Премиерот смета дека правосудните органи си имаат своја надлежност и тој не може ниту треба да влијае на нив, ама дека политичкит епроцеси исто така ќе си имаат свој тек, па посакува да нема изненадувачки меѓувлијанија. Но, се помала е веројатноста дека сигурно нема да има поголемо мнозинство одвај потребниоте 80 гласови
Фактот дека братучедот на Груевски – Сашо Мијалков е уапсен во „Мериот“ каде имал или требал да има средба со осумтемина пратеници кои се одделија од матичната ВМРО ДПМНЕ и гласаа за отпочнување на амандманската расправа за менување на Уставот. Мможе ли тоа да има влиојан ие конечното усвојување на –условно – изменетиот Устав, со што ние практично влегуваме во НАТО, една од двете станици на нашата политичка агенмда. На оваа дилема влијаеја и некои изјави на одделни пратеници од осуммината. Дали тоа може да се случи – се прашува јавноста?
Премиерот Зоран Заев викендов изјави дека се надева дека поддршката од осумте пратеници за измени на Уставот ќе продолжи и покрај притворањето на Јанакиески, Божиновски и Мијалков. Одговарајќи на новинарско прашање дали притворањето на овие тројца функцонери од ВМРО-ДПМНЕ го доведува во прашање процесот на помирување, со оглед на тоа дека пратеници од независната група најавија дека има можност да не го дадат својот глас за промена на Уставот, Заев смета дека во фазата која следува за промена на Уставот е потребно просто мнозинство и дури во јануари ќе биде потребно двотретинското мнозинство.
– Јас на овој процес во Парламентот гледам како на политички дијалог и гледам на начин како преку инклузивни процеси да можеме да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае. Јас се надевам дека ќе останат на своите ставови, заради тоа што процесот како тече дискусијата за нацрт-амандманите на Уставот инклузивноста ќе заврши јавната дебата по втората пленарна седница, која е планирана на 1 декември и ќе ги соопштиме амандманите по кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденот на опозициските дискусии и предлози во самите уставни амандмани, што според мене ќе значи потврдување на довтретинското мнозинство, па дури и негово зголемување, рече премиерот Заев. Додаде дека тоа е само негова надеж, а испрати порака дека правото и правната држава, владеењето на правото се императив во Република Македонија и дека не треба да има никакво мешање во правосудството. „Понекогаш правосудните органи, Јавното обвинителство, СЈО и судовите гледајќи ја својата работа веројатно влијаат некако на политичкиот процес, но јас верувам дека сите ќе се носиме со оговорноста што ја имаме, пред се, ние полиичарите, делот на парламентот, поради тоа што ова е неповратен процес, којшто нуди шанса која не треба да се пропушти и верувам дека Македонија ќе изнедри сила буквално сите процеси паралелно да течат без еден на друг да направат штета во воспоставувањето и исполнувањето на конечната цел во парламентот, тоа се уставните амандмани и членството во ЕУ и НАТО, а во правосудството секако е владеењето на правото, независноста на судството и одговорноста на секој што погрешил пред законот или потврда дека нема докази за било кој што не погрешил, смета претседателот на Владата. Одговарајќи на прашање дали разговарал со осумте пратеници по апсењето на Мијалков, Заев рече дека со некои од нив има воспоставено контакти и разговарале, но тоа било во функција на продолжување на дебатата внатре во Парлментот. Пленарната седница почнува на 1 декември, а по неа треба да почне и јавната дебата по предложените уставни измени. Смета дека во овој процес ќе се дознае колку опстојува двотретинското мнозинство, дали се намалува или се зголемува.
И некои медуми сметаа дека притворањето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, ексминистерот Миле Јанакиески и ексгенералниот секретар на Влада Кирил Божиновски, нема да влијаат на процесот на помирување и на двотретинското мнозинство во Собранието за измените на Уставот, Според нив, ако во амандманите се вградени барањата на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството не би требало да биде проблем.
„Притворот на Мијалков, Јанакиевски и Божиновски го наруши првичниот оптимизам дека ќе има 80 гласови потребни за усвојување на текстот на уставните амандмани. Но, сепак клучна за поддршката за уставните измени од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е содржината на амандманите. Расправата за уставните измени на собраниска седница продолжува на 1 декември, ќе видиме како ќе одвива дебатата“, велат партиски извори и од опозицијата и од власта.
Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски се во притвор за „Титаник“ на СЈО од 14 ноември, а ексначалникот на УБК Сашо Мијалков беше притворен на 19 ноември за „Тврдина-Таргет“. За декември, како што велат извори од мнозинството, сите патувања на пратениците, посебно на пратениците на владејачкото мнозинство се запрени.
„Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае, секако јас се надевам дека ќе останат на сите свои ставови, бидејќи на 1 декември ќе соопштиме амандмани со кои ќе потврдиме сериозна вграденост на опозиционите дискусии и предлози во самите уставни амандмани што според мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство па дури и негово зголемување, но тоа е само моја надеж“, рече Заев.
Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова, која е една од пратениците од опозицијата и опозициската коалиција што гласаше за отворање на постапка за промена на Уставот, вели дека одлуката дали ќе ги поддржи уставните амандмани ќе ја донесе во последната завршна фаза и тоа зависи од конечниот текст на амандманите после завршување на јавната расправа.
Исмајловска-Старова потенцира дека е многу е важно и како ќе тече процесот на помирувањето.
„Притворите за Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски го вознемируваат севкупниот процес. Тие добија притвор поради бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, што е погрешен чекор, но тоа не може да биде причина за притвор за други луѓе“, рече пратеничката Исмајловска-Старова во интервјуто за емисијата „360 степени“ на Телевизијата Алсат-М на 23 ноември. Исмајлоска-Старова рече дека помирувањето е важен дел од целиот процес и сите институции треба да бидат внимателни за да не му наштетат на процесот.
И Крсто Мукоски изјави дека притворањето на Мијалков не оди во прилог на претстојното помирување.
За денес на дневен ред на собраниска седница е и предлогот за амнестија поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за нападот на Собранието на 27 април 2017. Со него се предвидува амнестирање на сите инволвирани во случајот. Владата минатата недела даде негативно мислење на предлогот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ. Координативното тело за помирување сè уште работи на предлогот за помирување. Во Собранието никој не знае што тој ќе содржи.
Премиерот Заев предложи со предлогот за амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година да бидат опфатени сите лица кои не учествувале во насилствата и кои не биле дел од организаторите.