Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИСТОРИЧАРОТ ЛИТОВСКИ НА ПРАТЕНИКОТ ЃОРЧЕВ МУ ПОРАЧА: СЕМЕЈНИ СПОМЕНИ СЕ ЧУВААТ СО СЕМЕЈНИ ПАРИ!

July 31, 2018 Filed Under: Македонија

Пратеникот Влатко Ѓорчев му се закани на актуелниот министер за култура да не го „чепка“ Музејот на ВМРО, бидејќи, таму имало емотивни врски со многу граѓани. Заслужуваат ли тие да се „покриваат“ со државни пари, без консултација со стручната јавност?

ЛИТОВСКИ Во земјава има многу музеи, ниту еден не е свет

Прашањето околу судбината на т.н. Музеј на ВМРО, објект кој има подолго, па дури и двојно име (!) никако да „легне“  после извештајот за состојбите во него од страна на посебна работна група, организирана од страна на претходниот министер за култура. Дури, можно е ново разгорување на темата – пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, го предупреди новиот министер за култура, Асаф Адеми, да не го чепка Музејот на ВМРО, откако беше најавено дека музејот ќе се преименува така што од неговото име ќе се отстрани дека е посветен на жртвите од комунизмот.

Ѓорчев му се закани на министерот дека ќе има последици и одговорност доколку го чепне музејот, кој, рече, е света работа за македонскиот народ.

– Носите посебна одговорност за Музејот на ВМРО и жртвите од комунистичкиот режим. Господине Асаф Адеми, не допирајте го она што е важно и свето за македонскиот народ. Апелирам до вас, вие сте Албанец, не правте нешто што е важно за нас, што ни е од татковци, дедовци. Не се затскривајте зад Комисијата. Ако се направи штета ве обрзуваме дека ќе има одговорност, ќе има надомест на штета, конфискација на имот, ќе има одговорност. Не допирајте до интеретничките односи. Музејот е света работа за илјадници семејства, за цел еден народ. Моето прашање е дали имате намера да го чепнете Музејот на македонската револуционерна борба. Градете свое, почитувајте го своето, но не го чепкајте она што е туѓо – ми рече Ѓорчев на министерот за култура.

ЗАКАНА Собраниската говорница Ѓорчев ја искористи да упати закана до министерот за култура

Следниот ден можевме да прочитаме одговор на ова од страна на д-р Александар Литовски, историчар, член на споменатата работна група (и наш колумнист) кој  рече:

„Музејот на ВМРО не е ниту света, ниту важна, ниту битна работа, туку е само еден од многуте музеи во Македонија“,.Литовски  Тој и дрругите членови на комисијата беа споменати во говорот на Ѓорчев. „Музејот на ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим е света, важна, битна, емотивна работа за десетици илјади семејства.  Апелирам,  пренесете му на Александар Литовски и на сите во таа Комисија дека нивната работа ќе биде подложена на ревизија. Она што ќе го направи комисијата можеби еден ден ќе биде дел од поставката, рамо до рамо со Колишевски и куп други. И да го чепнат, тој музеј ќе се врати како што бил. Тоа се наши семејни истории. Почитувајте ја нашата историја. Тоа е концепт на национално единство“ – рече Ѓорчев на седницата од собраниската комисија.

Литовски пак му возврати, дека семејните работи се финансираат со семејни пари.

– Онака како што е направен, без поширок национален консензус и без доволно стручна музеолошка издржаност, тој сосема сигурно не придонесува за национално единство. А ако некој го сфаќа како „емотивна“ и “семејна работа“ тогаш него можеше да го гради и сервисира со семејни финансиски средства, а не со државни пари“, оцени д-р Александар Литовски, истричар.

МУЗЕЈ НА ВМРО Стручно тело ги наброи сите мани на објектот кој тешко и да заслужува да се вика – музеј

Инаку, Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим,  неодмана соопшти дека не предлага затворање на музејот, туку преименување со скратување на името во: „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“.

Работната група  под претседателство на историчарот  д-р Александар Литовски и петте членови -Донка Барџиева-Трајковска, Елеонора Петрова, Златко Теодосиевски, Гордан Николов и Жарко Трајановски, беше формирана  во март, а од увидот и анализата на докумнетацијата во музејот, се изготви извештај на 31 страница. Во извештајот се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Законот за буџетот и Законот за спороведување на буџетот, Законот за музејската дејност, Законот за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање партиски митови.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet