Иронично е да велиме дека ДУИ е инфилтриран во институциите, повеќе од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, во одамна потврдената „заробена држава“, од страна на експертската група на ЕУ под водство на Прибе. Па, никој никогаш не рекол дека СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, по таа основа може да ја дестабилизираат државата – велат е3кспертите на најновата „застрашувачка кампања“ на Мицковски. СДСМ смета дека во заднината има тука некаква кохабитација на ДУИ со ВМРО ДПОМНЕ!
Силни реакции предизвика предупредувањето на премиерот Христијан Мицкоски за можна дестабилизација на државата од страна на ДУИ. Порача дека има информации добиени од повеќе канали дека ова раководство на партијата од Мала Речица во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање. Според тие информации, премиерот рече дека очекуваат тоа да се случи оваа есен.
-Ако на пример, за нивното поимање на дестабилизација, не е проблематизирањето на меѓународните и внатрешните договори, (само)блокираните европски интеграции, одбивањето на стратешките коридори во услови на меѓународни конфликти, нарушени меѓусоседски односи; тогаш голема дилема е што се подразбира под терминот дестабилизација? Одговор на оваа дилема мора да ја дадат сите надлежни институции кои располагаат со информации, за кои верувам дека се известени и од самиот премиер, пред тој да ја извести и предупреди јавноста, вели Никица Корубин во разговор за „Локално“.
Околу размислувањето кај дел од експертите дали ова е само алиби за лошиот старт на новата влада, соговорничката посочува дека параметрите по кои ја оценуваме владата, се оние кои тие самите ги поставиле како приоритети. Еден од главните приоритети е европската интеграција, кој е и главен услов на коалицијата ВЛЕН да биде дел од владата, а тоа всушност значи брзи уставни измени.
-Дали е добар или лош стартот, по ова прашање, оценете сами. Потоа, приоритет е борбата против корупцијата и владеењето на правото, зПотоа, приоритет е борбата против корупцијата и владеењето на правото, за кое имавме и имаме голема поддршка и од стратешките партнери, САД и ЕУ, преку механизмите на т.н “црните листи” за високата корупција. Законот за рестриктивни мерки е веќе подготвен. Уште еден параметар за оценување на старот на новата влада. Економски просперитет на државата, е исто така приоритет, во услови на речиси целосна ориентација на нашата економија кон европските и американските пазари. Добар ли е стартот на владата и по ова прашање? Управувањето со државата е прашање на факти и реална политика, а не на перцепција. Во таа смисла, не постои доволно добро алиби за реалното постапување, наведува Корубин.
Според неа, приказната за „лошата ДУИ“, започна многу пред ВМРО-ДПМНЕ да инсистираше „ДУИ да оди во опозиција“. Вели дека приказната ја започна СДСМ на парламентарните избори во 2020 година, кога го праќаше ДУИ во опозиција „за да се реформира“.
-Парадоксално, сега тие самите ќе имаат можност да му демонстрираат на ДУИ, како изгледа реформирање во опозиција. Кое претпоставувам исто и ВМРО-ДПМНЕ има можност, да му покаже на ДУИ како изгледа реформирана партија после неколку години во опозиција. Иронично е да велиме дека ДУИ е инфилтриран во институциите, повеќе од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, во одамна потврдената „заробена држава“, од страна на експертската група на ЕУ под водство на Прибе. Па, никој никогаш не рекол дека СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, по таа основа може да ја дестабилизираат државата. Кој е „гревот“ на ДУИ што успева така добро да ги обедини спротивставените СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прашува екс-пратеничката и додава:
-Се надевам дека не е новоразбудената и хранета албанофобија, и верувам дека не е нивното (декларативно) инсистирање на европската и евроатлантската агенда. За се’ друго времето ќе го даде одговорот. Септември не е далеку, и искрено се надевам дека е добар месец за деблокирање на европскиот пат. За вистинско национално единство, Северна Македонија во ЕУ, оценува Корубин.
Со сличен став е и новинарот и аналитичар, Зоран Иванов. Смета дека доколку власта имаше еден доказ за дестабилизација, „ќе ечеше и Калето“. Вели дека „можно е да имаат некаква информација за некакви маалски вечерни летни „игранки“ каде се истураат фрустрациите на фановите на ДУИ што конечно не се во власта. Се друго е дување балони“.
-Како ја замислуваат дестабилизацијата, со калашникови и митралези на тетовското кале или како. Факт е дека ДУИ е во големи неочекувани проблеми. Многу негови кадри трпат смени, остануваат и без пари, без службени привилегии и без моќ. На крупно нема веќе министерски ресори, нема тендери и секакви други привилегии. Тоа е, ќе им помине. Другово од страна на ВМРО-ДПМНЕ е реторика предизборна но со некои нови додатоци од типот „ДУИ ќе прави дестабилизација затоа што сака да си го заштити капиталот што го создаваше 20, 22 години додека беше на власт“, посочува Иванов во разговор за „Локално“.
