Нема сомнеж дека кметицата решила да го идологизира до крај своето поставување на чеко на градот. Нејзината „емелна истрага“ веднаш дава конекција со адресата од личната карта која ја имаше
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, изјави дека градската администрација што ја предводи со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.
– Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е – рече Арсовска во интервју за Инфомакс.
Таа додава дека два месеца се обидувале да откријат каде е ставен.
– Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните – додаде Арсовска., дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.
Да се потсетиме дека споменикот беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како дел од проектот „Скопје 2014“, а беше пријавен како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Никој од претходните власти, ниту од неговите донатори, никогаш не објасни зошто споменикот на Ќосето во тој облик, и со нож во раката, беше поставен токму пред Врховниот суд, и која е симболиката на тој чин.
Министерството за култура предходно утврди бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. СЈО отвори истрага за спомениците кои беа поставени како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Ова здружение во владеењето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ донираше уште четири споменици во Скопје: на Михајло Апостолски, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и Никола Русински. Јавноста никогаш не дозна од каде ова Здружение ги обезбедило средствата за изработка на спомениците.
Од ова Здружение немаше реакција во врска со отстранувањето на споменикот.
Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот (1855 – 10 септември 1953) својата дејност ја започнал како терорист на Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.
Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со двајцата браќа и двете сестри. Откако неговиот татко е уапсен и одведен во Солун, се преселил во Велес, кај својот чичко.
Живеејќи во Велес Андон убил истакнат Турчин и избегал во Солун, каде што се приклучува на Македонската револуционерна организација и првично извршува терористички задачи. Се запознал со Даме Груев и добива наредби директно од него. Потоа станува пајтонџијата на доктор Христо Татарчев, со што ја крие својата нелегалната дејност. Во тоа време во Солун пристигнал неговиот постар брат Никола, кој се ставил во услуга на турските власти. Андон Ќосето сам предложил да го убијат брат му, за да не ја издаде организацијата, што и се случило. Учествувал во ликвидацијата на српскиот ренегат во Солун Пејчиновиќ.
Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со помош на гевгелиските раководители Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го ликвидираат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот. За кратко време се вратил во Солун, но морал да стане илегален за да не биде уапсен од властите.
Заедно со четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов – Попето изнудиле пари од првенците во селото Горно Броди, а потоа го обиколиле Кукушко. Ќосето со неколку работници на Организацијата, одвлекол еден чорбаџиски син за кој по 25 дена добиле 1 000 лири. Поради несогласувањата со четата заминал за Бугарија каде бил уапсен од бугарските власти. Гоце Делчев и Антон Бозуков издејствувале негово ослободување. Во Софија извршувал наредби на Гоце. Заедно со Гоце Делчев и Михаил Апостолов учествувал во неуспешно грабнување на едно струмичко бегче. Учествувал во Аферата мис Стон, бил задолжен за ослободување на грабнатите. На 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци, во непосредна близина на Струмица. (Во други документи се вели таа улога ја имал многу поучен комита од него!).
Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта. Од селото Просениково четата на чело со Ќосето се упатила кон границата и успеале да стигнат во Ќустендил во средината на декември 1903 година.
По востанието ја организирал и подготвувал на селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, во 1905 година се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради своја терористичка активност и блискот со Серчани, по убиството на Борис Сарафов (кој еднаш го спасил!) и Иван Гарванов, бил затворен неколку месеци, меѓутоа бил ослободен.
Со почетокот на Балканските војни во есента 1912 година Андон Ќосето заедно со Јонко Вапцаров, Георги Занков, Тоше Колчагов, Таско Кочерински, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други, формираат чета на чело Христо Чернопеев. Заедно со 12-а чета од 27-ми чепински полк, четата ја напаѓа Мехомија. Потоа тој служел во штабот на 13 кукушка дружина. Андон Ќосето умрел во Горна Џумаја во 1953 година
Центар за настани поврзани со културната автономија на Македонците во Пиринскиот регион беше градот Горна Џумаја, каде што во тоа време живееше Ќосето. На 23-24 мај 1948 година во Скопје се одржа вториот Конгрес на Народниот фронт на Македонија на кој говор одржа и Претседателот на Народна Република Македонија, Лазар Колишевски. Тој истакна дека Договорот од Блед е од големо значење за македонскиот народ и во Народна Република Македонија и во Пиринска Македонија. Колишевски ги истакна придобивките за македонскиот народ од културната автономија и постигнатите успеси во тој поглед. Врз основа на тоа, Колишевски рече: „Сите овие успеси што се постигнати во Пиринска Македонија во градењето и развојот на националната култура, како и во проучувањето на литературниот македонски јазик, зборуваат сами за себе колку е голема, големата жед на нашиот народ во Пиринска Македонија да го совлада своето книжевно творештво во најкус можен рок. Делот од говорот на Колишевски во врска со обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија предизвика позитивни емоции и чувства кај многу Македонци во Пиринскиот регион и во Бугарија воопшто , вклучително и Андон Ќосето. Оттука, скоро еден месец по говорот на Колишевски на 9 јуни 1948 година, Андон Ќосето испрати поздравна телеграма до Лазар Колишевски.
Во него, Ќосето вели:
„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив.“.
Андон Ќосето починал во Благоевград, во 1953 година. Половина век земал пензија од бугарската влада.