Одложување на изборите за Хриситјан Мицковски можеби значат спас за неговиот рејтинг, ако не изведува шоу што може да биде забавно доколку не се со нив не се трупаат проблемите за функционирање на власта, која пак копнее за нормнално функционирање на институциите
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Иако ние сме по многу нешто различни на крајот излезе дека сме едно – кусо изјави после првата операција во земјава за трансплантација на срце од донор Жан Митрев, пионерот во трасирањето на приватното здравство кај нас. Заедно со негови колеги и лекари од другата приватна болница Систина, тој влез во кругот на професионалната синергија со екипата на хирургот Јовчев од државната Клиника за кардиологија. Веројатно мнозинството на граѓани во земјава влегоа во филмот дека „ете се можело“ мислејќи на некакво национално обединување на креативните сили, кои воделе кон други форми на „братство и единство“, на намалување на подвоеностите од рзличен вид во земјава. Ама, што би рекле некои од јунаците од романите на Бранко Ќопиќ „каде е тука дијалектиката?“
ВЕСТ КОЈА ТЕШКО СЕ ПРОБИ ВО МЕДИУМИТЕ Па, не треба да се биде видовит за да истата дилема на литературните јунаци не ја согледа во медиумите и овој празничен виикенд, кога сите сме во некои ровови, дури и кога јадеме некои колачи или сме порачале хамбургери по некоја кликни-јади агенција. Впрочем, реакциите на проопозиционите телевизии во саботата, на 23 мај, а тоа главно сите телевизии со национална фрекфенција, беа исклучително претпазливи во пласирањето на приказната за „задничката операција“ на Кардио. Некој требаше, вообичаено, да даде зелено светло а тоа се појавуваше срамежливо. Во неделата претпладне таа вест стана ударна, со доста прилози врзани за сите валери на сторијата. Социјалноте мржи, што не се под толку строга дисциплина, каде наредбите знааат да доцнат и во неделата испуштаа по некоја отровна стрела кон актерите на овој чин на „заедништво“; се рзбира, оценките беа главно бизарни – имаше забелешки за патиките на министерот Филипче (како ли ги видоа под опремата!), како и за тетовираната рака на еден од хируршката екипа… Првата забелешка требаше да даде асоцијација дека Филипче како лекар го нема нивото на колегите – хирурзи (да се најде некаква забекешлка, де) бидејќи патиките му даваат додатна височлина во однос на лекарите во класичните кломпи а за хирургот со тетоважа (иако таа шара на раката може да е од некаков додатен штитник!) се изнашлушавме какви луѓе си дозволуваат украсување на сопствената кожа. Демек не се достојни за професијата.
Овие забелешки се дел од нескриената омраза која се негува во штабот на ВМРО ДПМНЕ кон оние ликови од нашето совремие кои на било кој начин не се дел од вредностите на црвено-црната партија, или поточно не се сегмент на бројчаната состојба на здружението кое си го присвојува терминот париотско, каде персоналитетот одамна е заменет со нумеричка ознака кој и кога не е тетовирана е длабоко всадена, или како што вели колегата Тричковски – чипирана!
ЧИПИРАНАТА АРМАДА На оваа 200 илјадна армада е тешко да и се вгради механиката на враќање во лер, за да се изврши некаква маневра во насока на смирување на состојбите во општеството, кога тоа е видливо тешко дури и за самиот врв на партијата, кој белким се гледа барем еднаѓ дневно за да се договарт основните насоки. Па така во февруари акцентот беше, нели, ставен на тоа дека короната го спасила СДСМ од избори на кои би бил „столчен“ за сега тие да бегаат од гласачките кутии како ѓавол од крст. Имаше денови кога активистите на партијата, на сите фронтови се уште беа на линијата на колнење на социјал-демократите што не прифаќаат изборен мегдан а лидерите на партијата веќе, во претходното пиење на кафе, ја смениле лентата на автопатот на желбите и сега тие бараат одлагање на изборите за наесен! Или во еден ден да велат дека бројките на заболените се дуваат, додека на нивните теренски одработувачи им се дозволи дури да одат до таму да тврдат дека ковиот-19 не постои, дека е измислен, дека е дел од коалицијата Сорос – Гејтс. Не поминал ниту час а од истата режисерска одаја веќе грижливо се брои секој што ќе кивне, како доказ дека не треба да има изборно изјаснување на граѓаните. И одново во истата таа сала се бара или поточно – се тера ситуацијата по која државата треба да се ослободи од вонредните мерки, со поттекст – за да епидемијата биде видлива како што треба…
Навистина, на чипираните никако не им е лесно со Мицковски. Просто да ги сожалуваш. Има моменти кога тие „камикази“ кои чиниш дури и би се саморазболеле ако треба од корона, заради општите цели, но не знаат дали следниот ден нема да ги посипуваат со катран и ќе им лепат пердуви по телото, како доказ за нешпто … што и да е! Просто човек нема толку инвенција за да влзе во куклениот театар на мајсторите од Белата шампита.
