Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВСЕЛЕНАТА И ГОЛЕМИТЕ СИЛИ (1)

December 21, 2021 Filed Under: Фељтон

Трката за природни добра на Месечината – кој и како ги пишува правилата на играта. Русија, главниот партнер на САД за МВС, категорично одби да ги потпише договорите и генерално да учествува во лунарната програма на НАСА „во секундарна улога“.

НОВАТА КОЛОНИЈА Може ли оваа слика од пристигнувањето на Месечината да ја наречеме нова колонизација?!

На прв поглед се чини дека освојувањето на вселената е дел од најдобрите денови на детантот. Русија не е само главниот партнер на Соединетите Држави на Меѓународната вселенска станица. До неодамна, пред речиси 10 години, лансирањето на Роскосмос беше единствениот начин да се испратат американски астронаути таму.горе.

Документот ги дефинира најопштите принципи и е од советодавен карактер, но Русија, главниот партнер на САД за МВС, категорично одби да ги потпише договорите и генерално да учествува во лунарната програма на НАСА „во секундарна улога“.

Документот што НАСА го подготви беше критикуван уште пред да биде објавен, кога стана јасно дека американските власти имаат намера да владеат со Месечината преку формат на билатерални државни договори (на пример, со Јапонија).

Реализацијата на мисијата практично ќе ја добијат приватните компании.

„НАСА купува земја на Месечината од комерцијален добавувач!“, возбудено пишува шефот на НАСА Џим Брајдштајн. „Дојде време да се дефинираат правилата за екстракција и продажба на вселенски ресурси“.

РУСКО-АМЕРИКАНСКА ЕКИПА Идилично доба на присуство „таму горе“

Научниците изразија загриженост дека ширењето на Американците во вселената, преку приватни компании, може да ги следи не само научните, туку и деловните интереси, што може да доведе до катастрофа. Месечината може да биде извор на ретки елементи, а лансирањето од површината на Месечината бара значително помалку гориво поради малата гравитација. Оттасму и интересот за освојување и владеење со напшиот природен сателит.

Но, инсталирањето на голема индустриска постројка на Месечината може да стави крај на вселенската археологија со уништување на уникатни примероци од лунарни карпи, предупредија авторите, а отстранувањето на се во услови на слаба гравитација на

Да не зборуваме за тоа што договорите со приватни лица се склучени на американско тло и според американски закони, а Месечината не е сопственост на САД или нивните партнери.

„Ако Соединетите Држави немаат намера да спроведуваат операции на Месечината според националниот закон, тогаш зошто НАСА би купила лунарен реголит ископан од приватен изведувач?“, прашува професорот Боули. Исклучиво за правење преседан, пред да се постигне меѓународен договор за тоа прашање?!

АЛИС ГОРМАН Австралиски археолог со критики кон планот на НАСА за вселенските присвојувања

Научниците инсистираат на развој на лунарни (или кои било други неземни) ресурси само по широка и сеопфатна дискусија.

Принципите на однесување во вселената мора да бидат прифатени на највисоко меѓународно ниво и да се земат предвид интересите на сите земји.

Алис Горман, советник на Асоцијацијата на австралиската вселенска индустрија и професор на Универзитетот Флиндерс во Аделаида, исто така предупредува на опасностите од американскиот пристап.

Според неа, постои голема разлика меѓу истражување на вселената низ светот, преку ОН и други меѓународни организации и преку посебни меѓусебни договори на одделни земји.

„САД сега активно промовираат друг пристап, додека Русија не е помалку активна во критикувањето“, објасни таа.

 

(продолжува)

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet