Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИСИЛ ВО ШРИ ЛАНКА СЕ СВЕТИ ЗА МАСАКРОТ ВО НОВ ЗЕЛАНД

April 30, 2019 Filed Under: Свет

Озлогласената терористичка организација ИСИЛ се огласи дека стои зад бомбашките напади во Шри Ланка за Велигден, а во кои загинаа повеќе од 300 лица

ВОЕНА СОСТОЈБА Прогласувањео на воена состојба ќе биде изолирана на борба со тероризмот, велат властите во Шри Ланка

Министерот за одбрана на Шри Ланка, изјави дека нападите на црквите се иницирани од минатомесечниот напад на две џамии во Нов Зеланд

Озлогласената терористичка организација ИСИЛ се огласи дека стои зад бомбашките напади во Шри Ланка за Велигден, а во кои загинаа повеќе од 300 лица.

Министерот за одбрана на Шри Ланка, изјави дека нападите на црквите се иницирани од минатомесечниот напад на две џамии во Нов Зеланд. Сепак, тој не изнел докази како првичната истрага дошла до таков заклучок.

До сега 40 лица се приведени под сомнение за вмешаност во бомбашките напади. Властите во Шри Ланка истражуваат за евентуална вмешаност на странски организации.

Нападите биле извршени од седуммина бомбаши-самоубијци, за кои се вели дека се дел од мала националистичка организација Џамаат.

Премиерот на Шри Ланка изјави дека имало претходно сознанија за можноста за напади и рече дека ќе се спроведе истрага за да се утврди „зошто не биле преземени соодветни мерки на претпазливост“

Министерот за здравство, Раџита Сенаратне, изјави дека националната организација „Џамаат“ е одговорна за самоубиствените бомбашки напади, додавајќи дека „имаше меѓународна мрежа без која овие напади не можеа да успеат“. Тој посочи дека нападите на шест локации – три цркви и три хотели – биле извршени од седум бомбаши-самоубијци, сите жители на Шри Ланка.

ВЕЛИГДЕН Изборот на католички Велигден за напад врз црквите е добро планиран напад врз симболите на западната цивилизација

По тие напади едно комбе експлодира и во близина на една од црквите што веќе беше бомбардирана. Полицијата интервенираше, но за среќа нема повреди.

Се очекува претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, да го реши проблемот со терористите со прогласувањето на вонредна состојба на национално ниво. Канцеларијата за медиуми на претседателот изјави дека итните мерки ќе бидат ограничени на справување со тероризмот и нема да ја попречуваат слободата на изразување.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, во неделата изјави дека имало претходно сознанија за можноста за напади. „Имаше информации“, изјави тој за новинарите и рече дека ќе се спроведе истрага за да се утврди „зошто не биле преземени соодветни мерки на претпазливост“. Како шо се дознава алармите дошле од известувачките служби на Индија.

Претседателот Маитрипала Сирисена планира да го отпушти секретарот за одбрана и генералниот полициски инспектор, јави Би-Би-Си.

Вкупно осум од девет напаѓачи се идентификувани како државјани на Шри Ланка.

ПРЕЖИВЕАА Ова семејство им избега на терористите

Министерот за одбрана на Шри Ланка Руан Виџевардене вчера потврди дека меѓу деветмината бомбаши самоубијци, имало и една жена, додавајќи дека повеќето напаѓачи биле образовани и финансиски стабилни, а за еден се верува дека студирал во Велика Британија и дипломирал во Австралија.

– Повеќето од нив се добро образовани и потекнуваат можеби од средна или висока средна класа. Значи, тие се финансиски прилично независни и нивните семејства се прилично стабилни финансиски. Веруваме дека еден од бомбашите самоубијци студирал во Велика Британија, а можеби подоцна и дипломирал во Австралија, пред да се врати во Шри Ланка, информира Виџевардене.

Поранешен командант во армијата на Шри Ланка рече дека нападот сигурно бил планиран најмалку седум или осум години.

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet