Францускиот документарен филм „На Адамант“ во режија на Николас Филибер е прогласен за најдобар филм на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин. Пробивот кој го направи нашиот „Медена земја“ со исфрлање на целовечерна документарна продукција во преден план, продолжува и понатаму
„На Адамант“, е документарец за пловечки дневен центар на Сена во Париз за луѓе со психијатриски проблеми. „Тоа што документарниот филм се наградува и слави длабоко ме трогна“, рече авторот Филибер откако седумчленото жири на чело со американската актерка, сценарист и режисерка Кристен Стјуарт му ја додели престижната награда, пренесува АП.
Режисерот изјавил дека во филмот се обидел да ја „преврти сликата“ која луѓето ја имаат за луѓето со ментални болести и да им овозможи на гледачите да видат „што не обединува над сите наши разлики“.
„Како што сите знаеме, најлудите луѓе не се онакви какви што мислиме дека се“, додаде Филиберт. АП потсетува дека 73. Берлинале започна со обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој побара од уметниците и филмаџиите недвосмислено да ја изразат својата поддршка за неговата земја во обид да се одбрани од руската инвазија.
Зеленски, поранешен комичар и актер, беше прикажан во филмот на Шон Пен „Супермоќ“, за војната во Украина, кој ја имаше својата светска премиера во Берлин.
На Берлинале привлече внимание филмот „Источен фронт“ каде првите кадри се снимени во Киев на 24 август 2022 година, Ден на независноста на Украина. Изгорена цистерна на напуштена улица. Еден глас ни кажува: „Ова е централната оска на главниот град на Украина. Ова е руска воена опрема. Ова сè уште не е победа“. Помина половина година откако целиот свет стана свесен за рускиот напад. Тој напад всушност започна во 2014 година, но многумина не го доживуваа како таков во тоа време. Тоа го објаснува и гласот во коментарот што му припаѓа на Виталиј Мански. Другиот режисер, Јевхен Титаренко, доловува слики на инсајдерски кои откриваат што точно значи (оваа) војна. Актерите се дел од доброволниот медицински баталјон „Хоспиталери“ уште од 2014 година и сега е на целосна должност. Тој и неговата осумчлена бригада наидуваат на крави кои тонат во кал, кучиња кои дивееле и луѓе во непосредна близина на смртта. Преминот од сцени на фронтот на исток кон дома заминување со семејството на запад, каде што се поставуваат прашања и се одржуваат разговори (и каде мажите ја депонираат својата сперма за потомството!), прават дежурните сцени да изгледаат речиси како спомени.
На моменти вознемирувачки суров и директен, но секогаш просветлен, овој филм одблиску покажува како една нација се бори за својот опстанок.
Берлинале се смета за најполитички од сите големи филмски фестивали, овогодинешното Берлинале имаше за цел да ја изрази својата солидарност со народот на Украина и Иран кои се борат против инвазијата и за нивните човекови права. Низа специјални настани и проекции беа посветени на двете земји.
Да споменеме дека преку Џафар Панахи, Асгар Фархади и Мохамад Расулоф кои се најдоа меѓу добитниците на Златна мечка, Берлинале отсекогаш бил силен поддржувач на иранските филмаџии.
Специјалната програма за 2023 година посветена на Иран вклучуваше панел-дискусија која ќе ја истражува улогата на киното и уметноста во протестите „Жена, живот, слобода“ во земјата.
Нашите северни соседи имаа причина да се радуваат – Сребрената мечка за најдобро сценарио е доделена на малцинска српска копродукција – играниот филм „Музика“ на германската режисерка Ангела Шанелек,. Филмскиот центар на Србија го поддржа создавањето на тоа остварување. А претходниот филм на авторот, „Бев дома, но…“ (2019 година, исто така произведен со поддршка на ФЦС) имаше светска премиера во натпреварувачката програма на Берлинале, каде Шанелек се закити со наградата Сребрена мечка за Најдобар режисер, проследено со долга серија награди на филмски фестивали ширум светот.
„Напуштен при раѓање во грчките планини во бурна ноќ, Џон беше земен и посвоен без да го познава таткото или мајката. Како млад, тој се запознава со Иро, управителот на затворот каде што е затворен по фатална трагична несреќа. Се чини дека таа го бара неговото присуство, се грижи за него, снима музика за него. Џон почнува да го губи видот… Оттогаш, за секоја претрпена загуба, ќе добие нешто за возврат. Така, и покрај тоа што е заслепен, тој ќе го живее својот живот поцелосно од кога било“, се вели во синопсисот на филмот.
Шанелек го напиша сценариото, го монтираше и режираше филмот. Директор на фотографија, како и во нејзиниот претходен филм, беше Иван Марковиќ, за звук Рајнер Герлах, за костимите Анерт Гитер, а за сценографијата Инго Клиер. Улоги: Алиоха Шнајдер, Агате Боницер, Мариша Триантафилиду, Аргирис Ксафс, Фрида Тарана, Нинел Скрзипчик, Миријам Јакоб, Волфганг Мајкл, Фин-Хенри Рејелс.
Сребрената мечка – главната награда на жирито – ја доби германскиот режисер Кристијан Пеколд за филмот „Црвено небо“, а наградата за најдобро актерско остварување и е доделена на шпанската актерка Софија Отеро за улогата на момче во филмот „20.000 видови пчели“.
Наградата за најдобар режисер му припадна на францускиот автор Филип Гарел за филмот „Le grand chariot“, дело кое го претставува уметничкиот тестамент на режисерот, бидејќи се појавуваат неговите деца, меѓу кои најпознат е неговиот син Луј, исто така режисер и актер.
Прифаќајќи ја наградата, Филип Гарел рече: „Да живее иранската револуција“, алудирајќи на протестите во Иран.
Гарел му ја посвети наградата на големиот режисер на Новиот бран, Жан-Лук Годар.
Наградата за извонредно уметничко достигнување ја доби филмот „Диско момче“ на италијанскиот режисер Џакомо Абручезе, во кој главната улога ја толкува хрватскиот актер Леон Лучев.
На овогодинешното Берлинале Златната мечка за животно дело му припадна на американскиот режисер Стивен Спилберг.
Прикажани се 287 филмови од 67 земји. За една од главните награди се натпреваруваа 19 филмови прикажани во натпреварувачката програма
Овогодинешното 73-то Берлинале се одржа без пандемични ограничувања за прв пат по две години.
Филмски фестивал блеска и благодарение на своите ѕвезди на црвениот тепих.
На гала премиерата на 16 февруари беа присутни актерите Ен Хатавеј, Питер Динклиџ и Мариса Томеи, кои заедно глумат во филмот за отворање на фестивалот, „Таа дојде кај мене“ на Ребека Милер.
Хелен Мирен беше во Берлин и за светската премиера на „Голда“ на Гај Натив, биографски филм за поранешната израелска премиерка Голда Меир, сместена во време на војната за време на празникот Јом Кипур во 1973 година.
Кејт Бланшет и различни членови на екипата на „Катран“ на Тод Филд беа во градот додека филмот се прикажува за време на фестивалот. Тие, исто така, ќе одржат говор за генезата на нивната наградувана музичка-драма, која беше снимена во Берлин и ја портретира замислената слената жена главен диригент на Берлинската филхармонија.
Актерските легенди Џералдин Чаплин и Џон Малкович, кои заедно глумат во „Сенека – за создавањето на земјотресите“ на германскиот режисер Роберт Швентке, исто така разговараа за нивната работа како дел од Берлинале Таленти – програмата за развој и вмрежување на фестивалот за новите филмски работници . Како ѕвезда на „Inside“, психо-трилер во режија на Василис Кацупис, на црвениот тепих се очекуваше и Вилем Дефо. Премиерите на документарни филмови привлекуваат и голем број истакнати имиња. Актерот и режисер Шон Пен беше присутен за да ја прослави премиерата на „Super power“, додека пејачот на U2 Боно беше меѓу гостите на фестивалот за „Kiss the Future“, кој ја прикажува кампањата за подигање на свеста на бендот за време на опсадата на Сараево во 1990-тите. .
Како дело кое веројатно најбргу ќе дојде на Балканот е сигурен австралискиот „Опстанокот на добрината“ драма од 2022 година, напишан, продуциран и режиран од Ролф де Хер. Алегорија за расизам, филмот ја следи домородна црна жена (Мваземи Хусеин), која е напуштена во кафез на приколка среде пустина. Нејзиното бегство води до град, повторно привикување и трагедија. Светската премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Аделаида на 23 октомври 2022 година] Главната улога ја игра натуршчик – жена која има сопруг и шест деца и која од Конго е дојдена на седмиот континент по голема Голгота.
(Љ.К.)