УРНАТИОТ РЕЈТИНГ СЕ ГЛЕДА ОД СИТЕ АГЛИ Играњето на Мицковски на картата на одложувањето на сите процеси на разрешување од неволјите во државата, како спас од сопствениот негативен рејтинг не го спасува од тоа да прави нови и нови недоветности во сопствениот двор, што често прават карикатура-ситуации. Проблемот е секако што ова шоу освен што е забавно, сепак влијае на стабилноста на државата, бидејќи, ја остава без она што и недостасува – политичка нормалност, пред се функционирање со уставните институции.
Онаа дрскост со Словачка како земја која е наводно како нас, па нема парламент и одложува избори е дури и дрскост. Во американските весници постои тоа правило – ако не го знаеш одговор на нешто, измисли го! Мицковски понуди дури и да наброи други држави во иста заглавена ситуација како нас, иако би било интересно таа сиуација да се репризира и да видиме колку тој се снаоѓа на картата на светот.
Не даде одговор на таа груба измама со Словачка, кога си дозволи неколку дена да го нема пред камерите за д не добие прашање за таа лага (тоа е навреда и за земјата која ја посочува!) а тој пак се појави пред новинарите, овој пат со конекција за претходната голема лага која излезе од неговата уста. То е онаа за осветленоста на делови од телата каде се гледаше носењто на маски во теретаната каде тој и свитата дојдоа да ја одржат кондицијата во час и време кога тоа не беше дозволено. Најпрвин се рече во одобана на оваа пробрана и привилегирана дружина дека настанот бил од пред шест месеци а сега, дека маските и ракавиците биле од светлото во просторијата а на пресот од минатата недела Мицковски призна дека во однос на истрагата за тој настан се јавувал кај службеникот кој водел истрага. Телефонот го добил од „својот министер за внатрешни“ а јавувањето го направил лично и тоа секако може да се смета за класичен притисок врз јавен службеник. Попречување на истрага! Зошто би го имале тоа телефонирање и испраќање на мејл ако – како што вели – Мицковски и високите полициски служебници кои му прават друштво во јакнењето на биџепсите и рицепсите би биле невини?!
ОД СИТУАЦИЈА ВО СИТУАЦИЈА Ова сторија има свое пледоаје во настанот кога Мицковски е фатен како излегува од теретаната а за што постоеше алиби – бил да си ја земе опремата, која, нели, нема да му треба повеќе во ова корона време. Ако потоа пак одел во истата теретана ова алиби автоматски паѓа како камен во вода… Ете неволја.
Треба ли да заборавиме што претходно му кажа Мицковски на бигарскиот премиер Борисов: дека тој е „европејски човек“ бидејќи магистрирал во Италина а докторирал во Германија. Ова беше чиста лага во врска со неговото образование, чија хроника е залепена само за кабинетот на неговиот татко, професор на скопскиот Машински факултет. Но, Борисов ја објави снимката (што по професорката Каракамишева не би било чесно од негова страна). Ама, нели, не сме заборавиле дека кога Мицковски излезе од германската амбадсада каде беше повикан на разговор „во четири очи“ со канцеларката Меркел, тој на гладен стомак, што би се рекло, истакна дека разговарале за неговиот докторат во Германија! Мицковски толку верува во тие измислици околу своето обраование што е прашање дали тој навистина може да биде носител н некаква јавна функција а да не говориме за мандатар на некоја идна влада?
За жал атмосферата на лаги и шоуменства во јавната сфера гледаме дека е како короната – се шири. Ефенди реиз Сулејмани гледаме се пофали дека прогласува победа надд ирусот кај нас. Има некои кои велат дека тоа се должи на понесеноста од празникот Курбан Бајрам, додека некои други велат дека неговата тазе невста, помлада од него половина век, изнудува ненадејна храброст, па тој сега се поигрува со државата. Ете до каде доаѓаме со овие рандевуа со глупоста и приземноста.