Рашела Мизрахи ја доби ролјата на главен антизападен играч на партијата чии главните играчи, кои и го дале ваучерот со функцијата која ја oбавуваше, својот „патриотизам“ да го откриваат (или сокриваат) со селфито што ќе го направат со неа, после претставата во која таа „загинува“. Какво врвно лицемерие!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На еден специфичен начин на размислување, својствен за луѓето пораснати среде стандардите на балканските семејни задруги, пратеникот Џеват Адеми од ДУИ, претходно испровоциран со повик да говори од страна на првиот ред на опозицијата, во сега распуштениот Парламент, изјави:„До кај дојде ВМРО-ДПМНЕ да бара од една Еврејка да ја брани македонштината“. Имено, раправата беше во врска со разрешувањето на привремента министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која од страна на нејзините бранители (ВМРО ДПМНЕ) имаше само две ставки – под „а“ ја разрешуваат затоа што е Еврејка и под „б“ затоа што е жена.
– До каде дојде една патриотска партија како ВМРО-ДПМНЕ да бара од една неМакедонка, Еврејка, да ја брани македонштината – конкретно изјави исповоцираниот Џеват Адеми, додавајќи дека кога тој се борел за правата на Албанците, се борел сам и не бараl од своите соседи koi не bile Албанци да се борат за тоа. „И за тоа платив лично казна, осум ипол години затвор“ рече Адеми.
ЖЕНСКО ЈАГНЕ Рашела, изворно името значи „женско јагне“, несомнено е една од личностите кои се долго подготвувани да бидат самураи (пардон, самурајки) во редовите на ВМРО ДПМНЕ, ликови кои треба едноставно да ја исполнат својата ролја и веројатно да си заминат, откако ќе „ожнеат“ нешто за партијата која ја номинира за некоја функција и ќе си замине, ќе стане нешто како комета-опашкарка, која исчезнува од видокругот. Уфрлена е на јавната сцена од страна на експретседателот Иванов низ неговата институција „школа за млади лидери“ во февруари лани, непосредно пред неговото заминување од функцијата, вројатно како резултат на нечија до тогаш неостварена желба. Нејзиното образование и концентрацијата врз одредени сегменти на ветерината (главно) не се некаква препорака за предавачи за посебни политички вештини, но се покажа потоа дека таа е уфрлена во орбитата на политиката (на тоа предавање во Школата за млади лидери тогаш била и актуелната министерка за финансии Нина Ангеловска, што покажува дека таа трамбулина, без оглед на партиката обоеност, навистина добро функционира!) како некој чие име било извлечено многу претходно, ама веројатно заборавено или оставено на стен бај.
Таа не го објави датумот на своето раѓање во официјалната биографија, а по наши сознанија треба да има околу 45 години. Нејниот татко работел во „Макотекс“, своевремено елитна фирма од областа на надворешната трговија а мајка и’ беше адвокат, која свовремено не новинарите ја познаваме откако беше сместена во една канцеларија од ревијата „Просветена жена“.
ФИНАНСИСКА ЕЛИТА Деновиве токму мајката на Рашела – Љиљана Мизрахи е клучна алка за поврзаноста на Рашела со тогашната власт а сегашна опозиција. Додека Груевски бил министер за финансии а потоа и премиер членови на Управниот Одбор на Фондот на Холокаустот на Евреите бил се негови најблиски соработници: Мартин Протуѓер (канцеларија до онаа на премиерот) Мане Јаковлевски (еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ), Горан Трајковски (првиот човек на УЈП), Димитар Богов (гуварнер на НБМ од времето на вмроовското владение) и Марина Антиќ, велат блиска соработничка на Груевски уште од периодот кога тој бил министер за финансии. Претседател на Фондот била токму Љиљана Мизрахи, мајката на Рашела.
Дали познавате некоја институција или Фондација со така силна „репрезентација“ во УО? На што се должи ова, особено кога во Фондацијата се челните луѓе на финансиите и нивната контрола во државата, а нема, на пример, историчари или други Евреи, наши сограѓани,што би се очекувало?! Зошто се неопходни такви стручњаци за финансиско работење и трансакции?
