Историјата на Блискиот Исток подучува дека не биле „долготрајни“ оние политички лидери кои ги добивале војните, па и оние кои се сметале за постигнување на чувство за триумф на одреден миг. Долготрајниот мир се постигнува во самиот општествен конструктот што треба да се базира на принципите на цивилно општество, демократија и рамноправност. Сето што е изместено од лежиштето на нормалноста во стартот само ќе раѓа бесконечна низа на патење, смрт и безнадежност
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во еден сличен момент како и актуелниот, кога земјата требаше да ги направи поодлучните чекори на геополитички план, поточно да направи одлучувачки чекор за влез во НАТО, бев поканет да гостувам со други три лица во дебата на Канал 24. Во рамки на дебата посебно беше иритантно тврдењето на еден од учесниците, лидер на мала партија која по некоја година исчезна од видокругот, но кој го посочи примерот на Израел каде сплотеноста на нацијата и нивната воинственост (соживеаност со униформата на полицијата и војската) би била доволна и една Македонија – демек сама за себе – да си ја гарантира безбедноста. Тоа беше еден од оние митови кои веќе стана посебно допадлив во редовите на десната страна на нашата политика и која веќе стануваше заживеана од сите оние кои се бореа против потребата да станеме дел од еден политичко-безбедносен двор како Атланскиот сојуз На тој случај се сетив сега кога одново се разгореа сите блискоисточни огнови, некои со сета жештина, некои во фаза на разгорување.
Зошто пак ова потсетување? Па затоа што деновиве падна еден од големите митови што Израел несомнено го градеше а кој јас, секако, за наши потреби се обидов да го разобличам во споменатата дебата. Најпрвин дали можеме да градиме демократско општество (би го нарекол и цивилно) ако граѓаните (во Израел ова важи и за мажите и жените) се во ситуација на нешто што е бесконечно соблекување и облекување на воено-полициски униформи? Секако не а тоа и финансиски не е одржливо како систем, потоа пречи да фунцкционираат демократските институции, бидејќи, во земјата постојано има вонредни ситуации кои даваат преголема извршна моќ на оние кои се на власт а ги анулираат другите два столба на политичкиот систем (парламентот и судството)..
И ние да сме биле како Израел
Ние и на некои вежби на Правниот факултети (околу буџетската потрошувачка) го изучувавме системот по кој САД во периодот после Јон-кипурската војна (1973 г.) го презеде комплетното финансирање на јавната потрошувачка на Израел во траење од две години (ова годишно чинеше 4-5 милијарди тогашни долари, нели, повредни од сегашните) се додека државата не се приспособи сама да ги среди своите дисонантни финансии!
Се разбира, политичарот кој бараше „и ние да сме како Израел“, дури може да се рече како основна мантра на македонската десница, немаше релевантен одговор на тоа од кого треба да се брани таквата униформирана Македонија (се подразбираше дека тоа би била еднонационална војска/полиција) бидејќи на тој „мудрец“ му беше посочена од моја страна вистината дека во Израел живеат два народи – израелскиот и палестинскиот – од кој вториот тогаш барем 75 години живееше во шатори или слични привремени живеалишта. Народот во униформи во споенатата земја – пример беше користен и она што се нарекуваше надворешен непријател (арапските соседи) но пред се и најчесто во „расчистувањето на сметките“ со внатрешниот непријател (палестинскиот , домороден народ)! Против кого би сде борела таа македонска „фаланга“ ако се приофати тој модел?
Кои се ефектите на униформираната држава?
Премиерот Леви Ешкол, кој ја водеше Шестднвната јунска војна потив арапските земји во 1967 година и покрај победата на неколку милионска држава над – како што се велеше – 200 милиони Арапи, почина од срцев удар набргу по завршувањето на воените дејствија. Иако Израел ја имаше поддршката на САД и заради неговите лични врски со американскиот претседател Линдон Џонсон, па дури и бепше прв израелски политичар кој влезе во Белата куќа, тој се соочи со омразата од речиси ел свет. Југославија и целиот неврзан свет, како и целиот источен блок ги прекинаа дипломатските односи со еврејската држава! А тоа беа главно држави кои ја признаа и подржаа новата држава во периодот 1948-49 година! Ционизмот од миленик на повоениот свет стана омразен. Под тој товар на изразито неповолната надворешна позиција Ешкол почина од срцев удар за помалку од година и пол по триумфот на бојното поле! ОН издадоа во меѓувреме и Резолуција бр.242 со која Тел Авив се обврзуваше да ги врати окупираните подрачја, што потоа не се реализираше а во оваа земја посебно од тогаш униформите речиси и не се соблекоа!
