Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

И БИСЛИМОВСКИ НА ЛИСТАТА НА НАПАДНАТИ ФУНКЦИОНЕРИ

February 3, 2026 Filed Under: Македонија

Бислимоски ќе се гони зашто му дозволил на криминалецот наречен Ѓаволот да продава нафта

БИСЛИМОВСКИ И ЃАВОЛОТ Финансиската полиција го поврзува контраверзниот бизнисмен со првиот човек на РКЕ

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски се сомничи дека дозволил компанијата „Тритерол петрол ДООЕЛ“ Скопје која е во сопственост на контроверзниот бизнисмен Љупчо Пецов – Ѓаволот да продава нафта односно да добива тендери. Според кривичната пријава што му ја поднесе Финансиската полиција, Бислимоски наместо да ѝ ја одземе лиценцата на 15 јануари, му била одземена дури по 15 месеци.

Инаку, дека Бислимоски може да биде следна цел, пред се заради позицијата на која оваа власт е особено чувствителна  – енергетиката, и во минатото и секако во сегашноста, покажа споменувањето на неговото име во еден недозволив контекст а тоа е дека неговиот брат влегол во раководството на СДСМ?! А за што е сега обвинет?

– Иако бил должен да почне постапка за одземање лиценца за вршење енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со „евродизел БС“ (Д-Е V), биодизел, „евросупер БС 95“, екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.1.2024 година, таа е одземена дури на 14.4.2025 година- се вели во соопштението.

За овие 15 месеци компанијата направила промет од 3 милиони евра и незаконски зела речиси 500 илјади евра.

Пецов од неодамна, по две години бегство е во куќен притвор откако сам се предаде, но и откако во притвор заврши неговиот адвокат Фехми Стафа за земање поткуп кој ветувал дека ќе заврши кај судија во Апелација. Откако падна Стафа, падна и судијата од Апелација, Ѓоко Ристов кој не беше фатен како зема пари од адвокатот, но во домот на неговите родители беа најдени 350 илјади евра заѕидани позади кујнска плочка.

Пецов Ѓаволот е еден од осомничените за финансиски криминал во случајот „Синџир“ заедно со бизнисменот Стојан Чифлигароски од Битола и се товарат дека биле организатори на групата, но за нив немаше обвинение, бидејќи се во бегство. Во случајот „Синџир“, пак, се товари дека неговата фирма „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ издавала фактури за фиктивни услуги и со тоа го намалил ДДВ-то што требало да го плати.

Иако беше во бегство, неговата фирма редовно добиваше тендери за набавка на нафта и нафтени деривати, а тоа се гледа и од јавно достапните податоци на Електронскиот систем за јавни набавки.

Пецов и неговото семејство претходно беа осудени и во случајот „Керозин“ од пред десет години бидејќи нивната фирма „Алма комерц“ точела помалку нафта отколку предвиденото со тендерите кои оваа фирма ги добивала.

Судот пресуди дека тие, како сопственици на фирмата „Алма комерц“, биле организатори на групата. Меѓу останатите осудени се и сопственици на фирми со кои соработувале, потоа возачи на цистерни, но и вработени во оштетените институции. Се проценува дека фирмата успеала да заштеди три илјади тони гориво, а со тоа да o[штети буџетот за 2,5 милиони евра.

Инаку во лицето наречено Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница, тои воедно поранешно истражување на новинарката Фросина Факова Серафиновиќ од Слободен печат. Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, стои во текстот, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство, се шета низ Македонија додека Министерството за внатрешни работи официјално го бара во други држави со распишана меѓународна потерница, дознава „Слободен печат“.

Неофицијални информации на мдумите покажале дека Пецов – Ѓаволот е во Македонија и тоа слободен, а ја потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Неговиот адвокат Фехми Стафа до Кривичниот суд минатата недела поднел барање да му биде заменет притворот со куќен притвор, наводно во негово отсуство, за што понудил гаранција и документација од официјални државни институции.

Кривичниот суд побарал од Обвинителството да достави мислење по предлогот на одбраната, но Обвинителството од документите сфатило дека Пецов бил во Македонија. За тоа од Обвинителството обезбедиле и видео на кое се гледа Ѓаволот.

– Веднаш по добивањето на поднесокот од судот, јавниот обвинител ја извести Единицата за потраги и издаде Наредба за негово пронаоѓање, како и постапка за барање податоци со која истражители од Управата за финансиска полиција обезбедија материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, со кои се потврди присутноста на осомничениот. Обезбедените докази се доставени и до ОЈО Скопје заради утврдување на елементи на кривични дела од нивна надлежност.

Во исто време, имајќи предвид дека лицето е во бегство, дека влегло на нелегален премин, што ја потврдува веројатноста дека кога сака може повторно да излезе од државата, како и фактот дека не се променети и другите околности врз основа на кои предложило притвор, Обвинителството до Основниот кривичен суд достави негативно мислење по однос на првиот предлог – велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за „Слободен печат“.

Потоа Кривичниот суд до Обвинителството доставил нов предлог од одбраната во кој имало документи од универзитетски клиники, односно Ѓаволот и оваа седмица бил и по болници во Скопје.

– Во текот на вчерашниот ден од страна на Основниот кривичен суд Скопје е доставен нов предлог од одбраната во кој меѓу другото се содржани документи од универзитетски клиники од кои може да се утврди дека лицето било присутно и оваа седмица низ Скопје. Веднаш по добивање на новото барање, на мислење од судот, јавниот обвинител ја извести Единицата за потраги и со писмен поднесок побара да се постапи веднаш по претходно издадената наредба за негово пронаоѓање – додава Обвинителството.

„Слободен печат“ побарал информација и од Министерството за внатрешни работи за тоа дали лицето е лоцирано и уапсено, но оттаму им рекле дека се бара.

– Министерството за внатрешни работи е во постојана комуникација со надлежните служби од државите во кои според оперативните информации лицето би можело да биде лоцирано. Во случај на пронаоѓање, ќе следат сите неопходни мерки и активности, со цел негово враќање во државата – рекле од МВР за „Слободен печат“.

Пецов Ѓаволот е еден од осомничените за финансиски криминал во случајот „Синџир“ заедно со бизнисменот Стојан Чифлигароски од Битола и се товарат дека биле организатори на групата. Во случајот Синџир, пак, се товари дека неговата фирма „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ испоставувала фактури за фиктивни услуги и со тоа го намалил ДДВ-то што требало да го плати.

Пецов и неговото семејство претходно беа осудени и во случајот „Керозин“ од пред десет години, бидејќи, нивната фирма „Алма комерц“ точела помалку нафта отколку предвиденото со тендерите кои оваа фирма ги добивала. Судот пресуди дека тие, како сопственици на фирмата „Алма комерц“,  биле организатори на групата. Меѓу останатите осудени се и сопственици на фирми со кои соработувале, потоа возачи на цистерни, но и вработени во оштетените институции. Се проценува дека фирмата успеала да заштеди три илјади тони гориво, а со тоа да го оштети Буџетот за речиси два и пол милиони евра.

Filed Under: Македонија

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet