На индексот на слобода на медиумите за 2025 година, Србија беше рангирана за две места подобро од минатата година и сега е на 96-то место од вкупно 180 земји. Сепак, во реалноста, резултатот на Србија е најлош откако се мери овој индекс, според Репортери без граници (RSF). Македонија бележи пад од шест места – опозицијта вели „а дојде ВМРО, падот во ова подрачје е неминовен“

Пристигна новиот извештај на Репортери без граници (RSF) и Србија има што да очекува – барем на хартија. Од 98-мо место, од вкупно 180 рангирани земји, Србија скокна за две позиции и сега е на 96-то место на ранг-листата.
Кај нас се јавија од СДСМ со констатација „ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок“. Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.
НАПАДИ ВРЗ НЕЗАВИСНИТЕ МЕДИУМИ ВО МАКЕДОНИЈА Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.
Наместо да работат на унапредување на демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ се враќа на старите методи на контрола, притисоци и страв.
Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се ставаат под притисок, а медиумскиот простор се затвора. Оваа тенденција повторно се потврдува.
Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и СДСМ ќе продолжи да се бори против оваа регресија што ја спроведува ДПМНЕ. Медиумските слободи не смеат да бидат жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ.
ПОТИСНУВАЊЕТО НА НЕЗАВИСНОТО НОВИНАРСТВО Падот на слободата на медиумите во Србија е предизвикан од политички и правни фактори, смета Салај и објаснува дека тоа може да се припише на напорите на владејачката партија да го задуши независното новинарство со политички напади, злоупотребувачки тужби (тужби SLAPP) и произволно набљудување.
Како што истакна, произволната полициска рација во 2025 година врз невладината организација CRTA, која ја води веб-страницата за проверка на факти Istinomer, го потврдува овој многу опасен тренд.
Злоупотребата на органите за спроведување на законот, насочена кон заплашување и дискредитација на критичарите, потсетува на авторитарните практики на режимот на Слободан Милошевиќ во 1990-тите, истакна Павол Салај, раководител на Канцеларијата на RSF за Европската Унија и Балканот, во изјава доставена до FoNet.
Обидите на Јавниот сервис да известува понезависно наидоа на силен отпор од владата, потсети тој, и оцени дека во овој поглед, Србија е „дел од поширок тренд на Балканот, кој се забележува и во Албанија, БиХ и Косово“.
Од друга страна, српските власти го охрабрија неконтролираното ширење на руската пропаганда, со тоа што RT Balkan го лансираше својот телевизиски канал на крајот на 2024 година, нагласи Салај.
Покрај тоа, индексот за 2025 година сè уште не ги вклучува бројните прекршувања што се случија во првите месеци од годината, „физички напади, обиди за блокирање на медиумите, вербални напади од политичари на СНС и активисти блиски до режимот“.
И покрај политичкото непријателство и благодарение на поддршката од јавноста, во текот на 2024 година, независните медиуми покажаа сила и отпорност во кризата, што спречи уште поголема штета на слободата на медиумите во Србија, заклучи Павол Салај.

ОГРОМЕН ПАД НА КОСОВО Во Западен Балкан, според објавениот извештај на РСФ, Косово е рангирано многу лошо – на 99-то место, што е пад од 24 позиции во споредба со 2024 година!
Црна Гора напредуваше за три места и е на 37-та позиција, Северна Македонија е на 42-ро место (пад, за шест места), Албанија е на 80-то место (подобрување за 19 места), додека Босна и Херцеговина е на 86-то место (пад за пет места). Хрватска е на 60-та позиција (пад за 12 места).
На територијата на поранешна Југославија, според индексот за слобода на медиумите, најдобро е рангирана Словенија, која е на 33-то место на светската листа на РСФ (напредок од девет позиции).
Позицијата на Србија ја става во сендвич помеѓу Танзанија и Брунеи, според рангирањето на RSF за 2025 година, објавено во петокот (2 мај) во Париз. Сепак, дури и мал напредок во слободата на медиумите во Србија е илузорен, објаснува RSF. Всушност, напредокот на Србија за две места е резултат на падот на индексот во другите земји.
Според извештајот на RSF, Србија е на второ место по слобода на медиумите во Европа на црната листа – веднаш зад Косово, кое оваа организација го анализира како посебен ентитет.
Според Салај, Србија останува во категоријата земји со „тешка“ ситуација кога станува збор за слободата на медиумите, што е втора најлоша категорија од вкупно пет. Кабинетот на Мицковски треба да се труди да не го следи своите примери од северот на земјава.
(Р.Г.)