновна од Основен суд Прилеп во 2015-та година заради извршено кривично дело фалсификување на диплома. Таа како директор на училиште и дала диплома за завршено средно училиште на една црногорска државјанка.
Во четвртата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ, на позицијата 13 го кандидирала Дејан Бошков, на валандовчани им е познат по функцијата Директор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“ Валандово. Од истата беше разрешен со смена на локалната власт по изборите во октомври, 2017-та година. Бошков, според СДСМ е два пати осудуван а постапка за трето дело е во тек.
Вклучувајќи го и Антонио Милошоски повторни ли имаме ситуација кога бирачите треба да бираат за пратеници лица на кои им е од животна важност амнестијата?