ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ
Но и дека за 71 отсто од граѓаните на Свермна Македонија обете се цел
Што значи и дека барем половината членови на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со својата партија. Затоа официјално Скопје мора да тврди дека, парафразирано, „со кандидатскиот статус – како да сме во ЕУ“.
Интервјуто на вицепремиерот Николовски беше „одлична“ илустрација колку Владата на Северна Македонија (има обврска да) ни го саботира полноправното ЕУ-членство низ пасив-агресивна одбивност кон него и понудата за утеха дека „грозјето е кисело“.
Слободата на непречено движење и престој во ЕУ произлегува од државјанството на ЕУ-членка. Шенген-зоната е простор контролиран од националните власти согласно правила и стандарди за контрола на границите што важат во „Шенгенот“ – сега целата ЕУ.
Доколку една земја ги исполнува стандардите на контрола на границите, евиденција на патниците и се справува со (транзит на) нелегална миграција – земјата може да биде дел од Шенген-зоната. Така, Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд се во „Шенген” иако не се во ЕУ.
Некогаш има временска разлика меѓу влезот на една земја во ЕУ и во Шенген. Тоа последно се примерите на Хрватска, Бугарија и Романија. Хрватска прво влезе во ЕУ, а во „Шенген“ откако го интегрираше системот на гранично управување. За тоа време ставаше печати на пасошите само на патниците кои не се од ЕУ, а нејзините граѓани влегуваа во ЕУ преку Италија, Словенија и Унгарија без печат и престојуваа со права и обврски како секој ЕУ граѓанин. До лани тоа беше случај со Бугарија и Романија.
Од влезот во „Шенген“ на граничните премини на Хрватска, Бугарија и Романија со ЕУ-соседите „рампите се дигнати“, а мобилни патроли „ловат“ царински и сообраќајни прекршители, (шверцери на) мигранти и сл. без запирање на легалниот проток на ЕУ патници и стоки. Границите меѓу сите нив се само на политичките карти.
Затоа во интервјуто Николовски мораше да дефокусира со хипотетичко разочарување на црногорските граѓани доколку Црна Гора не стане дел од ЕУ во 2028.
Бидејќи не смееше да каже за проценката дека ако Подгорица продолжи со ова темпо на затворање преговарачки поглавја, Црна Гора може да стане полноправна членка на ЕУ веќе кон крајот на следната 2027 година. А Северна Македонија е кандидат уште пред Црна Гора воошто и да биде независна.
И, за крај на небулозите на Владата, ВМРО-ДПМНЕ и јуан/рубља „евроскептиците“:
Ако вицепремиерот тврди дека Северна Македонија нема да стане членка на ЕУ и ако премиерот е убеден дека сме европски економски џин – Владата нека ги откаже кандидатскиот статус и пристапните фондови.
Како Влада на „економска велесила“ – нека им ги остави фондовите за „сиромашната ЕУ“ да се „оправи“, па да ја стигне Северна Македонија?!
А бидејќи и Николовски и Мицкоски (како и нивните претходници) знаат дека се прочитани – мора да изберат дали:
ќе ги спроведат преземените обврски за Северна Македонија да биде во ЕУ или ќе продолжат Северна Македонија да ја врзуваат на Србија како приколка на паркираното возило што го запрело својот пат кон Брисел.
Едноставно е: Северна Македонија во ЕУ пред Србија би била уште една ЕУ-граница за Србија, како онаа кон Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија…, а наскоро и Црна Гора. Што го сведува Белград на главен град на Србија, наместо „центар на Западниот Балкан“ со кој Брисел мора да се пазари под услови на проектот „српски свет“.
Интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија и по ова прашање е на различна страна од Владата. И тоа секој ден ја разградува и Владата и парламентарната “опозиција” која и е лојална на Владата.
(libertas.mk)




