Фактот што Заев замина на одмор веднаш по прогласувањето на победата, може да е дел од неговите чести игри „ва банк“, своевидно коцкарско блефирање дека тој ги има потребните карти во рацете. Од друга странан некои забелешки на изборниот процес укажуваат дека на терен Мицковски како да работел и во корист на својот хипотетички партнер Ахмети, доколку се точни тврдењата дека во чисто македонски средини ДУИ добивал прилично гласови?! Тешко дека симпатиите таму ги стекнале со лозунгот „Албанец за премиер“
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Водат ли сите патишта после изборите за политичките актери во Мала Речица? На прв поглед сосема е логичко некој кој освоил со само 10 отсто од гласовите на излезените бирачи а вкнижил 15 пратенички места да биде и церемонијал мајстор! Според фактот што Ахмети прв му се јавил на идниот пратеник од шестката од СДСМ – Касами, кој беше со својата партија (БЕСА) во коалиција со социјал-демократите, се гледа дека и тој држи во својата рака некаква Рубикова коцка?! Има проблем, според медиумите да ги убеди најнапред другите албански политичари во својата „крунска визија“- да го потврди како премиер поранешниот новинар, пратеник и актуелен нотар Насер Зибери. Кој на масата на политичките преговори покажува сега прв нервоза?
Фактот дека ниту една од македонските партии не доби доволно мандати, ја крева цената на албанските партии кои сметаат дека се клучни во решавањето кој ќе добие мнозинство за формирање Влада. Во моментов во ДУИ владее триумфализам дека токму тие се клучот без кој не ќе може да се тргне во тој процес.
ТРИУМФАЛИЗАМ „Со 15 мандати ДУИ станува уште помоќна за почеток на преговори со македонските партии. Како што кажавме, оваа идеја е поголема од ДУИ и од која било друга партија. Затоа сакаме да ги обединиме и вклучиме сите албански партии, особено сите граѓани во нашата национална кауза. Али Ахмети и ДУИ веќе контактираа со другите албански партии за сериозни разговори за поддршка на идејата за албански премиер, кој ќе работи за сите граѓани и државата воопшто. Причината поради која ни верувате и гласавте без партиска боја, оставајќи ги партиите настрана, ни дава храброст и надеж за исполнување на обврската“, објави на Фејсбук кандидатот на ДУИ за таа функција, Насер Зибери.
Но, најмногу коментари и шпекулации предизвика портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, откако на Фејсбук ги објави бројките на сите освоени пратенички мандати, и тие ги стави на победничките крилја, во обид да се постави барабар со резултатот на победничката коалиција „Можеме“ а секако и со резултатот на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што на контото на ВМРО-ДПМНЕ ги додаде и двата мандата на Левица.
„СДСМ – Беса 46 (42 +4)“, ВМРО – Левица 46 (44 +2)“,. Многумина ова го нарекоа весела математика.
Она штои ја задржува во аналитичкиот видокруг оваа сметалка на Османи е фактот дека иста таква aлатка поседува и Мицкосвски и речиси истовремено ја изнесоа со портпаролот од Речица на виделина таа „модерна машина“ со тие црвени, бели, сини топчиња… Демек ВМРО има повеќе мандати во македонскиот блок (па и се одземаат на СДСМ четирите пратенички места добиени наводно од БЕСА) а се изедначуваат двата пратници на Левица со партијата „близнак“, онаа на Мицковски. Имено, во таа комбинација и за Османи и за Мицковски се изгледаше на крајот на изборите „пата-пата карти“ .
НЕМА МУЛТИЕТИЧНОСТ, ИМА АЛБАНЦИ И МАКЕДОНЦИ…Најпрвин овие две партии – ДУИ и ВМРО ДПМНЕ – се изедначени во погледите кои практично значи прифаќање на „моделот“ на постојани блокатори, кон реформите во областа на правосудството, пред се! Тие секако си имаат во соптвените редови и доста „клиенти“ во недовршените и идните судски процеси во судовите. Фактот е зачудувачки што и во седиштата на двете партии, во Мала Речица и во Шампитата не гледаат дека во изборните процес беа вклулени и припадници на другите етникуми – Роми, Турци, Власи, Срби и тоа најчесто како коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ! Понатаму, партијата БЕСА е коалиционен партнер и на изборите не стоеше одвоено, туку беше дел од „тројката“ на гласачкото ливче! Како пронајдоа дека некој кој заокружил тројка гласал за Беса издвоена од партнерот? И ајде тоа да е логика на Османи, ама стана резон и на Мицковски, кој како шпекулативен близнак покажа дека изјавите како да се прават во иста лабораторија!
Индициите дека ДУИ добива гласови на места каде албанските партии никогаш не добивале гласови а каде ВМРО ДПМНЕ може да помага на некој индиректен начин – да се обиде преку својата петта колона да ги тера потенцијалните глсачи на СДСМ да се насочат кон некаква алтернатива, да речеме. Зошто би го сторила тоа? Па проценила дека според испитувањата на јавното мислење дека таа нема да има победа а нема ниту коалиционен капацитет, па нашла начин да прави „пријателскам услуга“ во форма на создавање на старо-ново пријателствио. На конкретен начин.
