Па зарем тоа (Резолуцијата за црвените линии) не е потврда дека имаме взаемна почит, водиме заедничка битка за одржувањето во живот на сите знајни и незнајни јунаци кои низ годините го положија најскапоценото, рече претседателот на Собранието по повод чествувањето на Илинден во Скопје
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Двата Илиндена се два столба врз кои се темелат државотворноста и заедништвото на Република Северна Македонија, нагласи меѓу другото претседателот на Македонското собрание, Талат Џафери.
Неговото обраќање беше пред Собранието, во близина на споменикот на Никола Карев, каде се одржа главната свеченост во Скопје по повод чествувањето на 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.
Во исто време градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Бaусер и годинава го прогласи Илинден за Ден на македонско-американско наследство во Вашингтон, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
„Додека денес Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија, и додека македонската независност првично беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година“, се вели во изјавата за ОМД од градоначалничката Баусер.
Партијата ВМРО ДПМНЕ, која ја започна вообичаената кавалкијада (коњаници од повеќе грдови кои итаат кон Крушево), не успеа со сценариото за електризирање на атмосферата и се повлече од повиците за единствена прослава и се пресели во форма на минијатурн дружина во Ташмаруниште. Оваа мала селска приредба, своевремено креирања од една конкурнтска партија на ВМРО ДПМНЕ (онаа на актерот Темелковски) во која имаше исто така кооњаница, сега требаше да го преземе одиумот на централното одбележување. Тешко е да се одмерат ефектите на тој обид, особено откако лидерот на оваа партија Мицковски – според некпои извори – им го честитал празникот Велигден на присутните(!). Импресионирани, според сценариото, се уредниците на мејнстрим тв медиумите кај нас кои Мицковски го ставија во преден план, и редоследно и по издвоениот простор; ама против тоа нели, не се може ништо, тоа е стара папочна врска.
Неговото обраќање беше пред Собранието, во близина на споменикот на Никола Карев, каде се одржа главната свеченост во Скопје по повод чествувањето на 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.
Враќање на довербата на граѓаните, чување и одржување на слободата и обединување околу изворните Илинденски и Асномски идеали. Ова се трите клучни пораки кои денеска ги испрати претседателот Стево Пендаровски за најголемиот македонски празник 2 Август, Илиден. Оваа година тој не одржа говор на Мечин Камен како што досега беше традицијата и одлучи да им се обрати на граѓаните со видео порака.
Тој кажа дека слободата која почна како идеја на една генерација и нависоката цел на еден народ. Претседателот ја нагласи улогата на Илинденците, делата на партизаните и Првото заседание на АСНОМ во остварувањето на вековниот сон, самостојна држава,
„На 2 август 1903-та, борбата за слобода ја започна револуционерната илинденска генерација која во епохата на монархии прогласи демократска република, а во времето на тесногради национализми реши да гради соживот меѓу различните. Борбата за слобода ја продолжи славната антифашистичка генерација која ги надмина пропагандите и поделбите и се сплоти околу идејата за слободен народ во своја, слободна држава. Како што сведочи и Манифестот, на 2 август 1944-та, делегатите на АСНОМ го остварија сонот за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни пред законите, независно од нивните разлики и уверувања“, изјави претседателот Пендаровски.
Добиената слобода мора да се одржува со посветена реабота на секоја нова генерација.
„ Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас“, заклучи претседателот.
Секогаш бевме и осануваме на сончевата страна на мирољубиво решавање на сите недоразбирања и конфликти. Ние денеска со нашите соседи градиме „Отворен Балкан“. Тоа е нормална и очекувана иницијатива по историскиот Договор од Преспа, рече премиерот во обраќањето од Пелинце по повод 2-ри Август
Континуитетот во остварување на нашите стратешки цели, како наш трет Илинден, е и нашето членство во НАТО и нашиот стремеж за остварување на вториот стратешки приоритет – членството во ЕУ. Ова, меѓу другото, го истакна премиерот Зоран Заев на неговото обраќање од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод празнувањето на 2-ри Август.
Во својот говор се осврна и на неодамна потпишаната иницијатива Отворен Балкан, како и за актуелниот спор со Бугарија.
„Секогаш бевме и осануваме на сончевата страна на мирољубиво решавање на сите недоразбирања и конфликти. Ние денеска со нашите соседи градиме „Отворен Балкан“. Тоа е нормална и очекувана иницијатива по историскиот Договор од Преспа, како позитивен преседан во историјата на дипломатијата. Јас сум убеден дека Бугарија е пријател и дека е многу блиску е денот кога и македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за С Македонија. Заедно ќе го обезбедиме тоа, бидејќи и од двете страни има паметни и способни луѓе, визионери, кои ќе си дадат шанса и ќе се разберат – во интерес на своите народи“, рече премиерот.
Пожарите кои избија на повеќе места на Илинден прекинаа некои од активностите за одбележување на празникот. Горчливото секојдевие ос потсетувањето на слични ситуации од минатото. Да потсетиме, пред некоја недела го поставивме прашањето „Кој ќе ги гаси нашпите пожари?“ И во буквална и преносна смисла.