ВМРО на Каракачанов се финансирала од парите на Македонците дадени за брзо добивање за бугарски државјанства. Апсења и истраги во Софија околу нам познатите бугарски пасоши
Бугарските обвинители минатата недела соопштија дека поднеле обвинение против висок државен функционер, како дел од истрагата за фалсификување документи, за кои тврдат дека им овозможуваат на странците да добијат бугарски пасоши и слободно да патуваат во Европската Унија.
Како што пренесуваат медиумите, Бугарија постигна мал напредок во борбата против корупцијата откако влезе во ЕУ во 2007 година и е под притисок на Европска Комисија да ги зајакне агенциите за спроведување на законот и кривично да ги гони и да ги осуди корумпираните функционери.
Подоцна се дозна дека властите во минатиот понеделник го уапсијле Петар Харалампиев, шеф на државната Агенција за Бугарите што живеат во странство, под сомневање за земање мито и водење организирана криминална група. Адвокатот на Харалампиев рече дека тој ги негира обвиненијата.
Дваесетина лица, исто така, беа уапсени во истрагата, вклучувајќи го и генералниот секретар на Агенцијата, кој се соочува со обвинение за примање мито и незаконско користење на политичка моќ.
Обвинителите тврдат дека апликантите претежно се од Западен Балкан, од Молдавија и од Украина и дека плаќале до 8.000 евра за фалсификувани сертификати кои покажуваат дека имаат бугарско потекло.
Исто така, додаваат дека се плаќало и мито за да се забрза процесот.
Со тие документи апликантите може да се пријават за добивање бугарски пасош со кој имаат право слободно да патуваат и работат во 28 земји членки на Европската унија.
Бугарските медиуми објавија дека постои значајно бугарско малцинство во Македонија, Србија, Молдавија и Украина. Во рамките на ова обвинение бугарскит емедими пишуваат дека Агенцијата идала 180 илјади пасоши и дека најголем дел од нив добиле Македонци!
Обвинителите тврдат дека не постојат индиции дека такви документи се издадени на странци од Африка, Средниот Исток и Азија. Тие соопштија дека ваквата корумпирана пракса датира од јуни 2017 година, еден месец откако Харалампиев ја презеде агенцијата.
Харалампиев на функција стапил во мај 2017. година, а претходно бил заменски областен управител на областа Софија. Тој бил и извршен директор и член на управниот одбор на фондацијата „Блгари“. Харалампиев е лидер на националното движење „БГ Патриот“, кое е дел од „Обединети патриоти“, коалиционен партнер во Владата.
Обвинението на врховното јавно обвинителство на Бугарија уште од 2014. година покажува дека Државната агенција за Бугарите издала илјадници уверенија за бугарско државјанство на Албанци, Косовари и Македонци, без реални докази за потеклото.
Харалампиев и беше познат на македонската јавност откако пред четири години на прославата во чест на Мара Бунева во Скопје, се закануваше на македонски новинари дека ќе ги „натепал.“
Многу посложен е случајот заради момент на сознание дека потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов и неговата партија ВМРО, се во центарот на скандалот, кој избувна со апсењето на организирана група за издавање лажни уверенија за бугарско потекло.
Пратеникот Велизар Енчев, посочи дека сите кадри кои посредувале и барале мито за издавање на документи за наводно бугарско потекло на Македонци кои бараат бугарски пасоши, се од партијата на Каракачанов.
Според Енчев, ВМРО на Каракачанов се финансира од овие пари, земени како мито за обезбедување бугарски документи.
Сѐ погласни се барањата за одговорност и оставка на Каракачанов.
Но, тој утрината во емисија на БТВ, ги отфрли обвинувањата и го обвини и водителот дека е во договор со тие што го напаѓаат и дека не му дава простор да се искаже.
Агенцијата за Бугари во странство од вчера е затворена, а нејзиниот директор Харалампиев е во полицска стамница, Молдавци и Украинци, кои ,,ќе докажат“, дека имаат бугарско потекло.
Четири лица се уапсени на југот од Србија под сомнение, за примање мито и поткуп, поттикнување и фалсификување документи за добивање на бугарски пасоши. Уапсени се од Пирот, Димитроврад и Ќуприја, еден од нив е лекар, а еден е вработен за јавната администрација.
Според српската полиција двајца од осомничените го плаќале лекарот да издава уверенија без да ги прегледа пациентите, а потоа службеник од матичното одделение во Пирот бил платен да ги смени податоците на истите лица во матичната книга на родени, и да впише дека имаат бугарско потекло.
Потоа лажиранта документација била предавана на државните органи во Бугарија за добивање на бугарски пасош.
Акцијата во Србија следи откако во Бугарија беа уапсени државни службеници под сомнение дека се дел од организирана група за издавање лажни бугарски пасоши на лица од Молдавија, Украина, Македонија и Албанија. Аферата ги допре и високите структури во бугарската Влада откако во јавноста се спомна вмешаност на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов. Тој изјави дека ако се докаже неговата вина, самиот ќе се застрелал среде главниот град со пиштол „за кој имал дозвола“!?