На општините им се потребни повеќе пари и едуцира вели извршната Директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ
Вкупниот долг на општините во 2018 година изнесуваше 4 милијарди и 998 илјади денари. Истата година од државниот буџет им беа префрлени 3 милијарди и 32 илјади денари. Во моментов долгот на општините е над 3 милијарди и 800 илјади денари, што значи за три години се генерирал нов долг од милијарда и 866 илјади денари.
И во предвечерието на овие локални избори живи се дискусиите за долговите на општините и колку се тие солвентни и „ способни“ да ги покриваат милионските суми евра кои некаде се влечат со години и што станува со генерирањето нови долгови. Дополнително па што оваа тема и тоа како е потентна за партиски препирки кој градоначалник и од која политичка провиниенција направил поголеми долгови.
Вкупниот долг на општините во 2018 година изнесувал 4 милијарди и 998 илјади денари. Истата година од државниот буџет им беа префрлени 3 милијарди и 32 илјади денари. Во моментов долгот на општините е над 3 милијарди и 800 илјади денари, што значи за три години се генерирал нов долг од милијарда и 866 илјади денари.
Тетово е на врвот на листата најзадолжени општини чиј долг достигна околу 10 милиони евра или една третина од годинешниот буџет со што стана најзадолжена македонска општина. Охрид пак е на врвот на листата за долг по глава на жител, кој изнесува 123 евра.
11 општини меѓу кои Струмица,Тетово,Куманово,Струга, Дебар, Чаир,Кичево, Карпош , Охрид, Студеничани и Брвеница го сочинуваат најголемиот процент од вкупниот долг или 62%. Додека останатите73 општини споделуваат 38% од вкупниот долг.
За тоа со какви други проблеми и отворени прашања се судираат градоначалниците, разговаравме со Извршната Директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ. Перишиќ за НоваТВ, вели предизвик за решавање остануваат повеќе пари со кои би располагале општините како и едуциран кадар во делот на сите инспекциски служби. Но, затоа има реформи по кои сме на првата односно на втората позиција во регионот и во Европа, а тоа е електронската градежна дозвола.
Нова ТВ: Со кои проблеми најмногу се соочуват единиците на Локаланата Самоуправа, на што се жалаат најмногу градоначалниците?
– Основен проблем секако е недостаток на финансиски средства за функционирање на општините. Но има и други проблеми, како што се: недостаток на едуциран кадар за одредени надлежности, а највеќе за извршување на нспекцискиот надзор во сите области.
Нова ТВ: Колку од општините се поврзуваат меѓусебно за проекти од заеднички интерес. Од која сфера се тие проекти?
– Имаме безброј примери каде општините се поврзуваат, односно прават договори за меѓуопштинска соработка. Најчесто се тоа соработки поврзани со собирање на даноци на имот, урбанизам и градежно земјиште, комунални дејности и слично. Тоа се случува речиси секогаш кога некоја од општините ќе се судри со недостаток на капацитети во одредена област.
Нова ТВ: Дали некои од општините кои гравитираат кон пограничните зони, развиваат соработка со некоја исто така општина од пограничната зона од другата страна на границата?
-Тоа се случува пред се при реализација на проекти за прекугранична соработка, финансирани од ЕУ. Најдобрата соработка ја имаат остварено општините од Источниот и Југоисточниот регион, кои многу години по ред реализираат проекти со нивните партнери од Бугарија. Во последните неколку години се отпочна со реализација на проекти од прекугранична соработка и во останатите региони и тоа со Албанија, Косово, Србија и со Грција.
Нова ТВ: Како би ја оцениле меѓународната соработка како и со земјите од регионот со сличните на вас заедници. Дали разменувате искуства. Што е она што како искуство од македонска страна било применето надвор од нашите граници, и што е она што ние сме примениле од другите земји?
– Соработката со сестринските организации од регионов би ја опишала како одлична и многу пријателска. Околу 20 години работиме заедно со нашите колеги од сите земји, а се обидуваме да ги размениме најдобрите искуства, иако имаме различни надлежности во локалната самоуправа во разни земји. Ние како држава сме први во Европа и втори во цел свет кои воспоставија електронски систем за издавање на дозволи за градба. Колегите во регионот сакаа да им помогнеме и ним да воспостават такви системи, па ние тоа и го сторивме и им помогнавме на Србија, а потоа и на Албанија да воспостават електронски системи за издавање на дозволи за градба. Исто така работевме и со други земји, па очекуваме дека и тие ќе се јават со конкретно барање и нив да им помогнеме. Што се однесува на искуство кое сме го увезле од друга земја, би го издвоила БФЦ стандардот, или Бизнис пријателско сертифицирање, кое е пракса воспоставена во Србија а потоа применета и кај нас.
Нова ТВ: Депониите се рак-рана на македонското општество. Знаеме дека неколку градоначалници од источниот регион на државата, се организираа со цел решавање на овој проблем. До каде е овој процес?
– Во случајот на депониите уште во 2018 година се договоривме со Владата дека општините ќе им ја пренесат надлежноста на централните институции и тие многу побрзо ќе го решат проблемот со воспоставување на регионални депонии. Така и направивме. Значи во секој регион градоначалниците се организирани и чекаат да завршат постапките на централно ниво, за да се воспостават депониите.
Нова ТВ: Новина во процесот на децентрализација на локално ниво е и децентрализацијата на културните установи? Почна ли процесот и до каде сте дојдени?
– Децентрализацијата на културата е процес кој започна во 2005 година, односно на самиот старт на почеток на процесот на децентрализација во државата. Ние како ЗЕЛС, односно нашите членки, бевме многу незадоволни со тоа како тогаш беше димензиониран тој процес, а искуството од 16 години покажа дека сме имале право. На една од седниците на Владата, во месец јули се разговараше на оваа тема и добивме одговор дека Владата и министерството за култура уште еднаш ќе го разгледа својот однос кон ова прашање и ќе разговара со нас по истото.
(Нова ТВ)