Пред две години јавното мислење било најнаклонето кон ЕУ во било кое прашање на надворешните односи а сега падот е голем заради одолговлекувањата со почњеток на преговоерите ама и заради пшоголемото присуство на руската пропаганда
Во 2020 година, 16,7 отсто од жителите на земјава сметале дека Европската Унија е најдобар пријател на Северна Македонија и овој сојуз бил на првото место пријатели на земјата, според перцепциите на граѓаните. Истото истражување спроведено по две години на репрезентативен примерок, од страна на „Преспа институтот“, покажува дека сега како на најдобар пријател се гледа на Србија – мислење кое го делат 38,6 отсто. Најдобар пријател во ЕУ гледаат само 7,8% од населението.
Според Ивана Јордановска, постара надворешка соработничка и истражувач на „Преспа институтот“, рејтингот на ЕУ паѓа поради разочарувањето од одложувањето на пристапните преговори и односот на Унијата кон земјава кога се делеше првичната помош за ковид-19.
„Голема причина за таквото мислење се и вакцините кои Србија ни ги донираше предминатата година, каде што граѓаните се почувствуваа дека во моментот кога останатите сојузи и пријатели ги изневерија со доставата на вакцини Србија беше земјата кои ги достави тие исти вакцини“,
Низ призмата на етничката припадност на испитаниците, видлива е голема разлика.
Србија е најдобар пријател на земјава за 55,4 отсто од испитаниците Македонци. Тоа мислење го делат само 0,6% од Албанците. САД се најдобар пријател на земјата за 7,7 отсто од Македонците, додека кај Албанците така мислат 40,9% од испитаниците.
Големи разлики има и по партиски линии. Од трите најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, најголеми симпатии кон Србија имаат гласачите на партијата што ја води Христијан Мицкоски. 58 отсто од оние што рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Србија е најголем пријател на земјата. Шест отсто од гласачите на оваа партија пријател гледаат во САД, по 4 отсто во Германија и Русија, 3 во ЕУ и 2 во НАТО и 1 отсто во Албанија.
Кај СДСМ, 38 отсто од гласачите гледаат најдобар пријател во Србија. Потоа следуваат САД со 18 отсто, Германија со 12 и ЕУ со 10 отсто.
За поддржувачите на ДУИ, а слично е и кај другите партии на Албанците, најдобар пријател е САД. Така се изјасниле 39 отсто од гласачите на оваа партија. Следуваат ЕУ со 15 отсто, Косово со 14 и Турција со 9 отсто.
Според извршниот директор на „Преспа институтот“, Андреја Стојковски, интересен феномен е партијата Левица, чии поддржувачи во 2020 година биле доминантно проамерикански, за сега да бидат најизразено просрпски. „Најпрвин 68 отсто од тие што би гласале за Левица се одлучиле за Србија. Следна на листата е Русија што е 6,3 отсто што е низок процент, но доволно висок, убедливо највисок во споредба со сите останати политички партии на пријателство кон Русија. Не се појавува воопшто САД, ниту една од западните сојузнички на државата што покажува стабилизација на нивното гласачко тело, вели Стојковски.
Интересен податок од истражувањето е падот на Германија, која лани фигурирала како втор или трет партнер во поглед на економијата и демократскиот развој, но годинава бележи огромен пад
Во однос на поддршката за ЕУ, 61 отсто од испитаниците сметале дека Унијата е најдобра опција, додека 34 отсто се за тоа дека треба да бараме друга алтернатива
Во рамки на истражувањето е направен и т.н. лист експеримент кој покажува дека најмногу кликови би собрале позитивни вести за Русија, позитивни или негативни вести за ЕУ и застрашувачки вести за вакцини. Граѓаните најмногу би поверувале, пак, во негативни вести за ЕУ
Србија е перципирана како најголем пријател на Северна Македонија, а најважно за ваквиот став на граѓаните се заедничките вредности и интереси што ги споделуваме. Покрај најголем пријател, Србија со САД и ЕУ е во топ три држави или сојузи за кои македонските граѓани сметаат дека најмногу придонеле за демократскиот и економскиот развој на нашата земјата. Генерално, односите со соседите, пак, според перцепцијата на граѓаните се оценети со средна оценка – „ниту добри ниту лоши“, односно со тројка на скала од еден до пет. Во однос на членството на ЕУ, пак, 61 отсто сметаат дека тоа е најдобра опција за Северна Македонија наспроти 34 отсто кои велат дека треба да бараме друга алтернатива. Голем процент, дури 23,3 отсто од граѓаните се информираат од социјални мрежи, а од вести најмногу би кликнале на нешто позитивно за Русија, позитивно или негативно за ЕУ, а би поверувале во нешто што е негативно за Унијата.
Вака во неколку реченици може да се сумираат иницијалните заклучоци од истражувањето на јавното мислење што го спроведе Преспа институтот во април и мај годинава. Анкетата била спроведена електронски на примерок од 1 500 испитаници, а се однесува на областите надворешна политика, медиуми и дезинформации.
Дури 10,3 отсто од граѓаните, пак, сметаат дека ниту една земја не ни е пријател.
„Најважен критериум за нашите граѓани за тоа кој е пријател или не, се споделуваните интереси и вредности, но не до тој степен и демократскиот придонес или економијата и соработката што ја имаме со таа земја“, вели Ивана Јордановска, надворешна соработничка и истражувачка во Преспа институтот.
Така, Србија кај 62,8 отсто од испитаниците била одговор и на прашањето „со која држава или меѓународен сојуз/унија Северна Македонија споделува најмногу вредности или интереси и следствено на тоа би требало да има најблиски односи“. На прашањето, пак, кои се тие вредности или интереси, граѓаните најчесто ги посочувале културата, религијата и традицијата.
Очигледната доминација на Србија годинава, не била случај претходните години. За три години се бележи пораст од околу 30 отсто. Во 2020 година, на пример, само 14 отсто од испитаниците сметале дека таа е најпријателска земја. Во 2022, пак, тој процент изнесувал 38,6 отсто.
Меѓу причините за ваквиот скок на Србија во перцепцијата на граѓаните, според истражувачите, за ланските резултати во споредба со 2020 година би можел да биде ковид-периодот, кога оваа држава ни донираше вакцини, додека годинава улога одиграло решавањето на црковното прашање.
Дел од истражувањето на Преспа Институтот биле и прашања за тоа која држава или меѓународен сојуз/унија придонеле за демократскиот и економскиот развој. За разлика од лани кога Србија не фигурирала во одговорите, сега е во топ три со САД и ЕУ.
Така, на пример, според перцепцијата на граѓаните во однос на придонесот за демократскиот развој, први се САД со 24,2 отсто. Следна е ЕУ за која се определиле 22,8 отсто, а потоа доаѓа Србија со 14,7 отсто.
Во однос на економијата, пак, ЕУ е прва со 21,2 отсто. Втора е Србија за која се определиле 15,9 отсто од испитаниците, а веднаш зад неа се САД со 15,6 отсто.
„Она што е важно е дека споредено со податоците од лани, каде што Германија фигурира како втор или трет партнер во поглед на економија и демократски развој, тој тренд не го забележуваме оваа година“,
Лани, на пример, Германија била прва (26,8 отсто) според бројот на граѓани кои сметале дека придонела најмногу за економскиот развој на Северна Македонија, а трета (11,3) во однос на перцепцијата за придонесот во демократскиот развој.
Падот годинава е огромен – 10,7 отсто од испитаниците сметаат дека придонела најмногу за економскиот, а само 2,7 отсто за демократскиот развој.
Кога станува збор за Русија, пак, во однос на перцепцијата за овие прашања, се забележува пад. Годинава, на пример, само 1,1 отсто од испитаниците ја посочиле оваа држава како најголем пријател. Лани, тој процент бил 2,2 отсто, а во 2020 изнесувал 4,4 отсто.
Русија годинава ниско котира и во однос на тоа кој најмногу придонел за демократскиот и економскиот развој резултатите се исти. Годинава, за неа се определиле 0,9 (за демократскиот развој), односно 1,4 отсто (за економскиот развој). Лани, овие проценти изнесувале 0,9 и 1,5 отсто.
