Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ПОДГРЕВА НА ТИВОК ОГАН

April 13, 2021 Filed Under: Македонија

Новата цена на маслото за јадење ја отвори темата за цените и нивниот скок

ЦЕНИ Трошоците на живот растат …

АНЕТА ДОДЕВСКА

Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат со почетокот на оваа година. На крајот од третиот квартал статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто. Дел од трговците со увозна стока – пластика, кујнски производи, керамика велат дека не само цените на храната , допрва ќе  растат  и цените на другите производи.

Текстил, производи од пластика и од метал – голем број на увозни производи поскапуваат. Трговците велат дека изминатиот период се соочуваат со драстично повисоки цени на различен асортиман на производи кои ги увезуваат од Кина и од Турција.

„Во продавницава сите цени ќе морам да ги зголемам. Пластични производи за во бања и за во кујна, порцелански производи – се што увезував од Турција сега е со многу повисока цена. Ако не ги поскапам производите – треба да го затворам дуќанот “ – вели Елена,  сопственичка на продавница во Скопје.

Слична е состојбата и во трговијата со текстил.

„Увезувам текстилни производи од Кина и од Турција. Минатата недела кога правев нарачка, за истата сума што досега ја плаќав ми кажаа дека ќе добијам преполовена количина на производи што вообичаено ги увезувам “ – објаснува еден трговец со текстилни призводи.

Годинава е јасно дека започна со ценовен бран. Очекувањата се дека инфалцијата ќе се „подгрева“ поради повеќе фактори. Според најновата Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП што ја прави Народната банка очекувањата за ценовен раст се во нагорна линија. Така, наместо прогнозираните 1,5% во претходната анкета, сега очекувањата се позиционирани на 1,8% за годинава и 1,9% за следната.

„Испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања со следниве фактори: досегашните остварувања на стапката на инфлација, неизвесноста предизвикана од пандемијата на ковид-19, повисоките цени на храната и енергијата, како и цените на увезените добра. Исто така, испитаниците сметаат дека постепеното надминување на кризата, монетарните и фискалните стимули, растот на домашната побарувачка, како и закрепнувањето на економијата би придонесле кон повисок раст на инфлацијата“ – се наведува во Анкетата.

Растот на цените веќе се чуствува во секојдневието.

„За кратко време зејтинот поскапе многу. И другите основни призводи. Цените растат, а е криза“ – вели една наша сограѓанка.

Цени на мало март 21/20

Индустриски производи                                         2,9%

Прехранбени производи                                        1,5%

Услуги                                                                           2,5%

Земјоделски производи                                           1,0%

ПОТТИКНУВАЊЕ Маслото за јадење со новата пазарна вредност отвори некои заборавени теми

Во март во споредба со истиот месец лани цените на мало се зголемени за 2,6%. Ценвниот раст практично и значи и дека се зголемени трошоците на живот – односно дека живеачката станува поскапа. Позначаен раст на трошоците за живот во март се регистрани токму кај основните потреби.

Трошоци на живот март 2021/20

Масла и масти                                  14,0%

Леб и жита                                           1,6%

Зеленчук                                               1,9%

Шеќер, џем, мед, чоколада             2,3%

Кафе, чај, какао                                   1,3%

Кај алкохолните пијалоци и тутун во март регистриран е пораст на трошоците за 4,3% , за домување, вода, електрика, гас и други горива за 4,5% , а за здравје трошоците во споредба со март лани се зголемени за 2,5%.

Подгревањето на инфлацијата започнува на крајот од минатата година и трендот се очекува да продолжи.

„Во четвртиот квартал од 2020 година годишната стапка на инфлација умерено забрза и изнесуваше 2,2%. Инфлацијата во овој период е над очекуваната за кварталот во рамките на октомвриската проекција, а отстапувањето во најголем дел се поврзува со растот на прехранбената и енергетската компонента, додека движењето на базичната инфлација е во согласност со очекувањата. За целата 2020 година, годишната стапка на инфлација е согласно со очекувањата и изнесува 1,2%“ – наведуваат од Народната банка

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet