АНА ЧУПЕСКА
Како би било, македонците и албанците овде, да престанат да се натегаат и заоѓаат ? А, особено нивните политички претставници да престанат со инфламаторните реторики и пироманија?
Мала земја, со богати природни ресурси, во која сите ќе бидат подеднакви; подеднакви и од наједнаквите. Замислете само како би било кога јавниот збор би немал поттикнувачко распалувачки последици?!
Но, во нашата/вашата земја, политичарите ги имаат целосно корпоративизирано етничките чувства на граѓаните, па така и (еднаквоста) е сведена само инстант фешн бла бла бла, изборни верглања. Па, наместо да се фокусираме на супстантивна рамноправност, продуктивност, еу перспективите, правилно искористување на фондовите, заштита на животна средина (сите подеднакво сме усмрдени и отруени), ние, сепак, сè уште мора да се занимаваме со тешка категорија на дебилни експозиции од претставниците на “народот” и етноцентризмот на кој не му се гледа крајот.
За сметка на тоа, како да го сфатиме фрлањето во заборав на ЕУ агендата? ВЛЕН, нели Вие бевте гарантор на уставните измени?! Се случи нешто во меѓувреме или… ?!
Оттука, веројатно и ЕУ агендата треба да ја соџвакаме во гулаш чија целисходност е врзана за локалните избори. ЕУ, имено, не само што е ставена ад-акта, туку тоа е на општа штета и тесна корист.
Второ, како да го разбереме маркетингот со формирањето на паралелна албанска академија?! Така што жакедонците, конечно, ќе се мора да се соочат со фактот за менталниот и интелектуален колапс на МАНУ, која што бележи историски драматични промашувања на линија на соживот (чест на исклучоците внатре) Но, тој научен еугенизам од али-експрес; не може да се заборави, за жал. И не би требало, всушност.
Сепак, проблемот на анахроноста со МАНУ убедена сум дека не може да се реши со паралелизам, туку, со ПРОГРЕС. Значи, сигурна сум дека нам ни треба ПАНУ (Прогресивна академија на науките и уметностите) а не две паралелни академи, од ист или сличен вид со етноцентро компетитивности. Потребна ни е ЕДНА вистинска, ама пред се ПРОГРЕСИВНА академија на науки и уметности, која ќе го следи духот на времето и современите предизвици. Замислете само колку добро би било тоа…
Но, ни ова не е изборно сврсисходно, така да, само може да си фантазираме на темава.
И ред други, “ветувачки” прашања, полека ја окупираат јавната сцена, за сметка на реланиот прогрес, особено уназадувањето во врска со ЕУ; патем, смутовите под радари не се исклучени.
На пример, остана енигма дали, и во кој размер, имаме инфо за разговорите меѓу двете делегации на Косово и МКД за Диво Насеље и Монструм? Прашувам, бидејќи нема храбар медиум да праша за ова. А убаво се сеќавам дека Аљбин Курти, токму по тој повод еднаш изјави дека нема доверба во правниот систем на земајава, па од таа позиција го проблематизираше кејсот со екстрадициите. Зарем ова не е битна тема?!
Значи луѓе, баталете го Африм Гаши, барем додека не се излезе со официјална изјава за настанот и неговата улога во тоа. Не се трљајте по албанофобните дразби. Џабе е. Затоа што под водата може да има тунел што е затнат за проток на информации. И реално, врска нема ова со македонско – албански “разнишани односи”.
Ви се молам!
Следно, по трет пат, од ДУИ, покрај издржаноста и точноста на аргумемтот за “легитимноста” на албанските претставници, се истура аргументација (исто така точна!) за етноцентричната приватизација во 90тите!
Но, што значи тоа?! Па, за нас граѓаните таа проклета приватизација е рак рана.
Кој се офајди од неа – Сите си знаеме.
Тоа се оние 0.001 % неолиберални акумулатори на првобитен капитал! На нив ли им де обраќате од ДУИ?! Ајде нека тоа биде поттик за ветинг во опсег таков што ќе ги зафати сите од независноста до денес.
Да видиме кој крал, а кој не јал ?
Па, што може да направи просечен граѓанин во земјата, опљачкан по тој повод, и во тие смрдливи околности за да се користи толку безвезна аргументација “исклучени од приватизацијата”. Во ДУИ, се чудам како е можно да не знаат дека од приватизацијата беше исклучен целиот народ, а фамилии се распаѓаа со стечајните постапки. Ова дури малце и навредливо е. Затоа и предлагам, ДУИ да покренат иницијатива за ветиг во опсег од 90- до денес.
Трето, до каде е комисијата за правична застапеност во Парламентот, таа новата !? Ајде соберете се, поставете агенда, викнете јавност, има теми за разматрање. Направете го тоа заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците.
Сакам да кажам, многу е тажно да се следи целата оваа инфламаторно пироманска реторика на политичките субјекти, и зошто на низок старт се ставаат македонско-албанските односи во услови кога баш и не мора тоа да биде случај. Особено не, доколку Премиерот има информации за можна дестабилизација на земјата….(за која убедена сум дека на јавноста и должи дополнително објаснување).