Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИЗВЕШТАЈ НА ОН: ПОЛОВИНА МИЛЕНИУМ СЕ ДВИЖИМЕ КОН ПЕКОЛОТ

August 11, 2021 Filed Under: Свет

Во еден дел од светот сведоци сме на топењето на ледниците, на друг поради огромното загадување со јаглерод беснеат страотни пожари во кои згаснуваат човечки животи.

ОВА СМЕ НИЕ Можеме ли да излеземе од оваа стапица?

Климата на земјината топка се менува со брзо и со се поинтензивно темпо, предупредуваат авторите на најновиот извештај на ОН за глобалното затоплување. Во извештајот се заклучува – човекот ја уништи планетата и таа сега изгледа непрепознатливо во споредба со пред 500 години.

Планетата толку брзо се загрева што за една деценија ќе биде надминато нивото кое светските лидери се обидоа да го спречат ставајќи потпис на Парискиот климатски договор во 2015 година. Моменталната состојба доби наслов „црвен аларм за човештвото“. Доколку не се случи брза и одлучна реакција за спречување на ширењето на штетните емисии кои го создаваат ефектот на стаклена градина температурата на Земјата ќе порасне за 1,5 степени Целзиусови. А нивото на морињата ќе се зголеми за околу два метри до крајот на овој век.

Но крајниот заклучок е, освен ако не дојде до моментално, брзо и големо намалување на ефектот на стаклена градина, дека загревањето може да се ограничи на 1,5 Целзиусови степени или  . Извештајот поклажува дека следните 20 години глобалната просечна температура се очекува да достигне или да надмине 1,5 Целзиуси во споредба со прединдустриското ниво, објаснува Ко Барет, од националната администрацији за атмосфера на САД.

Со децении знаеме дека светот се загрева, но овој извештај на ОН покажува дека брзите климатски промени, кои се без преседан изминатите илјада години, а изминатите четири децении се најтопли во човечката историја од прединдустриската епоха.

Се истакнува човечкото влијание врз екстремните климатски промени, кои се се почесто и посериозно и кои предизвикуваат топлински бранови, обилни врнежи од дожд и суши.

Се движиме кон пеколот, пожарите нема да запрат, велат научниците од Турција.

НА ПАТ Нема двојба дека се движиме кон пеколот

За жал ќе биде многу полошо. Ова само почеток на крајот. Сметам дека патот од овде води кон пеколот. За Турција и за овој регион, мислам на јужниот дел од Апите и целиот северноафрични дел на Медитеранот постојано ќе ги има овие шумски пожари. Затоа мислам дека ова е само почеток. Ќе биде многу полошо, вели Левент Курназ, Универзитет за климатски промени, Турција.

Повеќе од 100 земји ветија дека кон средината на овој век ќе постигнат нула емисии на јаглено-хидрати, што ќе биде клучниот дел од преговорите околу климата оваа есен во Шкотска. Во извештајот на ОН стои дека тие обврски се неопходни и итни.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet