Маалото кое го користеше во еден кус филм Милчо Манлевски, инаку велешанец по потекло, имаше неколку бисери на старата, граѓанска архитектура. Веројатно највредната куќа изгоре во пожжар в о кој веројанто го загуби животот осамениот сопственик
Иако работеле цел ден, крим техничарите на откривање на лешот на велешанецот Миле Паунов и ангажираната механизација на расчистување на гаражот и остатоците од куќата во комплексот Варналиите, во саботата, кога е пишуван текстот, се уште не е пронајдено изгореното тело на старецот. Соседите говорат дека можеби навистина високата температура просто го „испарила“ трупот на сопственикјот на веројатно најимпресивниот пример на староградска архитектура во Велес, градот кој важи за симбол на граѓанскиот живот во 18 и 19 век во Македонија.
За засега само исчезнатиот Паунов (80) постоеше и една документарна емисија на една од телевизиите кде тој навистина се ќалеше дека заради чувањето на оригиналното издание на куќата таа станала многу непогона за ќивот. Наводно тој користел само една соба на вториот кат од семејната куќа треба да се пребарува тој дел од купиштата со гараж. Но, до овој момент телото на осумдесетгодишниот велешанец не е пронајдено.! На улицата Алабаков има пет куќи зашптите како национална вредност. Денес има една помалку.
Факт е дека на станарите им било понудено да им ги заменат куќите со станови во новоградби, на што наводно тие се согладиле. Зошто до тоа не дошло, треба да се испита. Таа постапка стои во место најмлкудесет гоин
– Се работеше додека не падна мракот но за жал на местото каде се вршеше пребарување а тоа е најладниот дел од куќата не е пронајдено телото на сопственикот на изгорената куќа. На локацијата имало големи количини на гараж. По наредба на Основен јавен обвинител увидот во кој учествува и екипата на СВР Велес е запрен. Ќе продолжи увидот утре недела 22 декември, претпладне, изјави портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
– Државата не им помага за реконструкција и адаптација, за да можат сопствениците во нив да живеат, и во исто време да бидат споменици на културно наследство. Сопствениците немаат никаква помош ни во намерата да ги направат своите куќи енергетски ефикасни. Освен судирот со законската регулатива треба да се потенцира уште негрижата на општеството да издвои потребн фнансиски средства, рече за новинарите градоначалникот Аце Коцевски.
Потписникот на овие редови, кој по мајка е велешанец, го помни тоа место пред се по двете фурни кои ги имаше под овие куќи. Тука домаќинките наутро оставаа подготвени јадеаа и пред се месени лебови за да кога ќе се вратат се биде готово за да се постави трпезата за ручекот. Во жаркон тоа место беше познато и како Кај јаворите. Доцна попладне и навечер се собираа децата и тинејџерите и седеа на тремовите кај фурните и гледаа кон Вардар, кон улицата која ги носеше моторните возила во градот и кон куќите од спротивниот брег – Којник.
Во 70-тите и 80-тите таа функција се промени, кога луѓето добија шпорети со добри рерни или дури и електрични апарати кои нудеа такви услуги дома!
Локалното население тоа маало го знае како Кај Варналиите а хроничарите запишале дека некогаш се викало и Алтан маало, кога таму се населувале побогатите христијани. Инаку, ,целата таа лева страна главно имала муслиманско население а добар дел од ридот и бил гробишта?!
И според новинарот Стоилко Андреески, односно според неговите записи маалото „Варналиите“ било „Алтан маало“ или „ Златно маало“, аради имотните жители. Името го добило по граѓанинот Ганчо Варналиев, кој ја поседувал првата фурна веднаш пред ширинката и јаворот, до која се наоѓало теќе, па дуќанот на Благој, а од другата страна бил дуќанот на Анѓушеви. Да тоа е семејството на се уште актуелниот заменик премиер на Владата на РМ.
