Професорот Мајл Герхарт од Универзитетот на Северна Каролина, рече по повод атмосферата во американскиот Конгрес дека ако Конгресот не успее да го отстрани претседателот од функција, тогаш постапката за импичмент ќе го изгуби значењето
Спикерката на Претставничкиот дом на 4 декември побара да се спроведе постапката за импичмент на претседателот. На распит беа четворица правни експерти, кои дискутираа за уставната основа за импичмент на претседателот.
Сослушувањата доаѓаа ден откако Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом објави извештај на 300 страници, во кои претседателот Трамп се обвинува за злоупотреба при барањето од Украина политичка помош во изборите 2020 година, како и за обид за опструкција на Конгресот при истрагата на неговите бизниси.
„Претседателот за ова ги информирал Стејт департментот, Канцеларијата за буџет и менаџмент, која има информации за повлекување на воената помош, Одделот за одбрана, вработените во Белата куќа, кои одбија да достават документи во Конгресот. Претседателот им даде наредби на сведоци да не се појават“, изјави Адам Шиф, претседавач со Комисијата.
Трамп на Самитот на НАТО во Лондон ја критикуваше истрагата за импичмент, велејќи дека Републиканската партија никогаш не била пообединета од сега.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси побара од демократските лидери официјално да продолжат со постапката за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп, велејќи дека тој ја злуопутребил претседателската позиција.
Пелоси рече дека Трамп не ги следел нормите на претседателско однесување, прекршувајќи ја заклетвата дека ќе го почитува Уставот на САД, барајќи од Украина да отвори истрага против еден од неговите политички противници на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден.
„Фактите се очигледни. Претседателот ја злупотреби моќта да обезбеди сопствена политичка корист на штета на националната безбедност“, изјави Пелоси.
Иако таа не прецизираше рок за гласање, Претставничкиот дом би можел да гласа за имипчмент на Трамп пред божиќната сезона на крајот на месецот.
Тоа ќе овозможи постапката да се префрли во Сенатот во јануари, каде многу веројатно нема да се отстрани претседателот од функцијата.
Еден од професорите кои сведочат во Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом, смета дека нема доволно докази за отстранување на претседателот
Тројца правни експерти пред Конгресот изјавија дека претседателот на САД Доналд Трамп направил дела кои се основа за импичмент, а кои се поврзани со барањето од Украина да отвори истраги кои ќе му донесат политичка корист.
Професорот на Унивезротетот Харвард Ноа Фелдмен, рече дека со тоа што Трамп побарал од украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага против неговиот политички противник на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бјаден, направил голем криминал, нешто што е утврдено како основа за импичмент во Уставот на САД.
Памела Карлан, професорка на Универзитетот Станфорд, изјави дека претседателот на САД треба да одбие надворешно мешање во американските избори, а не да бара тоа да се случи.
Според неа, барањето на Трамп кон Зеленски е сериозна злоупотреба на моќта.
Професорот Мајл Герхарт од Универзитетот на Северна Каролина, рече дека ако Конгресот не успее да го отстрани претседателот од функција, тогаш постапката за импичмент ќе го изгуби значењето.
Републиканците, пак, кои го поддржуваат Трамп, го повикаа професорот Џонатан Турли од Универзитетот Џорџ Вашингтон, кој пак рече дека недостигаат докази за импичмент на Трамп.