Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА

February 3, 2026 Filed Under: Македонија

Фирма од Ѓорче, регистрирана за производство на медицинска марихуана под превез на извез на прехранбена стока донела во Србија рекордна „жетва“ на полицијата на марихуана, наменета за големиот белградски пазар. Улогата на македонските граѓани е видлива и кај изворот на криминалот и при неговото потенцијално ширење

КРИМИНАЛНИ ВРСКИ Идејата за Отворен Балкан некои ја сваќаатѕ поинаку

Големата афера со шверцуваната марихуана во Србија, со која одново се потврдува значењето на Македонија во цветањето на криминалот и во оваа земја, секако има многу пошироки димензии. Првата индиција за некаков несакан за власта настан беше во фактот дека претседателот Александар Вучиќ набрзина донесе и потпиша закони со кои се редуцира улогата и моќта на Обвинителството за организиран криминал во неговата земја (ТОК). Тоа е истата онаа институција која не дозволи да се започне со рушењето на Генералштабот на Немањина и така се придонесе да се растури бизнисот со зетот на Трамп – Кушнер. Тука улога имаа и други официјални институции (пред се оние од зоната на заштита на културните институции од посебно значење за нацијата) кои проценија дека претседателот и покрај неговата моќ навистина „претерал“ ама широкиот отпор на населението, кое со упорните протести создаде „осино гнездо“ среде амбициите на власта, даде придонес до таа бизнис зделка со американскиот бизнис не дојде..

Но потписот на Вучиќ извршен на 30 јануари годинава врз законите кои беа усвоени експресно, од опозицијата но и некои правни експерти го беше оценето како уште еден обид за ставање на судството под владина контрола. (https://www.bbc.com/serbian/articles/cy8yvwx24xeo/lat).

Станува збор за пакет од пет амандмани на судските закони, именувани по предлагачот Угљеша Мрдиќ, член на владејачката Српска напредна партија (СНС) во српскиот парламент.

Тие беа дискутирани од републичкото собрание по итна постапка, така што на крајот амандманите беа усвоени, бидејќи, владејачката коалиција има апсолутно мнозинство.

Она што е индикативно и зошто се споменува овој чин со законите на Мрдиќ, не е само можноста да биде набргу повторен од имитаторите во Македонија, туку и во фактот што можеби Вучиќ знаел за големата криминална афера во околината на градот Крушевац пред време, па се обидел да делува „превентивно“ врз ТОК, бидејќи во „бизнисот“ со наводните корнишони се вмешани пред се членови на неговата партија. Има и поинакво гледиште, некако поуверливо, дека МОК кој знаел за законите кои се насочени врз неговата ефикасност, па просто забрзале со акцијата за масовните апсења на шверцерите и трговците со марихуана, како еден вид на одмазда, знаејќи што имаат во раката и просто „го открија јорганот“ на власта во афера во која е секако вплеткан и интернационалниот интерес. Можеби во таа брзина засега клучниот човек во организацијата не е фатен и по него има потерница, ама неговиот идентитет е познат и тоа никако не е во полза на владеачката партија СНС.

За првото сомничење за „македонските прсти“ се дозна во една утринска дебата во студиото на N1, при што се говореше дека изворот на товарот е кај нас, тогаш како опција, но и за тоа дека за таа пратката да мине преку српско-македонската граница мора да постоела и поддршка во некоја висока функција која може да има надзор над царинската контрола во нашата земја!

Јавноста веќе знае дека во оваа афера пленот на српската полиија се 5 тони марихуана шверцувани од фабрика за медицински канабис од Македонија во Србија. Истите се пронајдени во четвртокот во село Коњух кај Крушевац го искористиле своето право на одбрана со молчење за време на рочиштето.Јавниот обвинител за организиран криминал во Србија издаде наредба за истрага на осомничените: Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, за сторено кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги. Осомничениот Александар Мијајловиќ е означен како организатор на оваа организирана криминална група, и против него има и меѓународна птерница. Нашиот Урош Младеновски засега не е дел од рутата на влезот на дрогата од Македонија туку имал задача за растурање на марихуаната по излезот од магацинот од, што припаѓа на семејството Спасоевиќ. Оној кој ја минал границата со криминалниот товар е Иван Драгниќ кој под наводниот увоз на корнишони требал да донесе огромни пари за организацијата за која работел.

Особено е индикативно што осомничениот Иван Драгниќ е ко-сопственик на компанијата „АЛФАФАРМ“ во Скопјe, која е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, наведуваат српските медиуми. Оваа фирма, како што прооверивме, е основана во 2021 година, веднаш по легализацијата на производството на медицински канабис во земјава што, како што се сеќавам, актуелната власт во тоа време го рекламираше како потенцијален приход на земјва од 200 милиони евра годишно. „Алфа фарм“, како фирма регистрирана во Ѓорче Петеров не е во никаква правна постапка, не е даночен должник .

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по пристигнувањето на местото на заплената, истакна дека ова е најголемата заплена на дрога во Србија досега а рече дека дрогата „е дојдена од југ“, без да ја спомене Македонија.

КОРНИШОНИТЕ ЗА БЕЛГРАД Само што овие не се јадат туку се – пушат

Таа акција се смета за најголема заплена на дрога во историјата на српската полиција, претходната најголема заплена беше 1.960 килограми, додека вкупно 6,1 тони наркотици беа запленети во текот на целата минатата година.

Овојнстан може да се спореди со аферата „Јованица“ кога е откриена вистинска фарма близу Стара Пазова за одгледување на марихуана и тоа во приодот 2014 – 2019 година. Тој случај се влече по судовите со години ама нема вистинска разрешница а тука се вмешани прстите на луѓе семејно блиски до претседателот Вучиќ. Индикативно е дека по либерализацијата на производството на марихуана (во медицински цели) во земјава никнаа многу слични фарми за оранжериско производство на марихуана а дека актерите од аферата „Јованица“ имаа отворено две такви „фабрики“ во Македонија. Едната беше во селото Росоман (каде живеат потомци на српски колонисти) а втората во струмичко. Некои наши колеги се обидоа да истражуваат што и како се произведува таму ама не видоа јасни докази дека во нив има некакви активности, што отвора сомнеж дека регистрацијата требаа само да даде некакво покритие за слободен протек на дрогата која ќе се дава „на рецепт“.

Додека се разоткрива аферата интересна деновиве секако ќе треба да дознаеме и каква била улогата на фирмата од Ѓорче Петров. Сеедно има доста индиции дека производството на овој тип на опијати кај нас дава и доста докази дека основната идеја е  одамна „провалена“.

Инаку српските медиуми јавија дека во неделата, прво февруарски ден близу Свети Николе е фатен товар од 150 килограми марихуана, која е тргната од Струга, што може да дава сомнеж дека веќе минала една граница.

(Љ.К.)

Filed Under: Македонија

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet