Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД БИТОЛА: АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ ЗА ЧЛЕН НА УО

December 23, 2025 Filed Under: Македонија

Понешната вицегувернерка на НБРСМ не стана гувернерка иако очекувала а по влегувањето во раководството на Алта банка Битола пост фестум е симната од високата функција

КАДИЕВСКА Еднаш беше прогласена за сигурна нова гувеернерка на НБРСМ, но не опстана ни како член на УО на Алта банка

Некогашната вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ, иако беше изгласана за иден член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола – АЛТА банка на 19 декември соопшти дека таа нема да влезе во управното тело на оваа институција.

Согласно најновите информации, што компанијата ги сподели на Македонска берза, одлуката за влез на Кадиевска Војновиќ во УО на банката е стопирана, а функцијата до комплетирање на управниот одбор ќе ја врши Даниела Ѓоршевска.

Практично до истекување на мандатот, м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата поранешна функција член на Управниот одбор на Банката – се посочува во објавата која од компанијата ја проследија до Македонска берза.

Инаку Кадиевска Војновиќ, беше предложена и изгласана за член на УО на Стопанска Банка Битола, која беше преземена од српската АЛТА Банка, откако членот на Управниот одбор, токму споменатата Даниела Ѓоршевска поднесе писмена оставка од функцијата член на Управниот одбор на Банката.

Кадиевска Војновиќ е позната во македонската јавност како некогашна вицегувернерка и професорка на Американ колеџ, таа беше и дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, а на почетокот на минатата година беше назначена за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Таа е инаку ќерка на поранешниот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, кој во првиот состав на Владата ДПМНЕ-ДА (1998 – 2002) беше министер за градежништво и транспорт а во втората Влада на ВМРО ДПМНЕ, кај Груевски, обавуваше пониска функција – претседател на Регулаторна комисија за домување.

Оваа последна промена за која се дознава од Македонска берза е само дел на внатрешни поместувања во партијата на црвено-црните во последните години, додека се готвеше враќањето на оваа парија на власт. Најнапред стариот министер за финансии на Груевски – Зоран Ставревски се споменуваше за иден гувернер на НБСМ. Беше привремено вработен како советник за финансии на Мицковски а задолжен бил за контрола на буџетите на општините во кои владее ВМРО ДПМНЕ. Неговото име значи беше во оптек да биде гувернер но според партиски извори тој заради здравствени причини беше отстранет за таа комбинација, иако Ставревски неколку години секој ден со возило и возач на ВМРО ДПМНЕ одел на работа во Палатата Татарчев и сигурно тоа не е само бесплатен превоз, се говореше.

ПОВЛЕКУВАЊЕ Алта банка Битола со повлекувањето на Војновиќ Кадиевска промтно реагира на споледните, постконгресни кадровски вреднувања во ВМРО ДПМНЕ

Го споменуваме Ставревски бидејќи веднаш по него за гувернер посакувала да биде избрана Маја Војновиќ Кадиевска, која е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, ќерка е – споменавме – на поранешниот виден вмровец, чие влијание не е пресушено. Неа од партијата и понудиле да биде директор на Развојната банка (бивша Македонска банка за развој)  но таа одбила со објаснување дека тоа е позиција под нејзиното професионално ниво. Уште тогаш се знаело дека Мицкоски за таа функција ќе бара некој кој слепо ќе се води од неговите интереси во сферата на финансиите и банкарството.

Кадиевска Војновиќ знаела дека и треба посилна врска за првиот човек на партијата, па често е гледана со Сања Божиноска, сега министерка на новооснованото Министерство за енергетика. А инаку Божиновска е поврзана за белградските енергетски кругови, потоа од таму и со таткото на Мицкоски. Дури, се пишува дека Божиноска објавила фотографија со Кадиевска Војновиќ и напишала дека се сликала со идната гувернерка.

Озборувањата во врвот на партијата биле дека иако е бивш вицегувернер таа не е вистинското решение а изборот се лизнал и заради фактот дека била семејно блиска „со олигарх кој има банка, но е на црната листа на САД и во земјава бил осуден на казна затвор за даночно затајување и други злоупотреби“. Ова секако лесно и ги отворило вратите за влез во битолската Стопанска банка (тоа е практично неговата банка) ама по извесен период на стабилизирање од Алта банка сепак решиле да и се заблагодарат.

Излегува дека Кадиевска Војновиќ за една година останала и без две потенцијално високи функции. Ова може да се токлкува за процес на постепени чистење на врвните функции од страна на екипата на Мицкоски од кадрите на Груевски. Овој чин кон неа од страна на Алта банка може да се смета за енјзино ново „читање на струјомерот“ на власта во земјава.

(Р.Г)

Filed Under: Македонија

САМИТОТ ОД БРИСЕЛ БАРА ПРОМЕНА НА ЛЕКСИКАТА ВО ВЛАДИНИТЕ КРУГОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
КOНГРЕС НА ДУИ: АХМЕТИ НАЈАВИ ВЕТИНГ ЗА 34 ГОДИНИ И ИЗВРШЕН БАДИНТЕР
ХРВАТСКА СЕ ЛИЗГА ВО КОНФЛИКТ
СО „ВАРВАРИ“ НА ГОРКИ МНТ ОТВОРИ ОДАМНА ПРАЗНО ПОГЛАВЈЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШИОТ ТЕАТАР
ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ: ОПАСНО Е ДА СЕ ИМА АВТОРИТАРЕН ЛИДЕР БЕЗ НИКАКВА КОНТРОЛА

Најново

  • САМИТОТ ОД БРИСЕЛ БАРА ПРОМЕНА НА ЛЕКСИКАТА ВО ВЛАДИНИТЕ КРУГОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
  • КOНГРЕС НА ДУИ: АХМЕТИ НАЈАВИ ВЕТИНГ ЗА 34 ГОДИНИ И ИЗВРШЕН БАДИНТЕР
  • ХРВАТСКА СЕ ЛИЗГА ВО КОНФЛИКТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet