Барањето за добивање на македонски пасоши кај иселениците во Мала Азија наксоро ќе се зголемува
Во Турција живеат пет до шест милиони Македонци по потекло. Ги има во сите делови од државата, најмногу се населени во егејскиот дел. Иако поголемиот дел од нив се родени во Турција, а нивните предци од Македонија се иселилувале со децении почнувајќи пред повеќе од еден век, тие не го забораваат своето потекло.
Ги негуваат традициите, обичаите, дури го зборуваат македонскиот јазик и со радост доаѓаат во родниот крај, објаснуваше претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил Бојда при првата посета на Вечер уште пред три години. Сега водени од економски мотиви ги има и повеќе. Најмногу македонски семејства има во Маниса, Бурса, Измир, Каршијаки, Бостанли, а околу сто илјади жители со македонско потекло има во Истанбул.
Дека Македонци има во повеќе градови во Турција потврдува и Шенол Мемиш, претседател на македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк” од Битола.
– Најмногу населени се во градовите на приморјето, Бурса, Измир, Ајдин…, но и во Истанбул. Во Ајдин, во општината Тепеџик, градоначалник е Тулџај Олгун кој е Македонец и има и многу советници во општината, па многу често таму можете да слушнете македонски јазик.
Кога се иселувале во педесеттите години најмногу се населувале во приморските градови зашто таму се занимавале со земјоделство, но денес работат во сите области и се многу добро организирани, додава Мемиш.
Историски гледано иселувањето од Македонија и од македонските простори се одвивало во неколку етапи. Првата поголема миграција се случила по балканските војни и по Втората светска војна и тоа во име на исламот и ветената турска земја како муслиманска држава која ќе им даде верска помош, иако ова население не го познавало турскиот јазик.
– Сепак, најголемата миграција од просторите на Македонија се одигра од 1950 до 1970 година и тогаш цели села заминаа за Турција. Дел од западна Македонија, централна Македонија и источниот дел на Македонија, сите кои по религија беа муслимани одеа во оваа ветена држава на исламот, затоа што на овие простори се шпекулираше дека ќе се градат православни држави.
Овие луѓе, се откажуваа од македонското државјанство, се откажуваа од своите имоти и во Република Турција одеа со турско државјанство, примено во конзуларното претставништво на Република Турција во Скопје, беа задржувани во Едрене, во логори, па им ги менуваа нивните презимиња. На пример, би споменале само едно – од Маслар во Демирали.
Така било тогаш, а денеска најголема желба на нашите иселеници е да добијат македонско државјанство, вели Бојда.
Македонската професорка во Турција Слаѓана Јанчева во 2015 година за Радио слободна Европа раскажуваше дека за три години научила над 3.500 лица да зборуваат македонски јазик. Тоа се претежно потомци на Македонци кои се иселиле во Турција во минатиот век. Јанчевска
која е професорка по македонски јазик од Скопје во Турција замина пред три години по иницијативата на државата, да им се овозможи на македонското малцинство таму да не го заборави мајчиниот јазик, пренесува Радио Слободна Европа.
– Интересот е огромен. За овие три години колку што одржувам часови поминале 3.500 Македонци кои сакаат да го научат јазикот. Тие го зборуваат. Бидејќи интересот е многу голем, јас не можам секојдневно да се сретнувам со сите ученици, туку еднаш неделно, тоа е како
курс. Нив најмногу ги интересира кирилицата, да можат да прочитаат, да разберат и на тој начин да бидат поблиску до родниот крај – вели Слаѓана Јанчева, професорка по македонски јазик. – Интересот е огромен. За овие три години колку што одржувам часови поминале 3.500
Македонци кои сакаат да го научат јазикот. Тие го зборуваат. Бидејќи интересот е многу голем, јас не можам секојдневно да се сретнувам со сите ученици, туку еднаш неделно, тоа е како курс. Нив најмногу ги интересира кирилицата, да можат да прочитаат, да разберат и на тој
начин да бидат поблиску до родниот крај – вели Јанчева.
Настава одржува во повеќе населби во околината на Имир. Дневно патува со автобус по 35 до 250 километри во еден правец. Има ученици од Чили, Селчук, Јеникент , Ајдин, Маниса и други.
„Меѓу жителите има многумина кои ќе ви речат „ние по род сме Македонци.“ Само во Измир има многу кои потекнуваат од нашиот крај. Според некои проценки преку милион жители има во Измир кои се чувствуваат како Македонци“, додава професорката.
Иако со години живеат во Турција, сепак кај повеќето не згаснала тагата по родниот крај и желбата да се вратат назад. Една од нишките кои ги поврзува со родниот крај е македонската песна, а некои од нив пишуваат поезија и изработуваат други творби за кои мотивот им е родната грутка.
„Васка Илиева, Бадев, Александар Сариевски, нивните песни и денес се уште се пеат на свадби, на средби. Од мое лично искуство можам да кажам дека сите луѓе кои живеат во Турција, а се заминати од овде се големи патриоти. Меѓу нив има и еден патриот кој во песната вели „мајко Македонијо, отвори ги вратите да се вратиме назад, земи не во твоите прегратки, нека разбере цел свет дека во Турција има Македонци“, ракажува Јанчева.
Благодарни за знаењето, Македонците од Измир нејзиното име го дале на голема шума, каде која често навраќаат и ги потсетува на родниот крај.