За секое дело вели дека посветува големо внимание. Открива дека на многу од нив работел и со години. Многу од материјали со кои биле направени се локални, но има и такви кои се носени однадвор
Охрид ми е вечна и најголема инспирација за творење, вели охридскиот уметник, Никола Упевче, кој се она што го создавал изминатата деценија во форма на мозаици, го претстави на самостојна изложба во Куќата на Робевци. Голем број на негови дела се дел од приватни колекции и музеи низ светот, но четиресеттина дела можеа да се видат и во неговиот роден град. Сите мозаици се посебни и уникатни, како на пример оној каде е претставен ликот на Мајката Божја.
„Ова позади мене е прв своден мозаик кој е изведен во Македонија.Секој има своја специфика и секој носи своја приказна. Ако ја посетите изложбата ќе добиете малку повеќе информации, за тоа како сум работел на откривањето и реставрацијата на четирите рајски реки кои се во позадина, од базиликата на Плаошник“, вели тој.
За секое дело вели дека посветува големо внимание. Открива дека на многу од нив работел и со години. Многу од материјали со кои биле направени се локални, но има и такви кои се носени однадвор.
„Многу голем дел се најдени во Македонија.Имам голем број на нијанси. Но голем дел од камењата ги носам од една многу исклучителна работилница за изработка на смалти.Тоа е специфично стакло, кое се употребува за изработка на мозаик. Го има во Италија. Дел од мозаиците се изработени со лапис лазули. Тоа е еден специфичен камен, кој е носен дури од Авганистан“.
На прашањето како ја доживува оваа изложба Упевче вели.
„Ја доживувам како еден момент кој ќе ги разбуди малку луѓето да се освестат за значењето на носењето маски и заштита од корона вирусот, со кој се соочуваме денеска. Да продлжиме со еден оптимизам да гледаме на светот и да научиме да живееме со сите тие можности кои ги имаме денеска“.
Сепак открива дека многу тешко успеал да се прилагоди на новонастанатата состојба предизвикана од пандемијата, но продолжил да твори и успеал да заврши дело на кое што работел последните десет години. Упевче, кој по професија е археолог, автор е и на бројни мозаици на архолошките локалитети во Охрид.