Можно е претседателот на Македонија, смета ексамбсадорот на Бугарија во земјава, како заложник на една партија и самиот да даде отставка, со цел да предизвика правен хаос и дури да ги потврди резервите кон приемот на Македонија кај одредени земји-противнички кон ширењето на Унијата! Убиството на шоферот на министерот за внатрешни на Албанија ја засилува сликата за тоа дека Тирана е главен град на мафијашка држава!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Место да ги впрегнат силите со власта за конечен влез на земјава во Унијата и во Алијансата опозиционерите од ВМРО ДПМНЕ ја засилуваат својата реторика против Договорот. Челниците на оваа партија во првата реченица на нивните телевизиски настапи (а некој очевидно им ги отвора ширум вратите и ги остава без сериозен третман во настапите од страна на новинарите во тв студијата) да го кажат оној чиширан коментар „Заев лаже“ мислејќи при тоа на неговата констатација дека ние добивме зелено светло за влез во ЕУ и во НАТО. Дури приемот воАлисанта е веќе нешто толку многу поблизу, не само календарски, туку ни беше покажано од страна на генералниот секетар Столтенберг и столчето кое не чека во конференциската сала на воената органиузација и беше реченодека наскоро ќе може да присуствуваме на состаноците, иако процесот на целосната ратификација на Договорот со Грција нема да биде доввршен (предвиден е за декември 2018).
Говорите на челниците на споменатата опозициона партија се бласфемични, нелогични и без било каков рационален основ, но укажуваат дека и покрај првичните најави за соработка тие немаат намера да бидат конструктивни, веројатно под притисок на внатрешниот отпор (Фамилијата како фактор) и надворешниот чинител (интересот на Русија и нејзините сојузници на Полуостровот). Обидот да се смират духовите со најавениот референдум на кој гласачите би одлучиле за тоа дали сакаат да влезат во НАТО и ЕУ, опозицијата ја ишка како прспектива, или прижелкува резултатите да не се обврзувачки, а секако дека најдобро би било кога тој не би се одржал (бидејќи, нели, би рекле тие нуди „противуставно решение на крајот на процесот). Постои страв дека дури и да има бојкот од страна на опозицијата за излез на гласањето, тој вид на отпор нема да биде успешен односно дека власта ќе може да првилече доволно гласачи за себе и за позитивно изјаснување за овој историски момент!
Каде би била тогаш таа последна резервна варијанта со која би се одело дури и да се спречи референдумиот? Еве една интересна логика која доаѓа од едно софиско тв студио.
Имено, зборувајќи на една бугарска телевизија (БТВ)за ситуацијата во Македнија после одбивањето на претседателот Иванов да не го потпише указот со кој се дава правна сила на Договорот со Бугарија, ексамбасадорот во нашата земја Александар Јорданов изнесе една теза која е можеби малку разёгледувана кај нашите аналитичари (види https://btvnovinite.bg/bulgaria/aleksandar-jordanov-george-ivanov-shte-trjabva-da-podpishe-za-imeto-severna-makedonija.html).
Откако одговори на прашањето на новинарот – водител дека Иванов се брани за непотпишувањето со тоа дека програмски се обврзал да го чува Уставот ако биде избран за претседател – Јорданов излезе со контрастав дека едно е тоа да се кажее во кампања а друго кога ќе го добиеш мандатот. Тогаш всушност претседателот е должен да го чува Уставот кој има одредба дека не можеш два пати да одбиеш да потпишеш указ за закон кој го усвоил со доволно мнозинство во македонскиот Парламент.
Значи, вели Јорданов, во спротивно со одбивањето на ставањето на потпис претседатлот сстанал кршач на Уставот и не може да се прикаже како негов бранител!
Соговорникот на бугарската телевизија оценува дека Иванов е заложник само на една партија, онаа која го предложила за таа функција и тоа е исто така позиција која не е дозволива, бидејќи, тој мора да биде претседател на сите граѓани и да ги штити интерсите на сите во неа.
Индикативно е дека Јорданов споменува еден детал на кој претходно никој не обрнал внимание а тоа е дека (веројатно под влијание на партијата која го држи како заложник – н.з.) тој би дал отставка во еден миг, за да предизвика хаос, кој би ја спречил постапката за конечно усвојување на Договорот со Грција во роковите што се зададени и така да направи и уставна криза.
Оваа ситуација би ги засилила критиките на оние малку држави кои имаат резерви кон проширувањето на Унијата, смета Јорданов. Аргументот е дека овие земји немаат политичка сигурност, се нестабилни и во таа смисла неподобни за членство во ЕУ. Вордингот на врвот на ДПМНЕ е и насочен во таа смисла, тие се адвокати на француските забелешки: те не сме имале правна држава, имало корупција и слично, ставени во еден реторичлки и хистеричен сендвич, во кој ја нбема главнта состојка: дека за таа ситуација се криви пред се оние кои владееја со нас 11 години во континуитет.
Вста за извршеното убиство на шоферот на министерот за внатрешни работи во Тирана е доказ дека за некои случувања на Балканот постои уиграна варијанта – сега оние кои даваа отпор кон влезот на Албанија во Унијата, на пример, а кои велеа дека нашиот западен сосед е легло на криминалот, сега добиваат аргумент тоа да го пафтаат како „додатно потврден аргумент“ – ете мафијата ладнокрвно ја потврдува својата супремација среде Тирана.
А ете и Путин доаѓа во Белград.