БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Говор кој и со содржината и со интонацијата и со дикцијата, оствари совршена хармонија со предизвиците на историскиот момент.
Дури и зарипнатоста во гласот беше во функција на таа хармонија.
Се беше добро во говорот на Заев.
Единствено обраќање на кое и по две преслушувања не можам да му најдам ниту една забелешка.
Говор кој и со содржината и со интонацијата и со дикцијата, оствари совршена хармонија со предизвиците на историскиот момент.
Дури и зарипнатоста во гласот беше во функција на таа хармонија.
Највисок државнички дострел во оценките на важноста на процесот околу Преспанскиот договор, уставните промени и евроатлантските интеграции, јасни проекции за тоа што не чека во случај процесот да успее или во случај да не успееме, највисока можна кооперативност со политичките и партиски партнери, признателнист за учеството во процесот за сите актери, јасна порака за нивото на одговорноста во овие историски моменти, но без напади врз оние кои решија да останат од другата страна на Историјата и на историската победа на Македонија, јасни пораки за блогородните перспективи, никогаш покатегорично демистифицирани стравовите околу наводната загрозеност на идентитетот, обратно, документот од Преспа, уставните промени, интеграциите, се највисока форма на потврда на македонскиот идентитет.
Браво, господине премиер, ми беше задоволство да ве слушам!
ПРЕАМБУЛА
Се тресам, луѓе, не ја давам преамбулата и готово, вика една женичка на минус седум пред Собранието!
Како да зборуваше за слаткото од смокви на својот креденец, за новата бунда од нутрии или за околувратникот од лисица.
Не ја дава и готово, одебете сите, зошто би давала нешто од својот ормар, каква Македонка би била таа без слатко од дуњи и локуми со ореви.
Утрово се фатив во ритамот на таа простодушност која за Брамс говори како за марка на маргарин и дојдов до следната дефиниција на уставниот манифест: преамбулата е амбиент кој ти овозможува во студенилото на јануари, да го шеташ кутрето меѓу 6.15 и 6.45, оставајки ги првите отпечатоци врз тенката снежна покривка, во волшебна тишина и мир, додека денот ти мафта откај Јурумлери, во чисто уживање во животот, само со една извесност што си ја разменуваме со кутрето додека на скалите ги тресеме снегулките: нешто ќе мора и да сработиме денеска, Мајло, инаку, курац фини, „Ројал канин” и ефтини карабатаци од „Рамстор”.
ИСПЛАЧИ СЕ БИЛЈАНЧЕ!
Исплачи се!
Ќе ти олесни!
И на Македонија ќе и олесни!
Ако плачеш тивко може да се објавиш во својата најсекси поза.
Пропаста на идејата да ја сопрете историјата заслужува еден мокар јастук, макар што подобро би било да плачете во леѓени за да можете да ја трансферирате каузата во течна состојба и да и дозволите да патува низ времето и вредностите што ве поразија.
Јас наоѓам нешто симпатично и трогателно во лудата мисија со која ве обдари Провидението кога беше начукано од брља за време на Пивофестот во Прилеп.
Ти и Сузана,онаа лигава Гордана, Ќулафкова и Каракамишева, сакавте да ги конзервирате Македонците. Да ги заштитите од надворешните влијанија како сардини во лименка. Да ги имате како црвеноперки во аквариум, како желки во стаклена сфера, како кипови во музеј. Како банкноти во сефот што ќе се вика Република Македонија и никако поинаку.
Тој судир со стварноста, со светотот, со времето, со процесите, ретардираноста на вашиот став, ридикулозноста на таа позиција, глупавоста и безнадежноста, бесмисленоста на свој начин, независно од каде ви извираа и ви даваа сила, и упорноста да се скока преку црвената линија нацртана на бетонски ѕид, можеше да ме доведе во ситуација да бидам благ во оценките, но немерливите штети што ги предизвикавте, не толку во врска со Преспанскиот договор и уставните промени, туку врз образовниот, културниот, моралниот и ориентациониот систем и прифил кај голем број луѓе, ме тера да бидам строг и да кажам дека никогаш нема да ви простам. Вие, да го парафразирам Павичиќ, стоевте на гајби, палети и буриња, на пистата на историската Монца и сакавте да ја сопрете македонската формула еден и да ја казните поради пребрзо возење! Тоа што формулата направи од вас флека на асфалтот ќе се реши при првото миење на стазата!