Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИСЕЛУВАЊЕТО ЈА НАМАЛИ ТЕАТАРСКАТА ПУБЛИКА ВО БИТОЛА

January 28, 2019 Filed Under: Ревија

Иселеничкиот бран од кој веќе подолг период е погодена Битола има негативни рефлексии и врз посетеноста на Народниот театар во Битола. Директорот Иван Јерлиќ вели дека посетеноста пред 10 до 12 години се движела од 13 000 до 15 000 гледачи, а сега е сведена меѓу 6000 и 8000

ПРЕТХОДНО Итан беше во Битола со претставата на „КОриолан“ од Шекспир

„Минатата година одиграни беа 170 претстави. Задоволни сме околу публиката, иако проблемот со публиката во Битола е веќе проблем на иселувањето. Градот е преполовен, тоа е проблем за кој сите знаеме, а за кого некогаш сакаме, а некогаш не да разговараме. Бројот на жители во Битола секојдневно опаѓа. Не гледам од тој аспект како би го решиле проблемот. Инаку, публиката се враќа во театарот. Но, театарската сала со 418 седиша веќе е многу за Битола, освен за премиера“, рече директорот Јерчиќ.

Ваквата колективна реалност не влијае врз промената на репертоарот зашто и понатаму се играат по 22 претстави месечно, а од Народниот театар сепак се задоволни од посетеноста и велат дека таа е на рангот на другите поголеми театри во земјава.

„Ние сме театар што во февруари, кој има 28 дена ќе имаме 22 претстави на репертоар. Тоа е една сериозна бројка во однос на тоа колку во градот нема луѓе. Ние сме многу задоволни и од тоа колку е овој театар посетен во последниот период зашто на голема сцена имаме околу 200 луѓе скоро секоја вечер и тоа е сериозен просек. Сериозно парираме со големите татарски куќи во земјава“, рече Илина Чоревска, уметнички директор.

ПРЕТХОДНО Итан беше во Битола со претставата на „КОриолан“ од Шекспир

Новата премиера „Детето сонува“ по текст на Ханох Левин во режија на Израелецот Итан Дорон, која на сцена ќе биде поставена во сабота, ги обработува токму човечките судбини на бегалците, на оние кои заминуваат од својот дом, на луѓето со недосонуван сон. Текстот бил пишуван по вистинска случка од 1939 година кога Евреите се обидувале да ја напуштат Европа , но секаде им бил забранет влезот. Во претставата бегалците не се врзуваат со некоја конкретна војна, но претставена е нивната голгота.

„Содржи мошне црн хумор за да се почувствува понижувањето како е да си личност во овој свет. Претставува една политичка сатира, мошне прецизна, остра и радикална. Оваа претстава е всушност сон што се разоткрива. Претставата е патување на мајка и дете откако таткото е убиен, а тие се протерани од куќата откако доаѓа војската и се обидуваат да најдат прибежиште, да си го вратат иденитетот. И во светот се она што го гледаме околу нас, со кризата на бегалците, со многуте луѓе кои ги напуштаат своите домови, важна е реакцијата на театарот на сето ова и сликите што ги поставуваме на сцена“, рече режисерот Дорон.

ИЛИНА ЧОРЕВСКА Како уметнички директор, Илина Чоревска е задоволна од поетата на публиката

Улогата на детето ја играат пензионираниот актерт Борис Чоревски и 13 годишниот Ангел Мицевски, син на Благој Мицевски, костимограф и режисер во Театарот. Поради ваквата позиција таткото Мицевски рече дека се чувствувал како Роберто Бенини во филмот „Животот е убав“.

Во изведбата на претставата вклучен е целиот технички персонал Театрот засилен со нововработени. Минатата година имало 12 вработувања како помошен технички кадар и администрација. Годинава со измените на систематизацијата ќе се вработат и актери. Вкупната бројка на вработени во Народниот театар во Битола е 87.

(APLA.MK)

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet