Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИЗБОРИТЕ КАКО ШАНСА ЗА ПОЛИТИЧКИ РЕВИЗИИ

August 12, 2025 Filed Under: Македонија

МОРАНИ, Азем (Моране, Скопско, 1923 – Скопје, 1947) – учител, балистички водач што со својата група продолжил да дејствува и по 1944–45. Бил меѓу водечките личности на НДШО, а во јуни 1946 г. избран и за член на ЦК. Учествувал во формирањето на широка мрежа илегални комитети по градовите и селата и вооружени банди за борба против новата македонска власт. Бил откриен и затворен во 1946, а осуден на смрт и ликвидиран во 1947 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941–1944, Скопје, 1995; истиот, Балисти, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.

Сојузот на борците од НОАВМ 1941–1945, заедно со граѓани кои се залагаат за зачувување на историското наследство, изрази сериозна загриженост и незадоволство поради најновата одлука на Владата да даде согласност за основање училиште во општина Студеничани, кое би го носело името на Азем Морани, личност осудена за соработка со фашистички сили.

Во јавно објавено отворено писмо, Главниот одбор на Сојузот ја повикува Владата итно да ја преиспита оваа одлука, истакнувајќи дека станува збор за опасен преседан кој го поттикнува историскиот ревизионизам и ги поткопува темелите на македонската државност изградени врз антифашизмот и одлуките на АСНОМ.

Сојузот на борците од НОАВМ 1941–1945, заедно со граѓани кои се залагаат за зачувување на историското наследство, изрази сериозна загриженост и незадоволство поради најновата одлука на Владата да даде согласност за основање училиште во општина Студеничани, кое би го носело името на Азем Морани, личност осудена за соработка со фашистички сили.

Во јавно објавено отворено писмо, Главниот одбор на Сојузот ја повикува Владата итно да ја преиспита оваа одлука, истакнувајќи дека станува збор за опасен преседан кој го поттикнува историскиот ревизионизам и ги поткопува темелите на македонската државност изградени врз антифашизмот и одлуките на АСНОМ.

„Не смееме да дозволиме, особено во услови на зголемени обиди за историска релативизација, нашите институции да легитимираат имиња поврзани со колаборационизам. Азем Морани е правосилно осуден во 1947 година за активности во служба на фашистичкиот окупатор, како балист и соработник против интересите на македонскиот народ,“ стои во писмото.

Од Сојузот потсетуваат дека образовните институции треба да служат како бастиони на прогресивни вредности, како што се солидарноста, хуманоста и антифашизмот, и дека именувањето на училишта по личности со контроверзно и осудено минато испраќа опасна порака до младите генерации.

Сојузот апелира до Владата да испрати јасен сигнал дека Македонија останува доследна на принципите на историската вистина и антифашистичката борба, и дека не прифаќа симболична рехабилитација на соработниците на фашистичките режими.

Квазипатриотски глувци!
Тоа сте вие од ДПМНЕ – патриоти на батерии, тешки лицемери чија желба за власт нема цена. Би продале се’ свето, само г.зот да го сместите во удобните фотелји и комфорните функционерски кабинети. Да бидете што поблиску до парите, до тендерите. Да опљачкате се’ што ќе наумите, дотаму до каде ви дофрла лакомото и ненаситно арамиско око.
Колку треба да сте бедни во душите, за да основно училиште именувате со името на профашистичкиот колаборационист, балистот Азем Морани? Истиот оној Азем Морани кој во 1947 година бил осуден заради неговите профашистички, балистички и колаборационистички активности во времето на Втората светска војна и по нејзиното завршување, насочени против македонската држава и слободите и правата на сите граѓани, без разлика на нивното социјално и етничко потекло!
Со ова, вие, заедно со вашиот коалициски партнер, здружението на предавници и бегалци од СДСМ, ги поткопувате асномските темели и придобивките од антифашистичката револуција, ставајќи се директно на страната на фашизмот.
Вие, непочитувани квазипатриоти од ДПМНЕ и ЗНАМ, сте диво месо!
Ако го читавте големиот Горан Стефановски, ќе знаевте дека диво месо е верување дека, ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расне и ќе нарасне толкаво да го угуши човека. Месото мора да се откорне со нокти, а раната да се изгори со жар.
Смрт на фашизмот!

 

Filed Under: Македонија

ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ
БОБ ВИЛСОН: АЈНШТАЈН НА ПЛАЖАТА
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (2)

Најново

  • ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
  • ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet