Зејавата ќе биде творена во однос на сето она со што ја подржува во нејзината одвбрана на суверенитетот Украина ќе биде отворена – вели министерката за одбрана
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германската новинска агенција ДПА, изјави дека снабдувањето со оружје и победата на Украина е најкраткиот пат до мирот.
„Можеби звучи парадоксално, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мирот“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германската новинска агенција ДПА, споделено од каналот на Врховната Рада на Украина на Телеграм
„Снабдувањето со оружје и победата на Украина е најкраткиот пат до мирот! Целосно се согласувам со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг“, изјави заменик-претседателката на Врховната Рада на Украина, Олена Кондратиук.
Столтенберг потсети дека сојузниците на НАТО претходно ѝ обезбедија на Украина системи за оружје со долг дострел, како што се ракетните системи ХИМАРС, артилерија со долг дострел и беспилотни летала. Тој ги повика сојузниците да направат повеќе.
„Се разбира, ги повикувам сојузниците да направат повеќе. Во нашите безбедносни интереси е да ја обезбедиме победата на Украина и да ја спречиме победата на Путин“, истакна генералниот секретар на НАТО.
Северна Македонија засега нема донесено нова одлука да испрати воена помош за Украина, иако неодамна во рамки на Министерскиот состанок на министри за одбрана што се одржал во Брисел до земјите била доставена листа на потребна опрема. Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека во консултации со ГШ на Армијата ако има можност да се излезе во пресрет на дел од потребите тоа ќе биде направено, а јавноста ќе биде информирана.
– Минатата недела се одржа Министерски состанок на министри за одбрана во Брисел. Меѓу дугото, имаше и сесија посветена на Украина, како центар на случувањата во овој подолг временски период. Беше поделена поголема листа на опрема која и е неопходна, а која заради сензитивноста е класифицирана. Во консултација со ГШ на АРМ доколку има простор и можност да се одговори позитивно на дел од тие побарувања, апсолутно ќе биде предложена до Владата повторно таква одлука, а за тоа ќе бидат известени медиумите и јавноста. Сега засега ја согледуваме нивната листа на побарувања, рече министерката во одговор на новинарско прашање.
Буџетот на Министерството за одбрана за наредната година е рефлексија на стратешките планови за развој на безбедноста и исполнување на обврските, рече министерката Славјанка Петровска во гостувањето во „Топ тема“. За следната година тој изнесува 1,85% од БДП и според неа големината на овие средства не се припишуваат на она што се случува во Украина.
Секако дека ги следиме случувањата, а исто така значајно е да ги испониме преземените обврски од 2% од БДП за одбраната. Во тие долгорочни планови процентот за наредната година беше малку повисок, но ни беше значајно сите обврски да бидат покриени. Не инсистирам на уште поголем процент, зашто имаме разбирање дека треба да се финансираат и други нешта, како поддршка на компаниите и ранливите категории на граѓани, рече Петровска.
Коментирајќи ја помошта за Украина, таа рече дека поради безбедносен ризик не се откриени деталите.
Немавме намера да криеме што донираме уште од првата одлука, иако таа одлука беше донесена на затворена седница на Влада, каде што јас кажав дека треба да и соопштиме на јавноста дека донесовме одлука за воена помош за Украина. Добро е што политичката поддршка е недвосмислена и важно е што имаше поддршка Украина да си ја одбрани својата територија. Нашата цел е одвраќање на напад и одбрана на својата територија, но како Алијанса имаме обврска да си ја штитиме нашата територија. Политиките и одлуките што последниот период се носат во НАТО се во таа насока и затоа распоредуваме сили во источното крило, затоа имаме два вода во Бугарија и Романија, кажа Петровска.
Министерката додаде дека опремата што е дадена во Украина не ја нарушува борбената готовност на земјава. Таа опрема ни ја побарала украинската страна и е тип на опрема со која нивните сили се научени да ракуваат.