Најубавите куќи во ова маало, кој и денес претставуваат ремек дело на старата велешка архитектура и со закон се ставени под заштита , се наоѓаат веднаш над фурната на Варналијата и дуќаните на Благој столарот и на Анѓушеви – пишува Андреевски.
Тоа се убавите и големите куќи на Стево Прнаров, кој имал две ќерки Стефани и Маја, на касапот Лазо Тренчов и на Димче Чокалов кој имал две ќерки Марика и Донка. Лазар имал син Кочо, а тој пак имал три сина Драган, Лазо и Борис. Касапскиот занает го наследил Лазар, кој го носи името на дедому.
Од другата страна на улицата се наоѓало семејството на Џајкови. Тука живееле Веса со децата Пала и Ружа, па Благој со жена му Слоботка и синовите Ванчо и Александар. Веднаш до нив биле Борис Јанев со жена му Румена, синовите Симеон и Благој и ќерките Цветанка и Виолета, па семејството на Киро Ружинов, со синовите Перо и Тоде, па Киро и Галаба Ноеви, со синот Бошко и ќерката Нада, а над нив биле Киро и Цвета Маневи со синовите Владимир и Ласко. До нив биле Павлина и Владо Ристови со синот Тодор и ќерката Лидија, па Ѓорѓи и Славна Паунови , со синовите Миле, Диме и Љубе, па Есмерот, Димчо Чоловчанов, со ќерките Весна, Стојна и Ефка, и Тоде Лукаров со децата Стојан, Ило и Стојна. Над нив живееле Велкови со децата Коле, Пано и Благој, па Славчо Бачев, Борис Мурџов, Ило Шутев, Цвета Шутева, а на крајот, на горниот дел од улицата, живеел Васил Коледезни.
На улицата која води кон паракилисот “ Св. Ѓорѓија“, во кој било сместено прво училиште во Македонија и во кое во 1858 година големиот Јордан Хаџи Константинов Џинот, ги учел децата на мајчин јазик, се наоѓале куќите на Или Јапон и Тодор Додов.
Од другата страна на улицата, која исто така излегува пред параклисот „Свети Ѓорѓија“, на почетокот имало дуќан, а до него била куќата на Лазо Мокров со синовите Боро и Киро. До нив биле Киро Калешов , со синот Славчо, потоа Крсто Миров, па Коле Фазлиев со синот Коче и Перуш Карпузов .Над нив биле куќите на Тоде Јанев и Сава Шутева.
На спротивната страна од нив живееле Кочо Калешов со децата Симо, Димче, Лила и Македонка па Трајко Бекташ, со децата Ило и Димле, па Славе Мишев, па Трипчеви, со синовите Никола и Киро и ќерките Благојка и Николина. Над нив биле Никола Туџаров со синот Тодор и ќерките Лена и Пандорка, а одма до нив бил семкарот Ванчо Кривошиов. Тука било и семејството на Трајче Карпузов со ќерките Родна и Нада, па на Ордан Поцев со синот Гано, па Тошо Гуцев и Тодор Ќормиров.
Над јаворот, во сокакот на левата страна од маалото била куќата на Љубе Аџиарсов со децата Трајче, Славче и Иле, потоа на Славе Ивев со сопругата Менка и ќерката – првоборец Родна Ивева а подоцна се изградени и други куќи меѓу кои и на Илија Панов. Од тука па се до долниот дел од Прцорек , се наоѓале муслиманските гробишта па така во тоа врема маалото „Варналиите“ или на турски „Алтан Маало“ било во непосредна близина на муслиманските гробишта.
Животот на граѓаните во „Алтан Маало“ се одвивал на плоштадот под јаворот. Тука се собирале и за радост и за тага. Карактеристично за ова велешко мало е тоа што поголем број од жителите биле многу имотни, биле врвни мајстори, занаетчии, лекари, трговци па и затоа имале големи куќи со богат инвентар како и во куќите на најбогатите велешки семејства како Левкови, Кончеви, Здравеви, Ѓоргови. Се разбира и во куќите на најпознатите бегови и аги.