Да го земеме примерот и со легендарната Голд Меир која ја водеше државата во периодот после Шестдневната војна во 1967 година. Оваа прва жена политичар на одговорна позиција на целиот Блиски Исток, беше министер за надворешни работи до 1966 година како лабуристички политичар. Се пензионираше пред самата Шестодневна војна, бидејќи, беше сериозно болна од канцер, но го преживеа по некое чудо и ја имаше неблагодарната улога да го носи „жешкиот компир“ во своите раце во обидот Израел да опстане додека сите околу неа а и пошироко кон нејзината земја гледаа како кон врвен непријател за светскиот мир! Таа наводно нудеше некаков мировен план и со него во чантата се виде и со Никсон, потоа со Чаушеску (значи и со претставници и на Западот и на Истокот) во блоковски поделениот свет и сo папата како дел од најголемиот теистички корпус на планетата. Залудно, по многу изолации, терористички напади што ги загрозуваа граѓани на нејзината земја, но и оние во нивната непосредна околина па и пошироко (да се сетиме на к5рвопролевањето на Олимпијадата во Минхен во 1972 година!) дојде до Јон-Кипурската војна пред точно половина век.
Иако на крајот од 20-дневните борби израелските сили извојуваа победа стана јасно дека се соочуваат со непријател кој е се повооружен, пообучен, подготвен на многу сложени операции и помотивиран што заврши практично со враќање на полуостровот Синај на Египет, со профункционирањето на Каналот (како важен извор на приходи на државата на Насер) па и до потпишување на Мировен договор кој во голема мерка значеше ревизија на територијалните добивки од Шестдневната војна во 1967 година. Чуму стотина илјади мртви војници, многу повеќе ранети и осакатени лица, уништени материјални средства!?. Во меѓувреме креаторката на победата во таа војна – Голда Меир, која остана позната и по изјавата „Не ве мразиме затоа што ни ги убивате нашите деца, туку затоа што не терате да ги убиваме вашите“ (упатена кон Арапите) мораше да даде оставка во 1974 година и заради критиките за буквално „фаќањето на спиење на одговорните за безбедноста на земјата“, по војната која, нели, формално ја доби. Нешто слично ќе се случи веројатно и со актуелниот премиер Нетанјаху, бидејќи, неговите превиди и на службите кшто ги котролира тој, се очебијни – многу фактори на безбедноста се фатени одново на спиење!
Меир почина од обновен канцер во годината кога дојде до потпишување на Мировен договор (март 1079 година), но не го потпиша таа туку сосема друг политичар (Бегин).
Посеаното семе на тероризмот
Со ова мирот не се врати на подрачјето во и околу Израел! Семето на тероризмот, на паралелни вооружени акции како продолжување на Јон-Кипурската војна беше посеано. Анвар ел Садат беше набргу убиен убиен од Муслиманските браќа, организација која е мајка на Хамас со која деновиве војува Тел Авив. Истата организација преку убиството на потписникот на Договорот – Садат, за време на една воена парада, политичарот кој стана неомилен во арапскиот свет како издајник (да се потсетиме дека Египет беше исфрлен од Арапската лига на 20 години!) и продолжи со своите активности. Особено откако клучниот претставник на Палестинците – ПЛО на чело со Јасер Арафат беше практично исфрлена од играта: израелската политика го сметаше за радикал па место него како партнер доби далеку поголеми радикали, односно се соочи со организација како Хамас. Не се сакаше мудроста на годините за партнер па се доби непресметливоста на младоста од оние кои живее во шатори…
Тоа е само доказ дека основната структура на која се градат односите во Израел и во регионот се поставени на билдање на мускулите, на покажување на моќ и премоќ а не на организирање на општества со демократски вредности. Односно на тоа подрачје има сериозен дефицит во креирањето на веќе споменатото цивилно општество.