Според него, „искажаната мисла зборува за една премиерска безидејност од која ништо не може да се очекува во смисла на реформи, ЕУ интеграции, борба со корупција, и сл.
Дел од јавноста смета дека Македонија има институции подготвени да сузбијат непосакувани дејствија и дека премиерот со ова само испраќа политичка порака. Аналитичарката и поранешната пратеничка, Никица Корубин смета дека во голема мерка зависи од тоа што се подразбира под дестабилизација и зошто тајмингот би бил после летните одмори.
Не би се чудел ако подигањето на меѓуетничка тензија е договорена стратегија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Притоа, тој ги коментира и негативните ефекти и последици од блиската економска и политичка соработка со Унгарија во контекст на евроинтеграцискиот процес, а не ја одмина ниту темата за СДСМ по историски најтешкиот пораз на двојните избори.
Воедно, во својство на поранешен министер за здравство, се осврнува на трагедијата во тетовската модуларна болница и за предизвиците во јавното здравство.
Според него, актуелната влада веќе покажала лоши сигнали и перформанси, кои ја чинат губење на поддршка.
Во интервју за „Фокус“, Филипче ја коментира владината реторика дека се подготвува дестабилизација, но говори и за состојбите во правосудството, откако веќе јавно призна дека измените на Кривичниот законик биле грешка.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека функционери во поранешни влади се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички конфликт. Тој повторно не споменува имиња, но тврди „тоа го прават елементи кои располагаат со огромни милионски суми на пари“.
„Дел од се високи функционери во поранешни влади, коишто се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, а она што мене посебно ме загрижува, се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е најмногу што ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин не можат да мобилизираат луѓе, единствениот начин е да испровоцираат ваков тип конфликт – тоа нема да го дозволиме. Апелирам до јавноста, медиуми, граѓаните, да се воздржат од какви било провокации. Порано или подоцна, сторителите на вакви провокации ќе одговараат, но ве молам за трпение“,
кажа Мицкоски по денешната посета на Царинската управа.
Мицкоски извесен период споменува можност за дестабилизација поврзувајќи ја со активности што ги планира ДУИ за наесен. Со иста теза јавно излезе и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но и тој не кажа повеќе детали.
Мицкоски: Имаме информации дека ДУИ оваа есен може да преземе чекори за дестабилизација на државата
Од друга страна, пак, на прашање на „360 степени“ до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова – дали во врска со овие информации таа планира да го свика Советот за безбедност и дали вакви информации поседува и нејзиниот кабинет, одговорот оттаму беше краток – не.
Сиљановска-Давкова нема да го свика Советот за безбедност и покрај сознанијата на Мицкоски за можна дестабилизација на државата
Денешните тврдења на премиерот се на иста линија со оние на првиот вицепремиер од редовите на коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, кој пред два дена кажа дека мал број луѓе со црни пари посакуваат да има дестабилизација во државата за да си ја спасат кожата, но посочи дека тој не верува оти ќе има такво нешто.
„Точно е дека има црни пари и посакуваат да има магла за да си ја спасат кожата, но тоа се мал број луѓе и не мислам дека заради тие мал број луѓе некој ќе посегне или да крши закон или да сноси одговорност утре за некакво дестабилизирање. На крај, на граѓаните им треба мир, им треба подобар животен стандард, повисоки плати, па и во однос на Охридскиот договор, еден од столбовите е токму децентрализацијата“, рече Меџити.
Претходно, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го повика премиерот, доколку поседува какви било информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, итно да ги сподели со надлежните институции. Во интервју за „Фокус“, Филипче додава и дека на ВМРО и на ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација, но дека СДСМ нема да биде дел од такви, како што вели, нечесни игри.
Инаку, премиерот најавува и ревизија за досегашното работење на институциите наесен.
„Очекувам дека некаде до средината на септември ќе заврши целосната транзиција во рамки на институции на ниво на кое е одговорна Владата, понатаму, раководните луѓе во тие институции претпоставувам, вертикално надолу ќе го продолжат тој процес. Што значи, за помалку од три месеци откако е избрана оваа Влада, тој прв круг на транзиција треба да заврши. Очекувам тие што ќе бидат дел од тие институции, прво да ги стабилизираат институциите, а попатно очекувам да направат сериозна ревизија и анализа на тоа што се случувало во минатото, по принципот како и досега. Досега располагаме со сериозни индиции за незаконско работење во многу институции, но внимаваме, сакаме да обезбедиме цврсти докази, не сакаме да оставиме простор за какво било толкување дека тоа е политичка хајка кон некого“, кажа Мицкоски.
(тесктот користи повеќе домашни извори)