БЕШЕ ЛИ ОБРАБОТЕНА ТРЕТАТА ИЕ? Ако се сетиме на тркалезната маса по гласањето на ТВ Телма, секако не може да порекнеме дека претставникот на ДУИ таа вечер беше задоволен со до тогаш освоените 12 пратенички места, потоа призна дека никогаш не помислувале на 13 или 14 пратении а во еден миг проструи вест, длабоко после полноќ дека добиле дури 15 пратеници. Во исто време – кога системот на ДИК беше исклулчен – присутниот претставник на ВМРОн ДПМНЕ Влатко Ѓорчев рече дека резултатот 10:10 во „тројката“ меѓу двете најголеми партии не треба да се земе здраво за готово и дека тука ќе има промени. Гледаше на кафе? И да напоменеме дека скорот на таа скепса на крајот беше – неговата „Левица“ доби еден пратеник на сметка на СДСМ.
Она што е позагрижувачки во ваквата презентација на резултатите од страна на споменатиот Османи, според аналитичарите, сугерира на создавање „алиби“, според некои анализи, дека за ДУИ не гледа разлика во бројките на двете македонски партии во контекст на претстојните разговори за мнозинство, или дека можеби тие разговори се веќе направени претходно токму во таква консталација. Сомнежите за ова ги подгрева и фактот дека бунтовната Левица не реагирала на ваквата „математика“ на ДУИ. За разлика од тоа, кога стана извесно дека Левица ќе влезе во парламентот барем со еден пратеник, нејзиниот претседател Димитар Апасиев експресно се огласи со кус статус на Фејсбук: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“. Добро, тој изрично одби да застане до СДСМ а со извесна временска дистанца одби да потврди дали во Парламентот би се дружел со својата колешка Силјановска.
ХИПОТЕТИЧКА КОАЛИЦИЈА ДУИ – ДПМНЕ Нема потврда дека имало претходни средби меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, . Партиски извори оваа тема ја ставаат само во идно време – дека „сега е нормално да следат разговори меѓу сите партии“.
Во однос на ставот за прв Албанец премиер, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по изборите изјави дека неговата партија има најголем кребилитет да формира влада, но и дека нема да прифати никакви услови за формирање владин состав. Во меѓувреме – гледаме – го изгуби во својата депресија и „детето“ Апасиев…
Дали во ваквата хипотетичка коалиција со Мицковски ДУИ може да биде комотна – за идно коалицирање ДПМНЕ мора да голтне многу кнедли, со кои пак го гради својот основен имиџ. Тука е и негацијата на Охридскиот договор, потоа Преспанскиот и Договорот со Бугарија, А каде тука би попуштиле во Речица?
Така, во предзиборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, во поглавјето „Интегрирана, стабилна и безбедна земја“, пишува дека за оваа партија членството на Македонија во ЕУ и НАТО е заокружување на македонската државност и отпочнување на процес на меѓународна афирмација на македонската култура, јазик и посебност. Но, се нагласува и дека „надворешен политички приоритет ќе биде запирање и попречување на сите идни иницијативи кои се започнати по националното понижување за проширување, продлабочување и лично интерпретирање на договорите потпишани од Заев и Димитров.“
Двосмислено, секако. Договорите се признаваат а изјавите на двајца политичари и активностите за нивна имплементација- не! Ваквата позиција остава простор за слободно толкување според потребата. Но, такви резерви не остава позицијата на ДУИ, која инсистира на премиер Албанец, на „уништување на биполарноста на двете најголеми македонски партии“ (Зибери), како и за клучни програмски определби на ДУИ: донесување и имплементирање на консензуално законодавство при одлучувањето и заедничка одговорност; десет стратегиски државни институции да бидат управувани заеднички од еден Македонец и еден Албанец, со заеднички права за потпишување; задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, почнувајќи од 5-то одделение; 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот договор, да се прогласи за национален ден; и постигнување консензус химната да рефлектира разновидност, сеопфатност и еднаквост. (Замислете овие цели биле „признати“ од гласачи во Истолчна и Југоситиочна Македонија!), Е овие услови можат да предизивкаат само граѓанска војна во самата ВМРО! За Левица е уште потешко да се замисли компромисот по овие прашања. Дури иако е тоа една соло партија на Апасиев.
Она што пак го прави Заев комотен е фактот дека тој од страна ќе гледа како ќе отапуваат барањата на ДУИ, што внимателните гледачи на гостувањето на Артан Груби на Канал 5 можеа и да го забележат. Ова темпо на користење на коректур-лакот во рацете на Груби, засега завиено, ќе остави поширок простор за разговори меѓу социјал-демопкратите и интегративците. Вториве,во таков случај лесно можат да ги направат разочарани своите гласачи.
Опцијата од инститрањето на своте зададени цели за ДУИ може да значи дека ваучерот за одмор нема да го искористат. Или дека – в обратен слулчај – ваучерот ќе го користи нивниот шпицен кандидат