Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИСТОРИЈА НА СЕДЕЊЕТО НА ДВА СТОЛА 3

August 15, 2022 Filed Under: Фељтон

Југославија меѓу двете војни талкала меѓу тогашните големи сили. После Втората светска војна, во Титовата ера во светот постоел Западот, Истокот и Југославија

ОМИЛЕН Кралот Петар Први Караѓорѓевиќ бил омилен меѓу народот, но незабележлив во светската политика

Србија пред Првата светска војна водела политика блиска до Франција. „Во Србија од тоа време имало доста франкофилско- Петар бил француски студент, делумно се образовал и живеел во Париз. Затоа тоа било време на значително влијание и надградба на француската култура“.

Во исто време, додаваат хроничарите, на власт доаѓаат радикалите на Николе Пашиќ – тој е премиер и министер за надворешни работи – па Србија се доближува до Русија. Ама и тогаш, иако не целосно – и покрај големите недостатоци, политичкиот систем во Србија се развивал по моделот на западноевропските земји, а не според руските или австриските империи.

Венчавката на една од ќерките на Петар Први за претставник на Романовите во 1911 г., спроти балканските војни е доказ дека се внимавало и на интересите за сојуз со Русија. Веќе имало промени во однос на времнето кога Русија не дозволила венчавка на младиот принц Милан Обреновиќ со руска принцеза, дури и покрај фактот дека таа не билка од родот на Романовите.

„Прилично понижувачки, нели? Сега царското семејство ја прифаќа ќерката на Петра Први, чиј дедо е бил српски селанец, водач на националната револуција – Црниот Ѓорѓе“.

Владењето на кралот Петар била дел од многу турбулентни настани по Србиа во 20. век. Првата е 1906. Влегувањето во царинска војна со Австрија, а во 1912 и 1913 година влегување во балканските војни, едната за конечно ослободување од Отоманската империја, а другата за поделба на териториите, пред се поради конфликтот со Бугарија за Македонија.

НЕПОСРЕДНО ПРЕД АТЕНТАТОТ Александар Караѓорѓевиќ непосредно пред атентатот – чинот е производ на судир на две концепции во европоски размери

„Во времето на царинската војна Германија на големо тргува со Србија а само неколкуи години потоа ќе и стане воен противник!“, вели Дамњановиќ. Дури и Австријанците се бунеле ама се рабоѕтело за трговски, економски причини.

Кралот Александар Караѓорѓевиќ владеел најнапред со Кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1921 до 1929 година, а потоа со Кралството Југославија се до 1934 г., кога бил убиен во Марсеј. „Во меѓувоениот период Југославија била дел од новата Европа, настаната по Парискиот мировен договор“, вели Ѓокиќ. Ова е транзиција на источна и централна Европа од империја во независни држави кои најмногу се обидуваа да бидат либерални демократии. Југославија е, додава тој, била една од нив, ама бргу станува диктатура, као и што се андвиснуваат воени облаци над Европа во тоа време.

Земјата се распарчува од спротивставени интереси, особено поради кавгите меѓу српските и хрватските политичари око тога како да функционира кралството.

Во 1929 година, кралот Александар воведе Шестојануарска диктатура, бидејќи радикалите во Парламентоит (Пуниша Рачиќ), уби двајца пратеници од Хрватска селска странка, Ѓуро Басаричек и Павла Радиќ, и смртно го рани Стјепан Радиќ, претседателот на партијата.

„Во дваесеттите години на минатиот век Француска била главен поддржувач на Југославија кога станува збор за големите сили“, вели Ѓокиќ. Таа била и спонзор на Малата Антанта – сојузот меѓу Југославија, Чехословачка и Романија. Во доцните 30-ти, Југославија се приближува кон фашистичка Италија и нацистичка Германија во надворешната политика, иако продолжува да ги одржува односите со Франција и Британија. Односи со болшевичка Русија немало а многу белогардејци се засолниле во ЈУгославија. „Во времето на револуцијата бевме против се, но премиерот Пашиќ како млад социјалист се обиде да се договори со болшевиците, иако тоа воопшто не го мирисаше“, вели Дамњановиќ. Јелена Караѓорѓевиќ, сестрата на кралот Александар, едвај избегала од Русија, а членовите на семејството Романови биле убиени.

„Александар го сметаше тој режим непријателски и прими бела емиграција, а Југославија е една од последните европски земји што воспостави односи со Советскиот Сојуз“, вели Дамњановиќ. Југославија го призна СССР дури во 1940 година, кога веќе започна Втората светска војна..

По Втората светска војна, во која движењето на комунистичката партија ја ослободи земјата, беше воспоставен социјалистички систем, а на чело на земјата дојде воениот водач Јосип Броз Тито. Ѓокиќ смета дека Тито бил „харизматичен и одличен политичар, са дорби политики“.

(продолжува)

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet