Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИТАЛИЈА ПРЕДЛАГА МИГРАНТСКИ ЦЕНТРИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ

August 7, 2026 Filed Under: Македонија

Премиерката на Италија Џорџа Мелони го предлага моделот на Албанија – прашањето на давање на азил да се решaва вон границите на Унијата

МИГРАНТИ Дали развиените земји сакаат да гио пренесат кон своите најслаби соседи кои и самите черкаат на влез во Унијата?

БИЛЈАНА ЈОРДАНОВСКА

Италија ќе предложи воспоставување мигрантски центри во трети земји по примерот на договорот со Албанија, со цел барањата за азил да се обработуваат надвор од територијата на Европската Унија. Иницијативата, која добива поддршка од дел од земјите-членки, истовремено отвора нови политички и правни дебати за иднината на европската миграциска политика.

АЛБАНСКИОТ МОДЕЛ КАКО ОСНОВА Италијанската влада, предводена од премиерката Џорџа Мелони, на претстојниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе претстави предлог за отворање центри за обработка на барањата за азил во земји надвор од Унијата.

Планот се темели на договорот меѓу Италија и Албанија, според кој мигранти пресретнати на море можат да бидат префрлени во центарот во Ѓадер, каде ќе се разгледуваат нивните барања пред евентуален влез во ЕУ.

Според италијанската влада, ваквиот модел треба да придонесе за намалување на нерегуларната миграција, побрза обработка на азилните постапки и поефикасно враќање на лицата кои немаат право на меѓународна заштита.

ПОТЕНЦИЈАЛНИ ЗЕМЈИ-ДОМАЌИНИ Како можни локации за новите центри се разгледуваат повеќе африкански, азиски и соседни европски држави. Во неофицијалните списоци, меѓу другите земји, се споменуваат Уганда, Руанда, Гана, Сенегал, Тунис, Либија, Мавританија, Египет, Етиопија, Узбекистан, Ерменија и Црна Гора.

Според италијанските најави, проектот би можел да се финансира со средства од буџетот на Европската Унија, а интерес за учество веќе покажале Германија, Австрија и Холандија.

Рим исто така предлага трговските поволности што ЕУ им ги одобрува на земјите во развој да бидат поврзани со нивната подготвеност да ги прифаќаат сопствените државјани кои Нелегално престојуваат во Европа.

ПОДЕЛЕНИ СТАВОВИ ВО ЕУ Предлогот повторно ги отвори поделбите меѓу земјите-членки околу управувањето со миграцијата. Италија и Данска бараат поефикасно спроведување на новиот Пакт за миграција и азил, со акцент на побрзи процедури за враќање и поголема контрола на надворешните граници.

Од друга страна, организации за човекови права и правни експерти предупредуваат дека префрлањето на азиланите постапки во трети земји може да отвори прашања за усогласеноста со меѓународното право, Женевската конвенција и европските стандарди за заштита на бегалците.

Политичките разлики се видливи и меѓу самите земји-членки. Додека владата на Џорџа Мелони инсистира на построг пристап кон миграцијата, Шпанија и дел од другите членки се залагаат за политики што ставаат поголем акцент на хуманитарната заштита и солидарноста.

(civilmedia.mk – легендата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

ПРЕПУКУВАЊА И СЛАБА ИЗЛЕЗНОСТ ЗА ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА
AMBITUS PRAECOX
ИЛИНДЕН 2026: ТАШМАРУНИШТЕ И ДЕМОКРАТСКИОТ КАПАЦИТЕТ НА МИЦКОВСКИ
ЕКОНОМИЈА: ПОЛОШО ОД СРБИЈА СТОЈАТ САМО НИВНИТЕ ТРИ СОСЕДИ
СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО: ЕВРОПА ОВА НЕ ГО ВИДЕЛА 27 ГОДИНИ

Најново

  • ПРЕПУКУВАЊА И СЛАБА ИЗЛЕЗНОСТ ЗА ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА
  • AMBITUS PRAECOX
  • ИЛИНДЕН 2026: ТАШМАРУНИШТЕ И ДЕМОКРАТСКИОТ КАПАЦИТЕТ НА МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet