Видливо опаѓа довербата во класичната демократија а скока вредноста на другите системи! Големите партии се во пад, многу мал пораст има Левица, што е само делумно во согласност со горенаведното. Преговорите со Бугарија се подржуваат или онака како што се водат (нешто над 30 отсто), или да се рпекинат и да се чека ЕУ да го сторив своето (29 отсто) а само 7 отсто се подготвени за прифаќање на бугарските барања. ВМРО ДПМНЕ нема поени за промени…
Истражувањето на ИРИ , објавено деновиве, покажува најголема загриженост кај граѓаните за темпото на пристапување кон ЕУ, за невработеноста и достапноста на вакцини против Ковид-19.
Пристапувањето во Европската Унија има 79 проценти поддршка од јавноста во С. Македонија. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека земјата денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57 на 32 проценти. Ова го покажуваат резултатите на истражувањето Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
„Одложувањата и назадувањата на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, неодамна поради ветото на Бугарија, се чини дека влијаат врз убеденоста на граѓаните дека може да има напредок во пристапниот процес“, вели Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. За среќа, додава тој, ова не го намали нивниот ентузијазам за потенцијално долгорочната цел за пристапување во ЕУ.
Најголемиот дел од граѓаните или 23 проценти ја наведуваат невработеноста како еден од најважните проблеми коишто ги мачат, додека 22 проценти од граѓаните сметаат дека пандемијата и загриженоста за достапноста на вакцини против Ковид-19 се најголем проблем со кој се соочуваат.
„Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Северна Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати“, вели Мекарти. Запрашани за економската состојба во семејството во споредба со минатата година, 43 проценти од испитаниците одговориле дека е иста а многу подобра била за само 1 отсто. Но за разлика од 2018та кога за дури 5 отсто била многу подобра.
Индикативно е дека паѓа довербата во демократијата воопшто – ако пред една година 61 отсто од населението ја смета деморкатијата како најдобар систем, сега тоа го мислат 51 отсто! Мислењето дка и другите сиостем и се еднакво скокнало од 16 на 24 отсто.а од 11 отсто на 17 отсто скокнал бројот на оние кои ценат дека другите системи се подобри!!
Индикативни се и податоците во однос на преговорите со Бугарија – 7 отсто сметаат дека треба да се прифатат барањата на Бугарија. Но, 32 отсто дека преговорите треба да се продолжат со поставување на црвени линии (како што сега стојат работите) а 29 отсто сметаат дека не треба да се прави ништо и да се чека ЕУ да ја заврши работата.
Ова национално репрезентативно истражување било спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година. Податоците се собрани преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Националниот примерок е 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе години и е дополнет со 1.285 интервјуа за примероци во одредени општини. Стапката на одговор е 66 отсто. Анкетата е спроведена со поддршка од Националната фондација за демократија.
Анкетата покажала дека граѓаните на Северна Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците или 53 проценти рекле дека би требало да се избере друг кандидат.
Доколку денеска се одржат локални избори, СДСМ би освоил 19% од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би имала поддршка од 16% од избирачите. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за која би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4% од гласачите. 21% одговориле дека не знаат за кого би гласале, а 9% дека воопшто нема да гласаат.
Ако денеска се одржуваат локални избори, од 744 испитаници во Скопје – 21% одговориле дека нивниот глас би го дале за СДСМ, 16% стојат зад предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, додека 8% го поддржуваат кандидатот на ДУИ. Предлгогот на ДПА за градоначалник е прифатлив за 7% од анкетираните и 4% би ја дале поддршката за кандидатот на Левица. Дваесет отсто од испитаниците одговориле дека не знаат за кого би гласале, додека 10% нема да гласаат
На прашањето кога размислувате за политичкиот живот на која личност гледате со најмногу симпатии, Зоран Заев е во водство со 10 отсто од испитаниците. По него е Христијан Мицкоски со 6 проценти а трет е Али Ахмети со 5 отсто.
На прашањето кои три министри од Владата најдобро си ја работат својата работа, 13 отсто прв го споменале Зоран Заев. Министерот за здравство Филипче бил прв избор на 6 проценти, додека Оливер Спасовски бил прв избор на 4 отсто.
Предност има кандидатот на СДСМ за Охрид, иако за сега за овој град ниту една од партиите не потврдила кандидат. Ако таму денеска се одржат избори за градоначалник од СДСМ би гласале 22%. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ би добила поддршка од 16% а 3% би гласале за Левица.
Воопшто за целата земја доколку денеска се спроведат локалните избори,СДСМ би освоил 19% од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би имала поддршка од 16% од избирачите. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за која би се одлучиле 8%.
Од политичките личности, Заев е прв според довербата на граѓаните, но со пад од 13 на 10 проценти за една година. На второ место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6 проценти доверба исто како и лани во февруари. Раст на личниот рејтинг имаат и изедначените Али Ахмети и Зијадин Села со по 5 проценти доверба, иако поголем раст има Села. Димитар Апасиев има раст на 4 проценти личен рејтинг на доверба, додека изненадувачки раст од 3 на 4 проценти има и бегалецот Никола Груевски. Следуваат претседателот Стево Пендаровски, изедначените Билал Касами и Венко Филипче. Најмногу анкетирани, 13 отсто рекле дека немаат доверба во ниту еден политичар.
Индикативно е дека во Куманово половина – половината е расположението дали Максим Димитриевски заслужува втор мандат.ама самата партија води многу над политичкиот противник со 22:16. За Теута Арифи, ако се кандидира 90 отсто од граѓаните не ја ценат, од кои 60 отсто многу енергично би и рекле – не. Сепак ДУИ води во оваа општина со 14 отсто, сдсм има 12 а Алијанса 10 отсто.
Во Гостивар Алијанса води со 17 наспроти 12 отсто на ДУИ ама половината од граѓаните не се сигурни дали би сакале Таравари одново да биде градоначалник.