Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИЛИЕВСКИ: ПО 365 ДЕНА ВЛАДЕЕЊЕ НА ОВАА ВЛАДА ЗЕМЈАВА Е ПОНИЖЕНА И НАВРЕДЕНА

July 1, 2025 Filed Under: Македонија

Негативна е оценката за владата на Христијан Мицкоски во изминатите 365 дена, Македонија не е горда, Македонија е понижена и заглавена а граѓаните живеат тешко, истакна потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

ИЛИЕВСКИ Оваа е најслабата Влада во поновата историја на земјата

Илиевски во последното гостување на ТВ24 нагласи дека Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ во периодот додека беа опозиција ветуваа многу кон граѓаните, а оваа влада во првите 365 дена има најслаб старт во историјата од било која влада која започнала да функционира од осамостојувањето во нашата земја.

– Македонија воопшто не се развива. Македонија стагнира. Моментално сме најзадолжена земја во регионот. Платите на граѓаните на Македонија не растат, и тие стагнираат. Нема промени во правосудството, нема правда. Македонија не се развива во ниту еден сегмент во изминатите 365 дена. Не се развива во делот на земјоделието, не се развива во делот на инфраструктурата, а нити гледаме напредок во меѓународната политика. Буквално сме заглавени, истакна Илиевски.

Тој додаде дека заглавен е и европскиот пат, власта слепо ги задолжува граѓаните за 7 милијарди евра кои идните генерации скапо ќе ги платат наместо да се користат фондовите од ЕУ кои се неповратни средства.

-На другата страна стои европскиот пат кој очигледно стагнира во изминатите 365 дена. А, со отворање на европските процеси и те како можеа да се инкасираат неповратни средства од Европската унија и нашата земја да се движи напред и да се развива, истакна Илиевски.

Илиевски нагласи дека нема нови отпочнати инфраструктурни проекти кои би биле од капитално значење за нашата земја, а премиерот и неговите најблиски соработници ги отвораат проектите кои беа започнати во изминатиот период во владата на СДСМ.

Потрошувачката кошница расте од ден на ден, граѓаните во изминатите 365 дена не живеат подобро, а ако утрото по денот се познава, тоа така ќе оди и во наредниот период, најлошото допрва ќе го видиме, рече потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Инаку, неговите сопартијци во анализата за сработеното на министерот за земјоделие истакнаа дека од ветени жетви – останаа само празни ниви, земјоделците од Трипуновски добија само страв и понижување

И денес, наместо конкретна поддршка и решенија, Трипуновски продолжи со политички манипулации, лажни изјави и бегство од реалноста во која живеат земјоделците.

ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИ Укинати се сите субвенции а туѕтновите нассади во прилепско се сушат на нивите

Фактите говорат јасно:

– Цената на оризот за една година е намалена од 40 на 25 денари за килограм;

– Жетвата на јачмен започна со исти – ниски – откупни цени како лани.

– Сточарите добиваат понизок откуп на млекото, за еден денар помалку, а субвенциите им се намалени;

-З а производителите на сончоглед укинати се 6 денари од Интервентната програма што постоеше до пред една година;.

– Се суши тутунот на полето во Прилепско, се намалија оризовите насади поради нефункционални системи за наводнување и нефункционирање на институциите.

Земјоделците една година добиваат само помалку:

– Помалку субвенции,

– Помалку поддршка,

– Помалку сигурност,

– А добиваат повеќе – страв, притисоци и понижување.

Програмите за мали семејни бизниси се укинати, социјалната димензија на земјоделството е целосно игнорирана. Тоа е вистинската слика на едногодишното „работење“ на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН со Цветан Трипуновски во ресорот земјоделство.

За само една година, земјоделците никогаш не биле во полоша положба – со ова темпо, сè повеќе полиња ќе останат необработени, а македонското село ќе биде целосно напуштено.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet