ТЕОФИЛ БЛАЖЕВСКИ
Претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева Андреевска ја даде следата изјава која ја оценуваме како вистина:
„Жал ми е да кажам дека се покажува оти јавниот интерес е помалку важен од некои други интереси. Се прави еден правен вакуум во кој граѓаните се ставаат во една незавидна ситуација. Сега се отвора можност да се направи една ненадоместлива штета, материјална штета заради интересите на малкумина. Вредноста на имотот на многумина да падне, во интерес на малкумина. Ако се спроведат овие урбанистички планови за кои сме докажале дека не ги почитуваат основните урбанистички стандарди, дека не гарантираат безбедно и хумано живеење, за 30 дена ќе се направи ненадоместлива штета“.
[Извор: МКД– Јана Белчева: Одлуката на Уставен…– датум: 21.03.2019]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Изјавата на првата жена на Советот на Општина Центар, Јана Белчева Aндреевска, уследи по објавувањето на вчерашната одлука на Уставниот суд за времено укинување на мораториумите на повеќе детални урбанистички планови на Општината, кои беа воведени уште на крајот од 2017 г., кога на власт во таа Општина победи СДСМ и градоначалникот Саша Богдановиќ. Градоначалникот со тоа практично го спроведе изборното ветување дадено и на писмено во својата предизборна програма „План за живот“ во Општина Центар, за што Вистиномерминатата година даде оценка исполнето.
При донесувањето на одлуката за мораториум на над 30 детални урбанистички планови (ДУП), Богдановиќ тогаш изјави:
„Урбанистичко-планската документација за овие ДУП-ови не е во согласност со Генералниот урбанистички план. ДУП-овите се стари и планскиот период за кој се донесени е изминат“.
Одлуката од 27 декември 2017 година, беше донесена на тој начин што за секој ДУП за кој се става мораториум имаше назаначено што е утврдено како неправилност при неговото носење и таа одлука беше потврдувана 5 пати во 2018 година.
На последната прес конференција Богдановиќ јасно кажа што е основната причина за носењето одлуки за мораториум на ДУП-овите, од кои по ревизијата два веќе се одмрзнати, но со многу поеќе животен простор за граѓа
„Неизвршувањето на плановите, односно мораториумот беше во интерес на граѓаните и тие силно го поддржуваа и ја сфаќаме револтираноста и гневот кој го имаат по објавувањето на одлуката.ните“.
Одлуката од 27 декември 2017 година, беше донесена на тој начин што за секој ДУП за кој се става мораториум имаше назаначено што е утврдено како неправилност при неговото носење и таа одлука беше потврдувана 5 пати во 2018 година.
На последната прес конференција Богдановиќ јасно кажа што е основната причина за носењето одлуки за мораториум на ДУП-овите, од кои по ревизијата два веќе се одмрзнати, но со многу поеќе животен простор за граѓаните:
„Неизвршувањето на плановите, односно мораториумот беше во интерес на граѓаните и тие силно го поддржуваа и ја сфаќаме револтираноста и гневот кој го имаат по објавувањето на одлуката“.
Очигледно е дека спроведеното предизборно ветување беше во јавен интерес, односно во интерес на најголемиот дел граѓани што живеа во Општина Центар.
Претседателката на Советот, Јана Белчева Андреевска, тврди дека сега интерсот на малцинството победил над интерсот на мнозинството. Кое е тоа малцинство? Станува збор за инвеститорите на градежните парцели на ДУП-овите под мораториум, односно за градежните компании, поранешните сопственици на парцелите кои се здружиле со инвеститори за изградба на згради или деловни објекти и евентуално некои граѓани кои, можеби, исто така, веќе инвестирале делумно или целосно за купување стан или деловен објект.
Тоа се гледа и од повеќе јавни настапи на градежните компании и на архитектите на кои им застана работата, на настапите на одредени групации и здруженија при Стопанските комори. Впрочем, како иницијатори за преоценување на одлуките на Општина Центар дали се во согласност со Уставот се јавиле Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија, објавуваат медиумите.
Белечва Андреевска во разговор за Призма детално објаснува зошто мораториумот бил од јавен интерес и што откриле ревизиите на ДУП-овите:
„Со стручни анализи докажавме дека плановите не се во согласност со Генералниот урбанистички план и дека не придонесуваат за квалитетен развој, хумани услови за живот, безбедност и здрава животна средина. И таквите планови сега повторно влегуваат во сила“.
Образложението на одлуката на Уставниот суд не е објавено. Но, во прилог на оценката за вистинитоста на изјавата на Белчева Андреевска дека „јавниот интерес е помалку важен од некои други интереси“ и дека ќе се направи „ненадоместлива штета“, би потсетиле на неколку членови од Уставот на РМ:
Во член 2 пишува:
Во Република Северна Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Северна Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
Во Член 8 како темелна вредност во државата се наведува и следното:
Уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Ако граѓаните управуваат преку свои избрани претставници, јасно е дека Општина Центар ја претставува волјата на мнозинството граѓани во таа општина. А, тоа значи дека тие носат или треба да носат одлуки во јавен интерес.
Ако темелна вредност во државата е хуманизација на просторот, а при ревизија на ДУП-овите е констатирана дехуманизација на просторот поради дозволени височини и прентрупаност на објекти, тогаш е јасно дека некои други интереси се поважни штом се отфрлаат одлуките на Советот на Општина Центар, макар и времено.
Впрочем, самиот Уставен суд во образложение за еден друг ДУП во Општина Гази Баба и зошто решил да поведе оценка за уставноста и законитоста го навел, меѓу другото, точно член 8 од Уставот и алинеите 3 и 10.
Поради сè погоре наведеното, оценуваме дека изјавата на Јана Белчева Андреевска, според која „се покажува оти јавниот интерес е помалку важен од некои други интереси“, а која уследи по објавувањето на одлуката на Уставниот суд за времено укинување на мораториумите на повеќе детални урбанистички планови на Општина Центар, е вистина.
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.