Венко Филипче без сомнение со овој потфат одново го привлече вниманието, но веројатно само на стручната јавност. Не може да се очекува дека тој чекор ќе го поздрават оние кои со години водат негативна кампања кон него. Тој е без сомнение херој на годината!
„За прв пат во историјата на неврохирургијата во нашата држава, направивме awake brain surgery. Операцијата ја изведовме
кај млада пациентка која имаше тумор блиску до центрите за говор и движење на десната рака и нога.
Предноста на аwake brain surgery е поради неопходната соработка која хирургот ја има со пациентот додека трае операцијата.
За да се отстрани максимална количина на тумор без да се оштетат центрите за говор и движење хирургот комуницира со пациентот. Мозочното ткиво не содржи рецептори за болка, па самиот тек на операцијата е безболен.
Кај нашата млада пациентка операцијата помина одлично. Туморот е изваден до максималните можни граници и пациентката се чувствува добро.
Им честитам на тимот анестезиолози предводен од д-р Весна Дурнев и упатувам благодарност до колегата д-р Игор Лазиќ од Клиниката за неврохирургија во Белград. Драго ми е што моите млади колеги имаа голем интерес и желба да бидат повторно мој верен тим во операционата сала.“
И министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информираше за уште неколку операција на транспантација на органи. Се работи за уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава.
„Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата. Горд сум на медицинскиот кадар!“, вели министерот Меџити.
Министерот секако може да се прогласи за човек на годината, бидејќи, успесите во својата професија ги имаше среде уште една кампања што опозицијата ја направи против него, односно обидот на пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собранието нему да му ја натоварат корупцијата во Онклологија, која секако постои со дедцении наназад ама „трендот“ на собраниската истрага беше токму тој – министерот чија популарност направи да ги изгубат парламентарните избори во 2020 година. Тоа Мицковски и екипата не можеа да му го простат. Затоа првата кампања дојде по пожарот во анексот на Тетовската болница. Тој поднесе оставка но тоа како да не беше доволно – овој случај се експлоатираше се до фактот дека Судот си го кажа своето ама интерс за вистинските и конкретни виновници во оваа партија не постоеше. Дури и кога ставањето на Анѓушев на црнаста листа на САД отвори можност да се види квалитетот на т.н. монтажни доградби на болниците за заболени од ковид не стави на знаење каде треба да се бара вината. Ама, Анѓушв е нели дел од екипата на Бранко Азески а тоа за ДПМНЕ значи – не чепкај таму!
„Во мојот мандат додека бев министер за здравство, немаше ниту еден пациент што останал без лек. Водев сметка да има лекови за пациентите и тие да се со сертификат за европски квалитет. Од 2018 воведов систем со кој се стави крај на дотогашниот паралелен увоз на лекови со сомнително потекло. Дотогаш лекови во државата се увезуваа без сертификат за квалитет, без потекло, такви лекови им се даваа на пациенти со малигни болести, на пациенти со дијабет. За првпат во историјата на македонското здравство обезбедивме современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови и современа терапија за онколошко-хетамтолошките пациенти. Дури и во време на Ковид, овозможивме специфичен начин на работа на УКРО, на пациентите им се носеше терапија до местото на живеење и воведовме психолошка поддршка на онколошките пациенти. Им благодарам на сите Здруженија на пациентите со малигни заболувања кои беа силна поддршка во процесите кои ги носевме заедно за доброто на пациентите. Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот на Клиниката. Министерот не знае како се даваат терапиите. Во мојот мандат не сум дал никаква иницијатива за воведување на КАТО систем, ако сум дал предлог истиот ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, немав никакви сознанија кои биле практиките и принципите на работа на Клиниката за онкологија. Се надевам дека пратениците во Анкетната комисија ќе направат дистинкција на тоа што е системска слабост, а доколку имало каков било криминал тоа да го истражат надлежните органи и да се одговара“.
Што мислите каков беше одекот на оваа изјава во јавноста? Никаков. Ние едноставно имаме трајни, деструктивни кројачи на вистината и тоа во мак-медиумите.