БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Национализмот- како политика заснована на чувства- се шири затоа што ја враќа смислата во животите лишени од сите поранешни извори на смисла. Тврди во истата статија Вилијам Дејвис, политички економист.
Тој претчувствува дека „квазивоената мобилизација” на општеството може да содржи „терапевтски елементи” кои му недостасуваат на млакиот и на податици заснован наратив за напредокот.
Во феноменалната анализа „Праисторијата на поствистината, („Пешчаник”), Јан Вернер Милер го цитира познатиот грмански медиумски теоретичар, Бернард Прексен кој укажува на опасноста „индустријата на огорченост” да се трансфирмира во „демократија на огорченост” и во таа смисла предлага да тргнеме кон формирање на „уреднички” и „редакторски” општества. феноменалната анализа „Праисторијата на поствистината, (“Пешчаник”), Јан Вернер Милер го цитира познатиот грмански медиумски теоретичар, Бернард Прексен кој укажува на опасноста „индустријата на огорченост” да се трансфирмира во „демократија на огорченост” и во таа смисла предлага да тргнеме кон формирање на „уреднички” и „редакторски” општества.
Во кои „конкретната утопија” на норми ќе ги води новинарите и граѓаните преку неколку принципи, какви што се „насоченоста кон вистината”, „скептицизмот” односно преиспипување не само на надворешните значења туку и на себе и на своите ставови, „транспарентноста” во медиумската сфера, „оценувањето”, јасноста на финансиските ситуации и буџетирања.
Па ми дојде како некоја сатисфакција близината на моите ставови за кои толку време се залагам, со овие на познатиот германски теоретичар. Јас мислам дека технолошкиот развојој, кој меѓу другото се огледа во неограниченоста на комуникациите и во неверојатниот развој на социјалните мрежи, го уништи посредувањето на значењата што води во искривена слика на општеството за себе и во формирање на феноменот на „индустријата на огорченоста”, се разбира, не без темел во реалните состојби, но многу над нив, толку многу што ја искрувува комплетната перцепција и води во хаос и зло. И јас се залагам за истите принципи како и Прексен, а тоа значи за радикална реформа во медиумската сфера како аспект на вкупната трансформација на светот. Таа сфера, вака форматирана, не што е основа на популизмот и национализмот, туку е и самата популистички крик за ширење на катастрифизмот, омразата, неукоста, кретенизмот и безизлезот.
Состојбата во Македонија е највисок израз на тој феномен.
Национализмот- како политика заснована на чувства- се шири затоа што ја враќа смислата во животите лишени од сите поранешни извори на смисла. Тврди во истата статија Вилијам Дејвис, политички економист.
Тој претчувствува дека „квазивоената мобилизација” на општеството може да содржи „терапевтски елементи” кои му недостасуваат на млакиот и на податици заснован наратив за напредокот.
Мислам дека оваа убаво срочена дефиниција има најмалку три фалинки. Прво, тонењето во национализам на оние што ги загубиле сите смисли на животот, не е освојување на нова смисла затоа што скокот од четириесетиот кат тоа не може да биде, односно може да биде само десетина секунди до допирот со вистината на улуцата. Второ, на национализмот најчесо не паѓаат луѓе кои ја загубиле смислата на живитот, туку оние кои никогаш не ја ни имале. И трето, во национализмот влегуваат луѓето што на него гледаат како на голема фабрика за пари, вработувања и други бенефити, а не како на нова идеја за напредок на општото добро.
Каква смисла на животот загубил Христијан Мицковски за да почне да се глупира со спасот на македонската држава и идеја на така примитивен, вулгарен и безвезен начин. Тој мисли дека со Заев може да го направи тоа што со Црвенковски го направи Груевски. Тоа е комплетната негова програма. Освен Заев, внатре нема ништо друго, ако не го сметаме големиот дебел кур за народот. Каква врска има неговото секојдневно паламудење и трабуњање со општото добро. Не, тој не се фрла од 40. кат во освојување на нова смисла, туку цврсто оди по земјата освојувајки нови пари, хидрицентрали и други бизниси, умрежен со старите злосторници и со новите сили на злосторничката инсталација вмро-дпмне.
Каква смисла има загубено Катица Ќулафкова и каква смисла освојува во скокот од академското ниво, на нивото на простата маса. Како дошла на идејата дека глупирањето може да биде новата смисла на постоењето. Која смисла ја загубил Груевски за да мора компензација да бара во уништување на државата и на перспективите на два милиона луѓе, во пљачка на пет милијарди евра и во бегство од државата. Тоа со пљачката и бегството може да е нова смисла, но тоа нема врска со националните интереси за кои викаше дека ќе загине ако треба.
И така натаму.
Сите се во тој филм во кој прво се произведува огорченост, па „квазивоена мобилилизација” (Дејвис), а потоа врз таа основа се аплицира злото во форма на пљачка и општа финансиска, културна, политичка и морална деструкција.
Против политички организираниот популизам и национализам, односно против нивната „квазивоена мобилизација”, како апсолутно штетни феномени, набиени со смртоносни агенси, не можете да се борите така што ќе ги третирате како само еден политички фактор. Не можете да се борите само со аргументи кои се однесуваат на непосредната вистина затоа што тие аргументите не ги признаваат односно ги сметаат за потврда на своите тези кои се повикуваат на здравиот разум и чувствата и се по дефиниција контра аргументите и против вистината која тие ја сметаат дека е во нивните емоции. Мислам дека бесмислено е подавањето рака. Како политички и морален гест, бидејки вморонот инсистира на сопствената морална супериорност како дива свиња во пченка. Борбата мора да биде и културолошка и историографска во делот на историските мотивации и легитимации на популизмот и национализмот, мора да биде медиумска односно мора да почне од радикалното преобликување на медиумската сцена, мора да биде правно строга, а не попустлива поради националните сентименти. Тоа значи дека мора да биде прашање на комплексна и длабока општетсвена преобразба. Донтрината едно општество за сите може да биде резултат на тие процеси, а не инструмент.
Истовремено, „наративот на напредокот” заснован на аргументи, мора да ги здебели аргументите и да се обои со повеќе емоции и атрактивности. За што се потребни луѓе и техники. Аргументите, дури и кога се дебели, не се доволни.