Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ИФИМЕС: „РЕКЕТ“ Е ПОСЛЕДИЦА НА ПЛАНИРАНА И КООРДИНИРАНА РАЗУЗНАВАЧКА АКЦИЈА

September 16, 2019 Filed Under: Македонија

Акцијата е производ на дејствување на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата, смета љубљанскиот институт

ВЛИЈАНИЕ Груевски се уште има свои кадри во сите безбедносно – правосудни структури – интервју со уредничка на Сител

Aктуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатна, планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата, пишува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, Словенија, во опширната анализа за политичката ситуација на Косово – Албанија – Северна Македонија 2019 година.

Во анализата ИФИМЕС потсетува дека Република Северна Македонија го потпиша протоколот на НАТО членство на 6 февруари 2019 година, дека во тек е ратификацијата на протоколот во државите членки на НАТО и се очекува полноправното членство на Северна Македонија да се потврди на НАТО самитот во Лондон во декември годинава.

– Нападите врз Северна Македонија, односно обидите за дискредитирање на власта и институциите на државата ќе продолжат. Искуствата покажуваат, дека нешто слично се случуваше и во Црна Гора, се до моментот на нејзино полноправно членство во НАТО. Меѓународната разузнавачка операција „Рекет“ долго е подготвувана и вешто осмислена надвор од Северна Македонија. Внимателно се избрани/договорени актери за одредени улоги. Во Северна Македонија не постоеше соодветна контраразузнавачка заштита на премиерот Зоран Заев (СДСМ) и другите високи функционери во државата. Поради тоа е потребно забрзано спроведување на реформи на безбедносно-разузнавачкиот и одбранбен сектор, бидејќи, се уште во тој сектор доминираат кадри на поранешниот премиер Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), односно екс шефот на македонската тајна служба Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ). На клучни позиции во македонската војска се уште се наоѓаат кадри од претходниот режим. Проверувањето (ветингот) кое започна во рамки на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е прв чекор кон целосно професионализирање на безбедносните структури. Во меѓународната разузнавачка операција „Рекет“ насочена против Република Северна Македонија и нејзиното водство учествуваат освен разузнавачи, политичари, поединци од државни институции, новинари, естрада, бизнисмени, професори, медиуми и голем број поединци, кои се (не)свесно вовлечени во оваа разузнавачка операција. Цел на разузнавачката операција „Рекет“ е дискредитирање, криминализација, елиминација и последователно уривање на Зоран Заев и неговата Влада, предизвикување хаос и преземање на власта со или без одржување на предвремени избори, се наведува во анализата на ИФИМЕС.

ИФИМЕС Инстиутот е специјализирн за безбедносни анализи на Балканот и Блискиот Исток

Според аналитичарите, се вели во анализата на ИФИМЕС, актуелните случувања во Северна Македонија се последица на сеопфатна, планирана, координирана, темелна и вешто подготвена разузнавачка акција на надворешни и внатрешни фактори со цел запирање на евроатланскиот пат на земјата.

– Благодарение на навремена реакција и напорите на безбедносно-разузнавачкиот сектор, сепак е спречен распад на земјата, кој бил подготвен за реализација. Според проценките, режимот на Никола Груевски неказнето изнел од Северна Македонија над пет милијарди евра, а за операцијата за уривање на власта се издвоени 50 милиони евра, се вели во анализата на ИФИМЕС.

Затоа, продолжува анализата, од исклучителна важност е да се забрза евроатлантскиот пат на Северна Македонија и да се помогне државата заедно со полноправното членство во НАТО да добие и датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври 2019 година.

– Според искуството од Црна Гора нападите на Република Северна Македонија, особено врз премиерот на државата Зоран Заев, но и врз клучните државни институции (како правосудниот систем) ќе продолжат со зголемен интензитет, бидејќи со шок-доктрина се прават обиди да се дестабилизира земјата, да се создаде хаос и оневозможи нејзино членство во НАТО, и по нелегален пат да се преземат институциите, односно да се дојде на власт. Затоа е особено важно за македонските власти што е можно побрз да се постигне договор меѓу главните политички актери и да се донесе законот за Специјалното јавно обвинителство, бидејќи со тоа ќе се потврди определеноста за борба против криминалот и корупцијата и воспоставување на владеење на правото, се наведува во анализата на ИФИМЕС.

ОБИД ЗА ПУЧ Обидот за пуч во Подгорица се повторува во Скопје со операцијата „Рекет“

Според аналитичарите, затоа е важно во Северна Македонија да се формираат и развијат силни државни институции, а не поединци да бидат синоним за институции, на што предупредува и ЕУ.

–  Посебно е важно, со воспоставување на владеење на правото во државата повеќе да нема недопирливи поединци и правни лица. Затоа во Северна Македонија ќе биде неопходно спроведување на полициско-правосудна акција „Сабја“ по примерот на Србија од 2003 година, а тоа значи да се направи пресек и целосна пресметка со криминалот и корупцијата. Секое друго парцијално решение дополнително ќе ги усложни односите во Северна Македонија, која во изминатите две години земја-случај стана земја-надеж за останатите за останатите земји од регионот, се вели во анализата на ИФИМЕС.

Во воведот на анализата ИФИМЕС пишува дека конфронтацијата на светските сили и важни регионални играчи се уште има силни последици во регионот на Западен Балкан, каде се уште важи системот на „поврзани садови“, односно нестабилноста, како и стабилноста, во еден брзо се пренесува во другите делови на регионот.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet