Иран го обвини Израел за напад со беспилотно летало врз воена локација во градот Исфахан неодамна. Ова за миг ја отргна за миг јавноста од борбата за женски права во оваа држава
Амбасадорот на Иран во Обединетите нации рече дека разузнавачките служби укажуваат дека Израел е „одговорен за овој обид за агресија“.
Иран, рече тој, го задржува правото „одлучно да одговори на какви било закани“ од Израел.
Израелските власти ниту потврдија, ниту негираа дека стојат зад нападот, за кој Иран рече дека предизвикал мала штета, иако тоа не е независно потврдено. Во последните години Израел и Иран водат „војна во сенка“ во форма на напади врз имот, инфраструктура и граѓани.
Властите во Израел и Иран ниту еднаш официјално не презедоа одговорност за тие акции.
Се верува дека Израел извршил напади врз, како што вели, иранските конвои кои транспортирале оружје на екстремистите во Либан, како и дека ги саботирал иранските нуклеарни постројки и убиле некои од неговите нуклеарни научници.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран, кој го негира правото на Израел да постои, дека планира напади врз воени и цивилни цели.
Исто така, се верува дека и Иран и Израел извршиле напади врз бродовите на другата страна.
Во писмото до генералниот секретар на ОН, иранскиот амбасадор го обвини Израел за „обид… да изврши терористички напад врз комплекс работилници“ што му припаѓа на Министерството за одбрана на Иран.
Тој не откри какви докази има Иран за тоа.
Целта на последниот напад на локација во Иран е нејасна, иако извештаите сугерираат дека тој може да биде поврзан со производство на ракети. (Руската армија во Украина многу ги користи токму овие ракети – н.з.).
Иран објави дека едно беспилотно летало било уништено од противвоздушна одбрана, а две биле заробени од „одбранбени стапици“.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Нетанјаху рече дека Израел „презел мерки против развојот на одредени оружја“ во Иран, но ниту потврди ниту демантираше дека го нападнал местото Исфахан.
„Никогаш не зборувам за конкретни операции… и секогаш кога ќе има експлозија на Блискиот исток, Израел се обвинува или се смета за одговорен – понекогаш сме, понекогаш не“, рече тој.
Известувањето за една од најголемите меѓународни стории во моментов е постојан предизвик за новинарите на персискиот сервис на Би-Би-Си, на кои не им е дозволен влез во земјата, секојдневно трпат малтретирање, а членовите на нивните семејства се прогонувани.
Иран е во метеж од септември, кога смртта во притвор на 22-годишната Махса Амини предизвика масовни протести поради задолжителниот хиџаб и другите ограничувања – што доведе до повици за промена на режимот.
Ова значеше деноноќна работа за персиските новинари на Би-Би-Си.
Но, известувањето за настаните во Иран не е само логистички предизвик, туку има и сериозни лични последици.
Претставниците на иранските власти постојано ги малтретираат, што доведува до трајни последици по животот на новинарите.
Во октомври 2022 година, иранското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое ги става новинарите на Би-Би-Си од Персија на списокот на поединци и организации санкционирани за, како што рече, тенденциозна поддршка на тероризмот и поттикнување насилство и говор на омраза и кршење на човековите права.
Персиските новинари на Би-Би-Си добија на интернет смртни закани и закани за ужасно насилство, како и илјадници оркестрирани заканувачки коментари.
Членовите на нивните семејства во Иран, исто така, пријавија зголемено сериозно вознемирување, како што се судски покани и закани, бидејќи членовите на нивните семејства продолжуваат да работат за Би-Би-Си на персиски јазик.
Критичарите се вознемирени и од оние кои веруваат дека политиката на претставување на верзијата на настаните на иранските власти, како дел од известувањето обезбедува платформа за поддржувачите на режимот.
Во новиот документарец на Би-Би-Си – „Известување за Иран: внатре во персиската редакција на Би-би-си“ – дописникот, Џијар Гол, е снимен како го малтретираат антивладините демонстранти во Берлин, извикувајќи „Би-Би-Си на Ајатолахот“.
„Знаете ли колку членови од моето семејство моментално се во затвор?“, им одговара Џијар. Во случајот на главната водителка Рана Рахимпур, кога нејзиниот разговор со едно иранско семејство беше прислушуван и потоа уреден за да изгледа дека ја поддржува владата, критичарите го искористија како наводен дополнителен доказ дека непристрасноста на Би-Би-Си всушност значи дека работи со владата .
Притисокот што иранската влада го изврши врз неа дури ја натера да го предупреди училиштето каде што одат нејзините деца да бидат особено внимателни кога станува збор за нивната безбедност.
На новинарите на BBC не им е дозволено да работат во Иран, па затоа се потпираат на социјалните мрежи за да откријат и да проверат што се случува на терен.
Кога станува збор за овие неодамнешни протести, тоа се покажа како неопходна алатка. На пример, кога новинарите ќе слушнат дека некој демонстрант е убиен, првото нешто што обично го прават е да го пребаруваат профилот на социјалните мрежи на лицето за следбеници со исто презиме.
Кога роднините ќе одговорат, информациите што тие ги даваат може дополнително да се проверат од другата страна, како што се потврдите за смрт и извештаите на судскиот совет.
За време на големите приказни како оваа, работата на Би-Би-Си не е само да известува за настани, туку и да ги одделува дезинформациите од вистинските докази.
Алатките за онлајн мапирање се користат за геолокација на снимката што е поднесена, рамка по рамка, за да се потврди дека снимката всушност потекнува од градот каде што на новинарите им било кажано дека е направена.
Тие бараат продавници што би можеле да се сменат во тоа време, на пример, или можеби дури и време кое не одговара на она што го знаеме за временската прогноза за тој ден.
Новинарите мора да ги применуваат истите методи на проверка на извештаите од иранската државна телевизија.
Еден извештај од последните месеци се обиде да докаже дека 16-годишната демонстрантка Ника Шакарами паднала од покривот на зградата и не била убиена од безбедносните сили, како што тврди нејзиното семејство.
Извештајот покажува жена, чие лице не се гледа, но облечена во слична црна облека како Ника, влегува во зградата од која властите тврдат дека Ника паднала.
Во овој случај, две работи се издвоија.
Не само што оваа жена се движела мирно додека Ника наводно и кажала на пријателката дека ја бркаат безбедносните сили, туку забележано е и дека мачката во позадината на снимката мирно оди.
Ако ова беше Ника, која беше вклучена во гласни и бучни протести каде што беше испукан солзавец, би очекувале да видите мачка како бега од целиот хаос.
Во една прилика, една жена која ми служеше како извор и им испраќаше информации беше уапсена, а потоа ослободена од иранските безбедносни сили.
Кога таа повторно стапи во контакт со мене преку апликацијата за пораки, како можев да знам дека тоа всушност не зборуваат властите со мене претставувајќи се како неа?
И затоа ја замолив да ми испрати говорна пошта за да бидам сигурен.
Бидејќи овие извори доживеале траума за време на сопственото искуство, тие комуницираат со новинарите дење и ноќе, и затоа новинарите мора секогаш да бидат подготвени да одговорат на нив.
И сето тоа додека се обидуваат да се справат со сопствените нарушени семејни врски.
Пархам Гобади вели дека неговата позиција во Би-Би-Си на персиски го чинела неговиот брат работа
Во документарецот на Би-Би-Си за персискиот сервис, новинарката Фарназ Газизадех зборува за неодамнешната смрт на нејзиниот татко по ненадејно боледување во Иран, и како нејзината тага се надополнува со чувството на вина што не можела да поминува многу време со него во последните 18 години.
„Најтешко не е да се занимаваш со иднината, туку да се занимаваш со минатото додека бил жив. Кога решив да работам за Би-Би-Си, не сфатив дека донесувам одлука не само за себе, туку и за многу други луѓе. И сега постојано се прашувам: дали имав право да ја донесам таа одлука? Дали вредеше?“, вели таа.
Таа, исто така, не можеше да го посети својот брат на смртната постела минатата година.
И во исто време таа мораше да трпи тролање од страна на противниците на режимот (овој израз се однесува на оние лица кои намерно се вклучуваат во интернетски конекции од било кој вид со цел на навредување или заканување на учеасниците во комуникацијата), бидејќи, повторно се појави написот што беше ангажиран да пишува за ајатолахот Руколах Хомеини за ирански весник пред 22 години, додека таа сè уште работеше таму.
„Мојот 45-годишен брат беше на смртна постела, а јас не можев да бидам таму за да се сретнам со него и моите родители. И сето тоа време на интернет ме нарекуваа режимски апологет“, вели Фарназ.
Животите може засекогаш да се сменат како резултат на едноставно крвно поврзување со некој што работи за Би-Би-Си на персиски.
Во мојот случај, брат ми беше отпуштен од одлична работа во иранското министерство за нафта.
За мојот колега Ѓиар Гол, тоа значи дека никогаш нема да има можност да ја запознае својата мала ќерка со нејзините роднини.
А што се однесува до самата редакција, независните експерти на ОН за Иран минатата година изразија „сериозна загриженост“ поради „малтретирањето и заплашувањето“ од режимот на оние кои работат за Би-Би-Си на персиски јазик.