За 61 отсто од граѓаните ЕУ е најдобра опција
Во однос на надворешната политика, дел од истражувањето се и прашања поврзани со интеграцијата на земјава во ЕУ за што 61 отсто од испитаниците сметале дека Унијата е најдобра опција, додека 34 отсто се за тоа дека треба да бараме друга алтернатива.
Од оние кои одговориле дека ЕУ е најдобра опција, околу 90 отсто како причини ги навеле економскиот развој и новите работни места, па следат владеење на правото, почитувањето и заштитата на човековите права, па антикорупцијата.
Од тие што сметаат дека треба да бараме друга алтернатива, 49 отсто како причина за таквиот одговор навеле дека ќе ни ја сменат историјата и идентитетот, 32 отсто дека немаме исти вредности, а 29 отсто оти ќе го загубиме јазикот.
Ако утре се одржи референдум, ист процент од 61 отсто би гласале за, а 30 отсто против. 5,4 отсто од испитаниците, пак, не сакале да одговорат, а 1,9 отсто рекле дека нема да излезат на референдум.
Зошто досега не сме членка на ЕУ – 48 отсто од испитаниците причината ја посочуваат во блокадите од соседите. Кај 27 отсто одговорот бил дека тоа е поради недостатокот на реформи, а 22 отсто дека така e затоа што ЕУ постојано наоѓа изговори.
Во однос на медиумите и дезинформациите, пак, дел од анкетата било и од што најмногу се информираат испитаниците. Речиси половина – 48 отсто рекле од телевизија, а дури 23,3 отсто од социјални мрежи. Од портали, пак, се информираат 18,5 отсто.
Покрај истражувањето на јавното мислење, во рамки на проектот „Опсерваторија на влијанието и имиџот на државите“, од Преспа институтот веќе редовно изготвуваат т.н. индекс на меѓународно присуство на 64 држави во Северна Македонија, за периодот од 2000 до 2020 година. Индексот е формиран во три димензии – економско, политичко и „меко“ присуство, преку 48 индикатори, а пресметката е направена врз основа разни статистички показатели, но и од мониторинг на медиуми и социјални мрежи.
На прашањето кое на терен им го поставивме на граѓаните, која држава е најприсутна на политички и економски план во Македонија, ги добивме следните одговори – Турција, Германија, САД, ЕУ.
Генерално, индексот на „Преспа институтот“ покажува дека најголемо меѓународно присуство во земјава во периодот од 21 година, од 2000 до 2020, има Турција. Потоа е Германија, па Србија, а во топ 10 се и Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Австрија, Италија, Полска и Словенија. Русија е на 15. место. Според Стојковски, оваа држава била повисоко рангирана на индексот меѓу 2011 и 2016 година, при што во 2013 година била и на 5-тото место.
„Последната година кога било видливо руското присуство во државата низ овие објективни параметри е 2016 година што може да се поврзе и со предвремените парламентарни избори во таа година“,
вели Стојковски.
Кога е во прашање само економското присуство и тука Турција е прва. Во првите три се и Обединетото Кралство и Германија.
Во однос на политичкото присуство во Северна Македонија, прва е Германија. Следуваат Полска и Унгарија.
„Германија има скок од 5 позиции, за да се појави на врвот во 2020 година. Полска прави најголем скок, 9 позиции. Обединетото кралство и Холандија се двете држави кои видливо се зајакнуваат во последно време, што мислам дека требало да го идентификуваме со периодот на последната политичка криза, прислушувањето СЈО и ангажманот на овие две држави и учеството во надминувањето на политичката криза“,
смета Стојковски.
„Од друга страна Русија е држава која својата надворешна политика ја заснова на користење и искористување на домашни кризи. И тоа го имаме видено во Македонија. Бројките кои ги најдовме, само потврдуваат за она што зборуваме многу време, а тоа е дека кога имаме криза во државата, кога државата е на несигурен пат кон НАТО пред неколку години и ЕУ сега, Русија го користи тоа да го зголеми своето присуство“, вели Јордановска.