Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

August 31, 2026 Filed Under: Свет

Се што сега му се случува на светот и на САД го најави со својата оставка Џо Кент , директор на Националниот центар за борба против тероризмот. Човек чија струка е и предидувањето. Трамп место таквите функционери си го слушаше Нетанјаху!

НЕРАЗБРАН Советникот на оретседателот не беше разбран во март а сега Трамп не знае како да се извлече од „кашата“

БЕРНД ДОБЕРМАН ЈУНИОР

Израел нè вовлече во војната, немаше закана од Иран“: Оставка на шефот на американската служба за борба против тероризмот – ова беа дел од насловните страници на весниците пред речиси шест месеци. Тогаш, додека сојузниците ги отфрлаа повиците на американскиот претседател Доналд Трамп за поконретна поддршка на воената акција против Иран, шефот на Белата куќа претрпе тежок удар во сопствените редови. Џо Кент објави дека поднесува оставка од функцијата директор на Националниот центар за борба против тероризмот бидејќи се противи на војната со Иран и го повикува Трамп да го „промени курсот“. Иран „не претставува непосредна закана“ за САД, а администрацијата на Трамп „ја започна оваа војна под притисок на Израел“ и неговото моќно американско лоби, напиша тој на интернет.

Реагирајќи на оставката на Кент, Трамп изјави дека „секогаш мислел оти тој е добар човек, но бил слаб во однос на безбедноста, многу слаб во однос на безбедноста. Не го познавав многу добро, но кога ја прочитав неговата оставка, сфатив дека е добро што си замина, бидејќи тој сметаше дека Иран не претставува закана“, продолжи шефот на Белата куќа. „Иран беше закана; секоја земја сфати каква закана претставува Иран“, нагласи Трамп.

Кент е инаку ветеран на американските специјални сили и на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Тој беше во брак со Шенон Кент, техничар за криптографија во морнарицата, која загина во самоубиствен бомбашки напад во Сирија во 2019 година.

Американско-израелската војна против Иран продолжи во нардната половина година. Воздушните напади продолжијат речиси низ целиот Блиски Исток.

Кој е Џо Кент? Тој двапати беше републикански кандидат за Конгресот од државата Вашингтон, но никогаш не беше избран. „До јуни 2025 година верував дека ’Трамп сфатил оти војните на Блискиот Исток ја чинеле Америка скапоцени животи на патриоти и го исцрпиле богатството и просперитетот на нашата нација‘“, напиша тој на платформата X.

Тој тврди дека „високи израелски функционери“ и влијателни американски новинари ширеле „дезинформации“ што го навеле Трамп да ја поткопа сопствената политика „Америка на прво место“. „Тоа беше искористено за да ве наведат да поверувате дека Иран претставува непосредна закана за Соединетите Држави. „Тоа беше лага“, напиша Кент.

Filed Under: Свет

ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ
НA САРАЕВО ФИЛМ ФЕСТ: ДВА ФИЛМА – ПЕТ НАГРАДИ
ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА ПОЧНА ДА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ОЧИТЕ НА НАЦИЈАТА!

Најново

  • ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
  • ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
  • ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet