Од соработник на Груевски за акцијата „компјутер за секое дете“, преку член на ЛДП, па на СДСМ, до независен пратеник во Парламентот, Солза Грчева деновиве откри дека навистина била миленичка и едно време фаворит за претседателски кандидат за ВМРО ДПМНЕ. Во секој случај таа е класилен пример за политичар „прелетувач“
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во својот наплив на исповедништво пред камерата на емисијата „Во центар“ на водителот Васко Ефтов, експрофесорката по информациски технологии Солза Грчева не криеше дека ВМРО ДПМНЕ, оваа партија која сега е под претседателство на Христијан Мицковски и дала шанса да стане прва дама на опозицијата. Имало всушност повеќе такви настани на висока доверба кон неа, ама најважниот е дека и било понудено да биде претедателски кандидат на опозицијата на изборите кои се одвиваа лани во април. Таа требала да биде противник на Стево Пендаровски а не професорката Гордана Давкова, која била второпонудена, откако Грчева ја одбила понудата.
Според Грчева, некаде во средината на 2017 година, пред одржувањето на референдумот за името на земјава, била повикана од страна на социјалистот Љубисав Иванов Ѕинго во Кратово со споменатата понуда. Придружена од пратеничката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ таа по една од тие понуди во форма на испраќање на возило со шофер, го ислишала пледоајето на газдата на Силекс; во него стоело дека ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери се свесни дека ќе ги изубат претседателските избори ако одат со свој кандидат, политичар од своите редови, но дека таа, со своите реторички вештини би можела да добие околу 50 илјади гласови приде од ппостојниот опозициски квантум. Тоа би гарантирало победа, се муабетело во дневната соба на Ѕинго.
За Грчева, таа понуда во основа содржела оградување на ВМРО ДПМНЕ и сојузниците од „горење“ на свои кадри на изборите. Дали тука постоела и проценка дека поголем дел од вмроовските кадри се на лош глас во обвиненјата на СЈО и дека во оваа партија им треба ново лице, кое може да донесе гласови меѓу неутралните или од оние кои народот ги нарекува „прелетувачи“?
За волја на вистната и самата Грчева (65) спаѓа во редот на политичарите – прелетувачи (термин позајмен од гулабарите, овој пат, нели, со преносно значење) бидејќи како што велат некои наши колеги за неа е тешко да се напише точна политичка биографија (https://www.magazin.mk/солза-грчева-член-за-сите-партии-и-проф/) бидејќи минатото често си го крие доста систематски. Грчева е по раѓање Шопова, дел од семејството на познатиот револуционер, поет и амбасадор во времето на СФРЈ – Ацо Шопов. Тоа ја прави објективно да е дел од политичката класа која секогаш може да смета на добра отскочна штица во кариерата, каде таа и да е насочена.
Во биографијата на Бачиќ под наслов „Солза Грчева- член на сите партии и професор на сите Универзитети?“ стои дека „д-р Грчева е енигма самата за себе“. Покрај на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје таа во одреден период беше дел од колективот на Факултетот за информациски и комуникациски технологии при Универзитетот ФОН каде „просперирала” од вондреден професор па се до декан на истоименит факултет. Но, таа во мигот кога ФОН западна во финансиска кома, плати не се исплатуваа со месеци, заради претходно рушење на објектот „Космос“, реши да замине во политиката и тоа промтно.
Знаеме дека била член на Либерално демократската партија, иако таа тоа јавно го оспорува, но ЛДП, поточно тогашниот претседател Жерновски излезе со изјава дека не само што била нивни член, туку во одредени сегменти држела партиски прес конференции на тема образование – комисија со која раководела (https://a1on.mk/macedonia/solza-grcheva-vlaguva-vo-trka-za-gradonachalnik-na-centar/).
Грчева била и дел од колективот на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип каде исто така имала успешна кариера, па од вонреден професор бргу стигнала до функцијата проректор за меѓународна соработка. Инаку, со Одлука од 24-ти ноември 2017-та година Солза Грчева е избрана за професор при Факултетот за технички науки овој пат при Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје.
Од ЛДП Грчева преминува во СДСМ од каде во 2014-та година станува и нивен пратеник. Во споменатата емисија на Ефтов таа малку неволно, со многу избегнувања на директен одговор, сепак признава дека е декл од штипската „курија“, односно дека нејзина ментор и била Шеќеринска. Без речиси ден во партијата која ја кандидираше, Грчева стигна до Парламентот каде по одлуката на СДСМ да излезе од законодавниот дом, таа премина во независни пратеници и си ја задржа пратеничката плата. Толку од добриот кадровски избор (другата колешка која ја следеше неа во одлуката да дејствува независно, Љубица Буралиева – беше дел од „струмичката курија“, која покажува дека кадровските грешки во партијата се со вирусно обележје), по што Грчева формираше и сопствена политичка партија и стана најгласен критичар на политиките на СДСМ и на Заев оттогаш наваму.
Колку е необјаснив нејзиниот избор своевремно за пратеничка функција во СДСМ говори фактот дека наводно постфестум се открило дека во 2007-ма година, иако критичар на политиките на ВМРО – ДПМНЕ таа била во одлични релации со тогашната владеачка партија на Груевски. Така Грчева била хонорарен соработник, функција што денес популарно е именувани како „специјален советник“ на тогашниот премиер Никола Груевски за проектот „Компјутер за секое дете”; ова е проект на извршната власт од 2007 година а е дел од владината иницијатива за „образование и обука на сите” кој се темели на Националната програма за развој во образованието 2005 – 2015 година. (https://www.brif.mk/grcheva-i-buralieva-podnele-barane-za-p/).
Во последниот настап кај Васко Ефтов нејзината активност во последните четири години, кога давала голема поддрпка на акти ностите на ВМРО ДПМНЕ, била нарекувана „Солза Грчева вмроовка“, како што кажува Ефтов а дека сега стигнала до фаза кога е забрането да ја споменуваат во сите медиуми кои ги контролира Мицковски, како што се изразуваат двајцата соговорници во емисијата „Во центар“. Додатен хендикеп за неа во очите на Мицковски е нејзиното залагање за постоење на една изборна единица (впрочем, тоа е сон на секоја мала партија, нели).
Од најавата на уште едно видување со Ефтов таа јасно се деклаираше дека е „патриотки настороена“ и дека е пообар кадровски избор од сите оние кои во опозицијата се нудат како т.н. независни кандидати. Еден од проблемите за луѓето до биографија како Грчева е што во политиката сепак без медиумска поддршка ефектите на секој учесник во борбата за рејтинг се минорни.