Во односите со палестинското население се таложат постојано напнатости што повремено експлодираат. Да речеме на Западниот брег, сегмент кој требаше да биде де факто автономна палестинска територија тоа практично не се случува; пред се постојано има доселувања на израелски доселеници и на територија на која тие не би смееле да досчекорат! Па каде да заминат Палестинците? Патем во сега бомбардираната Газа, на територија колку што е островот Брач (помалку од 400 квадратни километри) живеат над два милиони жотели а страшно е да помислиме што ќер се случи во непосредната иднина! Или што се случуваше со интервенциите на еврејската полиција врз џамијата Ал Акса и верниците во неа во свети денови според муслиманите а што, патем, е прст во око врз соседот Јордан, кој како држава доби право да се грижи за светите исламски места во Ерусалим. По овие настани, неколку во низа, за кусо време и тенденциозно, односите со Јордан одново се вратени на нула.
Ефектите на одмаздата
Еден од уредниците на белградско Време – Андреј Ивањи, инаку и самиот Евреин (https://www.vreme.com/kolumna/izraelski-9-11-erupcija-zamrznute-mrznje/) напиша дека ова што се случи со акцијата на Хамас може да се спореди со нападот на Кулите близначки во Њујорк од срана на муслимански екстремисти, настан кој отвори сериозен круг на омраза и војни низ една преокупираност со осветата (Ирак, Авганистан) или спротивно, појава на движења кои прераснаа во парадржавни творби (ИСИЛ).
Не би било тешко да пресметаме што ќе се случува во непосредната иднина. Најпрво, дали арапските држави кои покажаа многу знаци на одмрзнување на релациите со Тел Авив, да не речеме после повеќе од 70 години, под притисок на јавното мислење во својот двор нема да смеат да продолжат со видливите промени на политиките кон Израел? Да ја споменеме само Сауди Арабија, една од најголемите финансиери на антиизраелскиот отпор во светот чии владеачи повеќе од јасно сакаа пријателски односи со својот довчерашен „смртен непријател“. И еден Египет, чиј политички врв и пред и после „пролетната револуција“ во арапските земји ги задржа добрите односи со Израел, сега се наоѓа во некакво менгеме од притисоци: јавното мислење на населението во заштита на Палестинците, очајните повици за помош од населението на Газа како следен притисок и секако барањето на Нетанјаху за координирање на потезите меѓу двете земји, што би значело јаснан подршка на воените средства ворешавање на конфликтите во очебиен несразмер.
Јасно е и дека сега сите погледи се завртени и кон Хезболах, најголемата терористичка организација во светот (таа за себе говори дека има 100 илјади борци, аналитичарите велат дека се работи за 50 илјади одлично обучени борци, способни да користат се’ посовремени оружја) која засега може да нападне и од позициите во Либан и од Сирија. Воедно може да нападне цели врзани за Израел како држава но и за јудаизмот како религија, бидејќи поседува широка мрежа на приврзеници или барем симпатизери.
Се појавува цунами кое секој ден добива во силината
За тоа какво цунами се јави после октомвриските судири на релација Иарзел – Хамас нека говои и фактот дека главен добитник во оваа ситуација е земја која е далеку на север од овој конфликт – Русија, која доби долгоочекувано свртување на вниманието од нејзините окупаторски воени дејствија во Украина. Или дека еден Иран, длабоко изолиран од арапскиот свет, но и од голем дел од меѓународната заедница, може да очекува зголемени симпатии од своите позиции…. Нема крај за овие предвидувања, големиот бран на геополитичките промени се уште ја зголемува својата ененергетска непредвидливост. И кој сега допре и до европските брегови (Б елгија). Впроечм, последна вест е дека Словенија го руши системот на шенгенски визен режим на неодредено време што ќе предизвика домино-ефект! Ете како можеме и ние да бидеме засегнати од редоследот на настаните, без да можеме да влијаеме на нив.