Израелско – македонските врски во меѓувреме станаа многу интензивни а во нив учествуваше и интересот на Семејството, не само заради скапите очила за сонце на Груевски. За купувањето и чудните форми на плаќање од државен буџет на апаратите за прислушкување на телефонскиот сообраќај дознаваме од „бомбите“, зарем не… Како и да е во тие настани некаде младата Еврејка била извлечена во некаква кадровска лутрија, ама се гледа со умисла тоа да биде како ваучер за некаква кусотрајна трговија.
ПАРТИСКИ СЛОН Во функцијата во која влета, Рашела требаше да биде партиски слон во стакларската работилница. Да направи што поголема врева, театар ако може, да изигрува вревач која божемно ќе открива чуда, ама особено да биде бајрактарот на антизападната логика на партијата која ја избрала како „бранител на името и идентитетот“. Дека немаше никакви не само стручни, туку и елементарни административни квалитети се виде уште првиот ден на службувањето.
Рашела требаше наводно да открива незаконитости во работењето на претходничката, целосно без врска со нејзината основна функција во влада од „пржински тип“ а потоа лесно упадна во обврската да се бори против Преспанскиот договор преку својата бесчувствителност за товарот кој и се става да го износи – да биде во едем миг некаков клучен играч за меѓународната позиција ама и иднината на земјата! Навистина, имаше многу коментари деновиве дека таа има право на свое мислење за секое прашање, ама не за да не знае кои и се обврските и што значи дипломатска нота (те не ја видела истата, никој не и ја покажал, па значи дека таа не постои, и други глупости кои ги издроби пред новинарите) по како таа ја одредува судбината на земјата.а јавноста е фатена во . Една минорна појава наеднаш, по стек на околностите, во премрежието на важни настани, оние во Брисел, околу Унијата, дадоа прилика на еен спортски аналфабет да застане на белата точка и да „шутира“ можеби клучен пенал, во последните минути од натпреварот за влез во повисока лига!
ШТО Е ТОА ДИПЛОМАТСКА НОТА Нејзината заталканост најнапред ни донесе дипломатска нота од Грција, токму во мигот кога во Брисел се става квасецот во тњстото на идните релации со ЕУ а нејзиниот втор скандал беше наместен на денот кога се гласаше за ратификацијата на Севрноатланската повелба. Официјално, во ВМО ДПМНЕ се правеа дека се недоветни, дури шефот на партијата Мицковски им изјави на новнарите „ве охрабрувам прашањето за таблата да го упатите до министерката Мизрахи и убеден сум дека ќе добиете вистински одговор“, небаре тој не е „од тука“ и таа не е негиов министер во тој миг.
За ден потоа пратениците на ВМРО ДПМНЕ знаеме, не ја вадеа од уста во Собранието а кога изгореа со се езата за „Еврејката и жената“ со која ја бранеа, Мицковски се сликаше со Мизраи и напрви селфи под кое се потпиша како „дисиденти зошто ја сакаа Македонија“. Потоа истото го стори и познатиот хашки осуденик Јохан Тарчуловски кој најмалку може да говори за „ролјата на женаа во општеството“. Иронилчни коменари имаше на Инернет – бараа неговата сопруга Соња да се слика со Мизрахи, бидејќи таа беше „лизната од балкнот“ и заврши со сериозни телесни повреди во болница.
Добро, денес никој веќе не се сеќава на Мизрахи. Со сигурност може да се рече дека први ја заборавиле кадровиците во паријата која и ја додели ролјата во Министерството за труд и социјална политика.Таа ја оддвири својата партитура ролја а од ВМРО ДПМНЕ дури не и одбраа ниту наследничка. Веројатно и немаат резерва а згора таму пржинската влада ја гледаат во поинаква светлина! Впрочем, во Белата палачинка веќе се започнати меѓусебните изгизнувања на тамошните пирани, непосредно пред изборите а во екот на кроењето на пратеничките листи.