ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Ферман-чаршафот на Груевски покажува дека зборовите на Цаноски денес а и судењето го вознемируваат. Тоа е добро. Добро е кога вистината како шило врти и полека излегува на површина
Се огласи садистот од Будимпешта. Го погодиле зборовите на Цаноски денес, па напишал ферман лаги и глупости со кои сака да го оправда неговото садистичко смеење и„течењето низ панталон“,„Тони и Коце ќе го јадат“ и сите убавини што „му текнуваа“, а кои ги слушнавме во бомбите за случајот „Космос“.
Младичот би сакал да му порача на садистот нешто околу ферманот лаги: Цаноски не „дошол во ситуација“ сега да бара 40 милиони оштета која ќе треба да ја платиме ние. Стразбур не суди по сваровски принципи. Штетата ќе ја платиме ние, поради твојот садизам и желба да се одмаздуваш на оние што не мислат како тебе.
Но, ферман-чаршафот покажува дека зборовите на Цаноски денес а и судењето те вознемируваат. Тоа е добро. Добро е кога вистината како шило врти и полека излегува на површина, а на еден садист му тече низ пантaлони, макар во Будимпешта, зар не?