Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ГРЕЕ НА БЕНЗИН

September 22, 2021 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Во осмиот месец од годинава во споредба со истиот месец лани Заводот за статистика регистрираше пораст на цените на мало за 4,9%. Покапено е речиси се, од прехранбени до индустриски производи

КОЈ ЗАБЕЛЕЖУВА… Обичниот потрошувачот толку и не го забележува скокот на цените на бензините ама транспортерите секако го чувствуваат

АНЕТА ДОДЕВСКА

На почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се подаваше за 72 денари а Еуросупер од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува “Порталб“.  Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст од 4,9%.

Поскапа храна, земјоделски и индустриски производи, поскапи услуги – во август регистрирана е позначајна стапка на ценовен раст. Конкретно во осмиот месец од годинава во споредба со истиот месец лани Заводот за статистика регистрираше пораст на цените на мало за 4,9%.

Покапено е речиси се, од прехранбени до индустриски производи.

 

Ценовен раст август 2021/август 2020

 

Прехранбени производи                                                            4,2%

Земјоделски производи                                                              9,0%

Непрехранбени индустриски производи и тутун                       5,2%

Индустриски производи                                                              4,2%

 

Во глобални рамки ценовниот раст на прехранбените производи е последица на растот на цените на примарните прехранбени производи, Зголемената побарувачка на пченица во некои од големите економии како Турција, Иран, Индија од една страна а намаленото производство, пред се во Северна Америка, придонесува за зголемување на цената на пченицата која е базичен прехранбен производ.

Изминатиот период цените на горивата растеа во континуитет со што достигнаа нивоа највисоки во изминатите години. Па така на почетокот од септември литар Еуросупер од 95 октани се продаваше за 72 денари по литар а Еуросупер од 95 октани за 74 денари по литар. Само за споредба , лани во истиот месец цените изнесувале 60 денари, односно 62 денари за литар.

Во светски рамки се очекува натамошен раст на цената на нафтата.

“Се очекува значително посилен раст на цената на нафтата во 2021 година од очекуваниот во април, што во најголема мера е одраз на силната побарувачка, главно заради намалените рестриктивни мерки во глобални рамки, при истовремено намалени залихи на нафта и ограничување на производството на нафта од страна на ОПЕК“ – оценуваат од НБМ.

ТРАНСПОРТ Цената на транспортот е важен двигател на ценовниот скок

Стабилизација на цените на нафтените деривати се очекува додгодина а во меѓувреме според прогнозите,  инфлацијата во земјава ќе расте но ќе се држи во проектираните рамки за годинава, не повисока од  3 отсто.  Она што е значајно е дека дел од ценовниот раст е “увезен“ – односно поскпаувањата дома се и последица на инфлацијата со која се соочуваат и другите земји во регионот и во Европа а се наши стратешки трговски партнери.

“Нагорната ревизија за 2021 година се должи на очекувањата за повисок ценовен раст кај речиси сите наши увозни партнери, а најмногу кај Германија, Србија и Хрватска2 , додека за 2022 година речиси сите земји имаат сличен придонес за нагорната корекција“ – соопштуваат од Народната банка и додаваат:

“Инфлацијата остварена во периодот јануари – јули, во просек од 2,5%, малку ја надминува очекуваната во априлскиот циклус проекции, при нагорни ревизии кај очекувањата за растот на увозните цени, чие движење е исклучително променливо и неизвесно, а со тоа и нивното влијание врз домашните цени“ .

Растат цените – растат и трошоците за живот, најмногу кај транспорот за 13,5% во август годинава во споредба со истиот месец лани, кај хотели и ресторани трошоците на живот се зголемени за 4,8% а за храната, алкохолот, тутунот растот е нешто над 4%.

 

Трошоци на живот август 2021/2020

 

Масла и масти                                    27,1%

Зеленчук                                               16,4%

Гас                                                           21,2%

Течни горива                                        19,1%

Транспортни услуги                             16,6%

 

Според последните оценки на Министерството за финансии инфлацијата годинава нема да надмине 2,1%. Во Еврозоната инфлацијата во август достигна 3 отсто и според анализата на Евростат, најголемо влијание врз растот на инфлацијата во Еврозоната има зголемувањето на цените на енергенсите во август од 15,4 проценти на годишно ниво.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ
БОБ ВИЛСОН: АЈНШТАЈН НА ПЛАЖАТА
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (2)

Најново

  • ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
  • ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet