Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ

January 6, 2026 Filed Under: Македонија

Собраните приходи во 2025 година потфрлиле за околу половина милијарда евра, признаат од УЈП. Истовремено речи иисто толку помалкусе потрошени, што на крајот е и логично – ако немаш, не трошиш!

СОБРАНИСКА РАСПРАВА Прашањето на кусокот во буџетот подигна доста прав во расправата на пратениците за Буџетот

Според податоците на Министерството за финансии, во 2025 година реализацијата на приходите во однос на ребалансираниот буџет за 2025 година изнесува 92,09 проценти. Односно собрани се 5,46 милиони евра, наспроти планираните безмалку 6 милијарди евра, што значи дека планот потфрлил за околу 500 милиони евра.

На расходната страна пак, реализацијата е 93,01 процент. Лани се потрошени 6,14 милијарди евра, а со ребалансот било планирано да се потрошат 6,6 милијарди евра, што значи дека и овде потфрлувањето е за речиси 500 милиони евра. Експертите постојано критикуваат дека на расходната страна потфрлувањето е поради несоодветната реализација на капиталните проекти. Се разбира, и на расходната страна помалку е потрошено околу 500 милиони евра. Експертите постојано ја критикуваат слабата реализација на капитални проекти.

Од УЈП велат дека лани од даноци и од социјални придонеси во буџетот влегле 4 милијарди и 426 милиони евра, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Но. Од УЈП во соопштението што го испратија „испуштија“ да информираат за реализацијата во однос на планот за истата година.

Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани.

„Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30 проценти“, велат од УЈП.

Оттаму информираат дека во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10 проценти, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.

Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5 проценти.

Filed Under: Македонија

И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ
РЕК БИТОЛА Е ВО ПРЕДСМРТНА АГОНИЈА
ТРАМП, МАДУРО И ПРАШАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА
ГОСПОД ЈА СОЗДАДЕ НОВАТА ЖЕНА НА ПЛАЖАТА НА СЕН ТРОПЕ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (160) ЗЕМЈАТА НА АГРЕСОРОТ Е ПОЛНА СО НЕПОКРИЕНИ ПАРИ

Најново

  • И ОФИЦИЈАЛНО: ДРЖАВАТА ЛАНИ СОБРАЛА ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ПОМАЛКУ ПРИХОДИ
  • РЕК БИТОЛА Е ВО ПРЕДСМРТНА АГОНИЈА
  • ТРАМП, МАДУРО И ПРАШАЊЕТО НА ВЛАСТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet