Генералот Џонс вели дека нападот врз беспилотното летало не е испровоциран со ништо. Џефри Едмондс вели дека руските воздухопловни сили и руската морнарица имаат долга историја на прилично ризично однесување
Што, по неодамнешниот инцидент со беспилотнo леталo над Црното Море? Како треба да одговорат САД, и какви се безбедносниte импликации, ако Русите можат да стасаат до беспилотно летало и за можноста за руско-иранска соработка? На овие прашања, грузиската редакција на Гласот на Америка разговараше со генералот Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама и поранешен командант на европските командни сили на САД.
Како го оценувате најновиот развој со инцидентот со рускиот борбен авион и американскиот дрон. Со какви безбедносни импликации се соочуваат САД?
Џејмс Џонс: Па, мислам дека ова беше напад во меѓународниот воздушен простор. Тоа беше неиспровоцирано. Тоа е сериозен инцидент и не се движи во вистинската насока. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи. Јасно дека имаа намера да го спуштат на земја, не со соборување, туку со полевање со гориво. Ми изгледа дека пилотот можеби погрешно проценил и всушност удрил во пропелерот, и тоа ја предизвикало, самата несреќа.
Пред неколку години Иран успеа да стаса и до едоo од американските беспилотни летала. Сега, ако Русите го анализираат ова беспилотно летало, дали постои закана од соработката на Русија и Иран за поддршка на инженерството на оваа чувствителна воена опрема?
Џејмс Џонс: Секогаш е ризик. Знаете, мислам дека пред неколку години, Кинезите ја истражуваат технологијата. За последниот дрон, ќе биде многу тешко да се лоцира поради длабочината на морето, каде се урна, така што, шансите за пронаоѓање, од она што го слушам, се многу мали.
Има информации дека беспилотното летало веројатно потонало во големи длабочини, но САД имаат опции, според американски генерали. Но, САД немаат поморски површински бродови во Црното Море. Со оглед на тоа, кои би можеле да бидат тие опции?
Џејмс Џонс: Па, ќе беше подобро да ги имавме последните снимки кои би можеле барем да се обидат да го лоцираат. Верувам дека е многу тешко да се реконструира дронот.
САД сметаат дека тоа биле директни наредби до пилотите на борбените авиони од страна на Кремљ. И денес видовме дека рускиот министер за одбрана им додели награди на пилотите за вознемирувањето на дронот. Исто така, и генералот Курила рече дека САД во последно време гледаат зголемено непрофесионално однесувањето на руските воздухопловни сили. Како го гледате на овој инцидент? Дали ова се вклопува во моделот на руското однесување против САД или тоа е нешто што е под влијание на руската војна во Украина?
Џејмс Џонс: Мислам дека е се заедно. Мислам дека сето тоа е поврзано . Ова не беше изолиран потег од страна на Русите, мислам дека можеби самиот Владимир Путин дал одобрение да го направи она што го стори рускиот пилот. Тоа е ризикот, што тие го преземаат. Немам сомневање дека имаме опции да направиме различни работи и да се одмаздиме. Мислам дека никој не сака војна со Русија. Но, ако Русија ги засили своите воени непријателства против нас, тогаш немаме друг избор освен соодветно да одговориме.
Сега, никој не сака да оди во војна, но каков треба да биде одговорот?
Џејмс Џонс: Не сакам да разговарам за тоа, отворено и јавно преку медиумите, но можностите на САД и воениот капацитет, далеку ги надминуваат руските капацитети. Видовме дека тоа се илустрира и графички во војната во Украина со руската армија. Значи, да сум на местото на Владимир Путин, би бил загрижен.
Во ексклузивно интервју за руската редакција на Гласот на Америка, Џефри Едмондс, поранешен директор за Русија во Советот за национална безбедност и виш аналитичар во истражувачкиот центар на ЦНА се осврнува на сослушувањето на комисијата за вооружени сили на Сенатот при што беше нагласено зголемување на непрофесионалното однесување на руските воздухопловни сили.
Стејт департментот, сепак, посочи дека соборувањето на дронот најверојатно не било намерно од руска страна. Можете ли да ни помогнете да разбереме што најверојатно, се случило?
Џефри Едмондс: Секако. Руските воздухопловни сили и руската морнарица имаат долга историја на прилично ризично однесување барем во споредба со две западни воени сили. Овој вид на интеракција не е нов. Се согласувам со администрацијата на САД дека најверојатно ова не било намерно. Имаше многу луѓе кои веднаш на Интернет изјавија дека ова е стратешка порака, директно од претседателот Путин. И не верувам во тоа, затоа што едноставно не му кажуваш на пилотот да го насочи својот авион во нешто за да испрати порака до некој друг, бидејќи тоа испраќа многу чудна порака..
Со оглед на севкупното воено распоредување во регионот, дали се чекаше да се случи таков инцидент? И, дали беше неизбежно во извесна смисла, само гледајќи како се развива конфронтацијата во моментов, и како се одвиваат работите на теренот?
Џефри Едмондс: Мислам дека веројатноста за вакво нешто се зголеми во војната. Русите летаат со авиони покрај САД на прилично редовна основа. И она што го мислам поради зголемените тензии во регионот кои би можеле да ги наведат овие пилоти кои веројатно се насочени да вознемируваат, да бидат малку поагресивни. И така мислам дека само со оглед на зголемениот број на извидување што го вршиме, зголемената општа воздушна активност во регионот, мислам дека вакво нешто веројатно ќе се случеше.
И дали е тоа некаква иницијатива од пониско ниво? Дали, доаѓа од врвот на Кремљ?
Џефри Едмондс: Мислам дека е тешко да се каже зашто има неколку различни фактори. Најверојатно им било наредено, барем да го придружуваат дронот. Откако ќе им биде наредено да придружуваат, постои култура меѓу руските воздухопловни сили и руската морнарица на „вжештени глави“ – да бидат многу агресивни со нивните авиони и со нивните бродови на ист начин како што и би вршеле опасни маневри. Значи, не е јасно дали им било кажано „да покажуваат мускули“ или само да придружуваат. А придружбата, излегла од контрола. Не знаме, без разлика, дали тоа било режирано или не. Рускиот амбасадор во Вашингтон се изјасни за инцидентот и беше повикан во Стејт департментот да даде објаснување, а тој рекол дека американското беспилотно летало, според руските извори, собирало разузнавачки информации за украинските сили. Тој потсети и на потенцијалот на овој тип на беспилотни летала да носат бомби, што беше потврдено од извори на Њујорк Тајмс. Не носеа бомби, но потенцијално е можно. Не знам дали се користат за Украина или тоа е само за наши цели, не е јасно, но, ние со години летаме дронови во истата област. Овде нема ништо ново, но руската влада, генерално не ги признава меѓународните бариери и граници.
Зборувајќи за пошироката слика на теренот, како ги оценувате обидите за конфликт што се случија во последните два дена?
Џефри Едмондс: Секретарот Остин разговараше со нив и тоа е добра работа. Мислам дека тие линии се отворени и повеќето луѓе не го разбираат тоа. Всушност, за двете страни е многу лесно да разговараат, ако и двете се согласат. Мислам дека ова беше добра ситуација кога тие практикуваа многу внимателен протокол за се уверат дека има ненамерна ескалација. Сигурен сум дека им соопштивме на Русите, дека тоа е целосно неприфатливо. Како што реков, на дронот му беше дозволено да лета во таа област.
Колку Вашингтон е сега загрижен поради тоа што овие беспилотни летала завршија во рацете на руската војска?
Џефри Едмондс: Мислам дека очигледно не би сакале да бидат во рацете на Русија. Но, дури и Русите да успеат да го анализираат, многу е тешко да промени нешто. Дури и да можат да осознаат како е составен и што е неговата функција, не можат да го користат. Тие, едноставно, немаат средства, поради западните санкции во моментов.